Стуб и Хависто во вториот круг од претседателските избори во Финска


Кандидатот на десниот центар и финската партија на националната коалиција Александар Стуб победи во првиот круг од претседателските избори и во вториот круг ќе се соочи со Пека Хависто од Зелените, покажаа официјалните резултати во неделата. По пребројани 99,5 отсто од гласовите, Александар Стуб има 27,2 отсто, Пека Хависто 25,8, а на третото место е […]

Сијарто во посета на Украина


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска во Украина ќе се сретне со својот колега Дмитро Кулеба, во пресрет на европскиот самит каде главна тема ќе биде финансиската помош за Киев по неодамнешното вето од Будимпешта. Целта на посетата е да се подготви средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за […]

Француските земјоделци најавија блокада на Париз


Француските земјоделци најавија дека денеска повеќе од 600 трактори ќе блокираат осум автопати кои го поврзуваат Париз со остатокот од Франција. Владата најави дека ќе бидат мобилизирани 15.000 полицајци за да спречат трактори да влезат во „Париз и поголемите градови“, јавува БФМ ТВ. Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманен, вчера разговараше со своите […]

Ганц: Војната против Хамас може да трае една генерација, заложниците ни се приоритет


Војната на Израел против Хамас би можела да трае една генерација, а ослободувањето на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група мора да остане главен приоритет, изјави израелскиот министер за војна Бени Ганц. Ганц вчера им соопштил на жителите на евакуираните заедници на југот на Израел дека е потребно итно ослободување на заложниците, јави израелскиот […]

Уапсени две лица осомничени за нападот во Католичката црква во Истанбул


Турските власти уапсија двајца вооружени напаѓачи осомничени за убиство на едно лице за време на неделната богослужба во Католичката црква во Истанбул, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Тој рече дека полицијата спровела повеќе од 30 рации и привела 47 лица во врска со нападот. Јерликаја изјави дека во нападот на италијанската католичка […]

Украинците ноќеска ги собориле сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за напади


 Украинските воздухопловни сили ноќеска ги уништија сите осум беспилотни летала „Шахид“, што Русија ги употреби за напад на неколку области во земјата, соопшти утринава Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина. Беспилотните летала се уништени над регионите Николаев, Дњепропетровск, Хмелницки и Ровињ, пренесоа украинските медиуми. Русија синоќа лансираше една ракета „Искандер-М“ и три ракети од […]

Даниел Живковиќ е нов претседател на Демократска партија на социјалистите на Црна Гора


Даниел Живковиќ, доскорешен вршител на должноста претседател на Демократската партија на социјалистите (ДПС), беше избран за нов претседател на таа партија, со повеќе од 96 отсто од гласовите, на првите непосредни внатрепартиски избори. Изборачкото право го искористиле 71,78 отсто од партиските членови, а гласањето се поминало без нерегуларности. За потпретседатели на ДПС се избрани Александра […]

Најстудено утрово во Крушево


Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес. Висината на снежната покривка во 7 […]

Циркуларната економија – тема на месечното обраќање на Стопанската комора


„Циркуларна економија – модел за минимизирање на отпадот и искористување на ресурсите за одржлив раст на економијата“ е насловот на настанот „Месечно обраќање на актуелна тема“ што денеска го организира Стопанската комора на Северна Македонија. Гостин на месечното обраќање што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора ќе биде проф. д-р Наташа Петровиќ од […]

Бајден: САД ќе одговорат на нападот врз американските војници во Јордан


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе „одговораат“ оние кои се одговорни за нападот на американската база во Јордан, на границата со Сирија, во кој загинаа тројца американски војници, а најмалку 34 се ранети, обвинувајќи ги „радикалните милитантни групи поддржани од Иран“. -Оние кои се одговорни за нападот ќе одговараат во време и на начин […]

Германските машиновозачи предвреме го прекинаа штрајкот


Синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) во германскиот државен железнички оператор Дојче Бан (Deutsche Bahn) предвреме го заврши својот повеќедневен штрајк на услугите за превоз на патници, изјави утрово портпаролот на државниот железнички оператор. Железничкиот штрајк што со денови го попречуваше железничкиот транспорт во Германија почна да се намалува во неделата навечер, откако нормалните транспортни услуги продолжија […]

Иран тврди дека нема врска со нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници


Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека Техеран не е вклучен во нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца припадници на американската војска во североисточниот дел на Јордан, во близина на сириската граница. Во соопштението објавено од државната новинска агенција ИРНА, мисијата наведува дека Иран нема никаква врска со нападот на американската база. […]

Хектар обработливо земјиште во ЕУ лани во просек чинело 10.578 евра


Просечната цена на еден хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2022 година изнесувала 10.578 евра, што ја прави 45 пати повисока од просечната годишна рента за изнајмување на плодни површини, која изнесувала 233 евра по хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, обработливо земјиште во […]

Ким Џонг-ун нагледуваше лансирање крстосувачка ракета од подморница


 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на крстосувачката ракета лансирана од подморница, објавија државните медиуми. Северна Кореја минатата недела соопшти дека ја развива и тестира ракетата „Pulhwasal-3-31“, пренесе агенцијата КЦНА. Ким ја инспектираше изградбата на подморницата на нуклеарен погон, нарекувајќи го нуклеарното вооружување на неговата морнарица итна национална задача, јави КЦНА.  Јужнокорејската војска […]

Почнува мандатот на третата техничка Влада пред парламентарните избори на 8 мај


Единаесеттите парламентарни избори во земјава ќе се одржат на 8 мај, а седмите претседателски избори на 24 април. До формирањето на нова влада до крајот на јуни, земјата ќе ја води техничка влада на чело со премиерот Талат Џафери. Оваа преодна Влада вчера беше избрана со 65 гласа „за“ и три „против“. ВМРО-ДПМНЕ беа во […]

Приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ, одбраната на демократија и владеење на правото главни теми на ГАК


Приоритетите на белгиското претседателство со Европскиот совет во првите шест месеци од годинава, пакетот за „Одбрана на европската демократија“ и годишниот дијалог за владеење на правото во Унијата, ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) во Брисел.  Како што јави дописникот на МИА, со оваа прва средба […]

Променливо облачно и ветровито со ниски утрински температури


Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната од 2 до 11 степени. Во Скопје, слично време со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти […]

Послаб земјотрес почувствуван во Штип


Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добиено е известување за почувствуван земјотрес. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, […]

Филерите можат да ве остарат: Троловите и се потсмеваат на Кајли Џенер дека изгледа „во нејзините 40-ти“


Со својот блескав тен и завидно витката линија, лесно е да се разбере зошто Кајли Џенер важи за една од најубавите жени на светот.Сепак, и покрај нејзиниот зачудувачки изглед – и фактот дека е самосоздадена милијардерка – на 26-годишната Кајли не и е непозната критиката за нејзиниот изглед. Присуствувајќи на настанот на Жан Пол Готје […]

Нападната американската војска во Јордан, загинаа три војници, 25 се ранети


Најмалку тројца американски војници загинаа, а 25 се ранети во напад со дрон во Јордан, соопшти денеска американската војска. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) во соопштение наведе дека имало напад со беспилотно летало врз база во североисточниот дел на Јордан, во близина на границата со Сирија, пренесе Би-би-си.  Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека нападот го […]