Демонстрации во Мадрид против законот за амнестија на каталонските сепаратисти


Десетици илјади Шпанци се собраа денеска во центарот на Мадрид за да протестираат против законот за амнестија на каталонските сепаратисти на кои им беше судено за неуспешниот обид за отцепување во 2017 година.

Околу 45.000 луѓе се собраа на демонстрациите што ги повика десничарската Народна партија, според полициски податоци.

Идниот закон за амнестија ќе биде претставен во вторник пред Долниот дом на Парламентот.

Во замена за поддршка на новата влада, шпанскиот премиер Педро Санчез, кој положи заклетва во ноември, и неговите социјалисти се согласија на договор за амнестија на политичарите и активистите вклучени во кампањата за независност на Каталонија. Кампањата кулминираше со немири, политичка криза и организирање референдум за независност во 2017 година.

Демонстрантите се против договорот на премиерот со каталонската и баскиската партија.