Ова се трите најбарани професии во Европа


Две третини (67 проценти) од професионалците во Европа размислуваат за промена на работните места оваа година. Вештачката интелигенција, одржливоста и сајбер безбедноста се сè повеќе барани, според најновиот извештај на LinkedIn за изгледите на пазарот на труд за 2024 година. Се додава дека европскиот пазар на труд минува низ забрзана трансформација и дека се појавуваат […]

Ќе дојдат ли министрите на ВМРО-ДПМНЕ на примопредавањето?


  Иако е третпат како Македонија добива техничка влада, детските слабости манифестирани како терање политуички инат, судир место соработка и препукување околу нејзината работа и овојпат по се изгледа ќе бидат пропратен фолклор. Освен што најавија дека нема да ја гласаат  како и дека нема да го гласаат Талат Џафери како технички премиер бидејќи одеднаш […]

Украинката е прогласена за Мис на Јапонија: Поголема Јапонка е од нас


Во Токио се одржа натпреварот за Мис на Јапонија, а победи Украинката Каролина Шино. Каролина со солзи ја прифати својата круна во Шинџуку, и официјално стана првата личност родена надвор од Јапонија што ја освои титулата Мис на Јапонија. 26-годишната девојка, која се преселила во Јапонија кога имала пет години, додека ја прифаќала наградата изјавила […]

ЕУ ќе ја поткопа економијата на Унгарија ако таа ја блокира помошта за Украина


  Европската унија ќе удри по унгарската економија доколку Будимпешта не го укине ветото за доделување помош од 50 милијарди евра за Украина, пишува „Фајненшeл тајмс“, повикувајќи се на план развиен во Брисел. Документот ја прикажува стратегијата насочена кон „економските слабости“ на Унгарија. Помеѓу ранливостите, Брисел забележа многу висока инфлација, слаба валута и највисоко ниво […]

Планинарски марш по повод 10 години постоење на Планинарски-спортски клуб ,,Голак”


Планинарскиот спортски клуб „Голак” од Делчево викендов реализираше планинарска акција по повод 10 години постоење на клубот. Одбележувањето на 10 годишнината од постоењето на клубот, како што истакна претседателот на клубот Љупчо Чучуковски, било на симболичен начин, со тоа што неколку членови на клубот реализираа лесна планинарска акција по падините на планината Голак, поточно во […]

Спасовски затекнал високопартизирано и политизирано МВР, го остава реформирано и со доверба во јавноста


Затворајќи го ова поглавје, сметам дека оставам наследство кое ќе служи како солидна основа за идните успеси, објави на неговиот фејсбук профил поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.  -Мојот мандат во МВР беше период на интензивни промени, силни реформи и неуморна посветеност кон безбедноста на граѓаните. МВР го засили својот капацитет за борба против […]

Општина Струмица преку јавен повик ќе изработува Стратегија и Програма за енергетска ефикасност


На веб-страницата на Општина Струмица објавен е јавен повик за изработка на Стратегија за енергетска ефикасност за периодот 2025-2030 година и Програма за енергетска ефикасност на Општината за периодот 2025-2028 година. Според градоначалникот, Костадин Костадинов, енергетската ефикасност е и ќе биде приоритет на локалната самоуправа. – Целта на овие стратешки плански документи е да се […]

Сондата на Месечината „оживеа“ по девет дена. Јапонците мислат дека знаат што се случило


Јапонското вселенско летало SLIM „се враќа во живот“, соопшти денеска тамошната вселенска агенција, повеќе од една недела откако слета токму на Месечината, но остана без струја бидејќи неговите соларни панели беа под погрешен агол. Јапонската вселенска агенција доцна вчера повторно воспостави комуникација со сондата SLIM, изјави портпаролот на агенцијата, речиси девет дена откако сондата слета […]

Германија: Екстремистите од АфД ги загубија важните окружни избори


  Екстремно десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија е тесно поразена на првиот изборен тест откако беа обелоденети откритијата за нејзината вмешаност во планот за масовна депортација на странци што предизвика огромни протести низ Германија. Нејзиниот кандидат загуби од конзервативниот ривал на окружните административни избори, чија важност одекна многу подалеку од локалната област. Во тесниот […]

