Ивон Величковски: И со Џафери како премиер, ќе се разбудите како Македонци


Поранешниот пратеник Ивон Величковски во „Отвореното студио“ на ТВ21 говорејќи за денешното гласање на Талат Џафери за прв премиер Албанец во државата, посочи дека со тоа е направен еден исчекор. „Денеска со изборот на Џафери е направен еден исчекор во смисла на вистинско прикажување на достапноста на сите државни функции до сите граѓани на Северна Македонија“, вели […]

Франција не планира нова исплата на средства за УНРВА во првата половина на 2024 година


Франција денеска соопшти дека не планира ново финансирање на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) во првата половина на 2024 година, повикувајќи се на „исклучително сериозни“ наводи од петокот дека персоналот на агенцијата бил вклучен во напад на Хамас врз Израел. „Франција не планира нова исплата на агенцијата за првата половина на 2024 година […]

Демонстрации во Мадрид против законот за амнестија на каталонските сепаратисти


Десетици илјади Шпанци се собраа денеска во центарот на Мадрид за да протестираат против законот за амнестија на каталонските сепаратисти на кои им беше судено за неуспешниот обид за отцепување во 2017 година. Околу 45.000 луѓе се собраа на демонстрациите што ги повика десничарската Народна партија, според полициски податоци. Идниот закон за амнестија ќе биде […]

Избрани дополнителните заменици министри во техничката Влада


Собранието попладнево во рамки на 142. седница ги избра замениците министри и дополнителните заменици министри во техничката Влада.  Со тоа е комплетиран составот на техничката Влада на чело со Талат Џафери која ќе функционира сѐ до објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за изборите за пратеници закажани за 8 мај и до изборот […]

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ да престане со игранките, државата е заедничка


Владата на СДСМ уште еднаш покажа како одговорно, државнички и демократски се води државата напиша вицепремиерот Фатмир Битиќи по изборот на техничката влада. -За жал ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на дадена шанса го покажаа спротивното. Не ги гласаа ниту своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат за нив никогаш не бил […]

Француските земјоделци ќe го блокираат Париз и покрај најавените отстапки од владата


Организациите што ги претставуваат француските земјоделци се заканија дека од утре ќе го блокираат Париз на неодредено време како поддршка на нивните барања за подобри услови за работа и живот, јави ДПА. Унијата на млади фармери и организацијата која ги претставува земјоделските синдикати на локално ниво соопштија дека блокадата ќе започне во 14 часот по […]

Данела им честиташе на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Од Џафери направивте „човек за сите времиња и функции“


Нова Алтернатива иронично им честита на „најголемите македонски“ партии ДПМНЕ и СДСМ за нивниот успех од Талат Џафери да направат човек за сите времиња и за секоја позиција и функција во државата. „Најпрво ДПМНЕ во 2013 година од Џафери направија министер за одбрана, министер за кој гласаше и Антонио Милошоски кој денеска пак беше најгласен […]

Бројни честитки од Албанија за премиерот Џафери


Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, му честиташе на Талат Џафери за неговиот избор за шеф на техничката влада на Северна Македонија. -Најискрени честитки до новата техничка влада на Северна Македонија и нејзиниот премиер, Талат Џафери. И покрај временските ограничувања и овластувањата, оваа влада има предизвик и привилегија да спроведе слободни и фер избори, да ја […]

Јаник Синер испиша историја – во епски меч го освои Австралија опен


  Јаник Синер ја надмина негативата од два сета и го победи Русинот Данил Медведев со 3-6 3-6 6-4 6-4 6-3 во возбудливо финале од пет сета и ја освои титулата на Австралија опен во неделата, станувајќи првиот Италијанец кој освои грен слем од 1976 година. Извонредниот кам-бек на 22-годишниот играч го заврши специјалниот турнир […]

