Производството на автомобили во Велика Британија во 2023 година се зголеми за 16,8 отсто на годишно ниво


Производството на автомобили во Велика Британија во 2023 година се зголеми за 16,8 отсто на годишно ниво на вкупно 905.117 возила, а производството на различни видови електрични возила за 48 отсто, објави Британското здружение на производители и трговци на мотори на својата веб-страница.

Авторите на извештајот забележуваат дека растот на производството е поврзан со ублажување на логистичките проблеми, лансирање на нови модели, како и значајни приватни и јавни инвестиции во производството на автомобили во износ од 27,76 милијарди евра.

Најмногу автомобили произвеле компаниите Нисан Мотор, 325.000 возила и Јагуар Ленд Ровер (ЈЛР), 238.000 возила.

Вкупно 78,9 отсто од произведените автомобили се извезени на странските пазари, пред се во Европската унија, на која отпаѓаат 60,3 отсто од британскиот извоз. Вториот најголем увозник на автомобили од Велика Британија беа САД, а во првите пет се и Кина, Турција и Јапонија.