Кинотека слави 50 години постоење – погледнете кои филмови ќе може да ги гледате


Со премиерна проекција на филмот „Слобода“  чијшто автор е филмскиот критичар Златко Ѓелески ќе почне одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Кинотеката. Програмата по повод пет децении постоење ќе се одржи во текот на февруари и ќе трае 29 дена. Согласно програмата, како што најавија од Кинотеката, ќе бидат проектирани неколку архивски филмски записи од 1912 […]

На игралиште во Германија, полуде жена – удрила дете и извадила секира и нож


На игралиште во Сарбрикен-Бурбах, Германија, во саботата попладне се случи инцидент. Како што пренесуваат германските медиуми, додека децата си играле, а родителите стоеле, една жена му пришла на едно од децата и го удрила по глава. Кога татко му дотрчал да му помогне на детето, жената извадила секира и нож и почнала вербално да ги […]

Зеленски го објави својот имот: Приходот во 2022 година му се намалил за три пати од 2021 година


Приходите на украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговото семејство се намалени од 10,8 милиони гривни (285.000 американски долари) во 2021 година на 3,7 милиони гривни (97.700 американски долари) во 2022 година, пишува Украинска правда. Зеленски објави документи за неговиот имот, приходи, расходи и финансиски обврски за 2021 и 2022 година. Според картичката од 2021 година, […]

Бојмацалиев: Фер и слободни избори – гарантиран пат кон ЕУ


Новиот дополнителен заменик министер за внатрешни работи во техничката влада, Митко Бојмацалиев, ветува дека ќе преземе мерки за заштита на личните податоци и зајакнување на полициските капацитети.   – Во овој контекст, сакам да ги истакнам моите и напорите на мојот тим за заштита на личните податоци на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на […]

Западот ги стопира донациите за агенцијата на ОН, која Израел ја обвини дека е „цивилен огранок на Хамас“


Неколку западни влади одлучија да го прекинат финансирањето на Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации (UNRWA), поради обвинувањата дека нејзини членови учествувале во нападот врз Израел на 7 октомври. Шефот на агенцијата изјави дека на хуманитарната помош од која зависат два милиони Палестинци може да дојде крајот, пренесува Би-би-си. УНРВА е основана во 1949 […]

Алек Болдвин се изјасни невин за убиство од небрежност


Глумецот Алек Болдвин се изјасни невин по обвиненијата за убиство од небрежност во пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во коешто снимателката Халина Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Болдвин ја отфрли одговорноста за смртта на Хачинс, инсистирајќи дека му било кажано дека пиштолот е „ладен“, што значи дека во него има само […]

(Видео) Меки турски лепчиња кои се печат 10 минути


Замесете тесто и направете меки домашни лепчиња. Тие се одлична замена за леб. Порано, домаќинките секое утро меселе леб или лепчиња, а денес овие производи се почесто се купуваат, бидејќи луѓето немаат време да ги подготват. Но, наместо да ги купувате, ви предлагаме да ги направите навечер и потоа наутро секогаш да појадувате свежи лепчиња. […]

Седуммина уметници ќе бидат одликувани со Орден за заслуги


Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија со почеток во 19:00 часот ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Северна Македонија. Церемонијата ќе биде директно пренесувана на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападите во кои загинаа тројца американски војници


Исламски отпор во Ирак, група од неколку вооружени ирачки милитантни фракции кои ги поддржува Иран, ја презеде одговорноста за нападите на јорданско-сириската граница, каде вчера во напад со дрон на американска воена база загинаа тројца, а се повредени 34 американски војници. Силите на исламскиот отпор соопштија на својот канал Телеграм дека извршиле напади со беспилотни […]

Ахмети славеше со вратоврска „премиер Албанец“


На социјалните мрежи се споделуваат бројни видеа од прославата на ДУИ за премиерското место кое го зазема Талат Џафери. На видеата лидерот на ДУИ, Али Ахмети и останатите членови ги покажуваат црвените вратоврски на кои од внатрешната страна пишува „Премиер Албанец“ и наведен е датумот, за кој велат дека е историски за Албанците во земјава. […]

Во Иран погубени четворица мажи поради шпионирање за Израел


Утрово во Иран се егзекутирани четворица мажи кои биле осудени на смрт поради соработка со израелски шпионски служби во план за саботажа на иранска одбранбена локација, соопштија иранските власти. Тие биле уапсени на 23 јули 2022 година за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад во Исфахан, голем град во централен Иран, се вели во соопштението […]