Заедничка фотографија на новата влада, се сокрија министрите од ВМРО-ДПМНЕ


По свечената изјава на министрите во составот на техничката влада, нејзиниот претседател Талат Џафери даде прва изјава во својство на премиер, но посочи дека нема што посебно да додаде од она што го кажал во експозето при претставување на програмата и на составот на Владата од собраниската говорница. -Можам уште еднаш да потврдам дека со […]

Левица се пофали дека само тие гласале против Џафери


Левица се пофали дека за изборот на техничката влада само тие гласале против иако тоа го најави и лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов во своето обраќање.  -На денешниот избор на техничката влада, каде македонскиот народ беше понижен со поставување на амнестиран командант на терористичка групација за премиер, само пратениците на Левица гласаа против. Денешниот […]

Ахмети: Со Охридскиот договор станавме господари во сопствената куќа


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се јави за збор на седницата за избор на техничка влада за да им реплицира на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и на Павле Трајанов од Демократскиот сојуз  – откако првиот обвини дека сме станале кираџии во сопствената држава, а Трајанов дека во Владата имало несразмерно големо присуство на албански министри, […]

Џафери избран за технички премиер со 65 гласа „за “ и три „против“, пројдоа и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ


Спикерот на Собранието Талат Џафери, како и целиот состав на предложената техничка влада, беа изгласани со 65 гласови „за“ и со три гласа „против“ на денешната седница во Собранието. На таа листа се најдоа и предлозите на опозицијата, т.е. техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ, иако тие претходно ја напуштија салата и најавија дека немаат да гласаат.На […]

Кои ќе бидат приоритетите на Џафери како технички премиер?


Целосно почитување на Уставот и законите на  Македонија, слободни, фер, демократски и конкурентни претседателски и парламентарни избори со највисоки стандарди, континуитет во спроведување на успешните Владини политики и програми , одржување на висок степен на дијалог, отвореност, отчетност и инклузивност во својата работа и комуникација со сите институции и граѓаните, како и унапредување на стратешкото […]

Џафери порача: Не е важно што Владата е техничка, одговорно ќе работам


Собранието денеска ја почна седница за избор на техничка влада на Македонија. Дневниот ред беше изгласан со 67 гласови „за“, без против и воздржан, а во салата имаше регистрирано 108 пратеници. Уште веднаш пратеникот Антонијо Милошоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, а по неговото обраќање пратениците на оваа партија ја напуштија салата.На седницата не […]

Климатски активистки фрлија супа од конзерва врз Мона Лиза


Француски климатски активисти утринава фрлија супа врз Мона Лиза, можеби најпознатата слика на Леонардо да Винчи. На снимката објавена на социјалните мрежи две активистки од групата „Riposte alimentaire“, испрскаа супа од конзерва врз стаклото што ја штити сликата. Двете жени рекоа дека акцијата има за цел да го промовира „правото на здрава и одржлива храна“, […]

БГНЕС: Вучиќ од Скопје се вклучи во антиевропската реторика


По синоќешното пристуство и обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ на Свестосавската академија во Скопје, по повод 27 јануари – Националниот ден на српската заедница во земјава, бугарската новинска агенција БГНЕС излезе со извештај и со коментар за настанот со посебен фокус на обраќањето на Вучиќ. Според бугарската агенција, српскиот претседател вчера во центарот на […]

Кој е Талат Џафери и како стигна до втората највисока позиција во државата?


Прв Албанец министер за одбрана, а сега и кандидат за прв Албанец премиер. Које Талат Џафери, политичарот што испиша историја за ДУИ и за, поради што денес во Собранието има известувачи и од соседна Албанија? Џафери важи како одличен познавач на собранискиот Деловник, човек кој не премолчува на опозицијата и влегува во жестоки дуели, човек […]

ИФЈ: Тужба против Израел доколку не се усогласи со одлуката на МСП


 Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се закани дека ќе го тужи Израел доколку не ја почитува наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во врска со нападите врз новинарите. Во писмото до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, ИФЈ посочи дека бројот на убиени новинари „е околу три пати поголем од […]