Послаб земјотрес почувствуван во Штип


Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје добиено е известување за почувствуван земјотрес.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 18 часот и 38 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km источно од Скопје, во епицентралното подрачје Св. Николе – Штип, со Рихтерова локална магнитуда ML2.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.