Во Иран погубени четворица мажи поради шпионирање за Израел


Утрово во Иран се егзекутирани четворица мажи кои биле осудени на смрт поради соработка со израелски шпионски служби во план за саботажа на иранска одбранбена локација, соопштија иранските власти.

Тие биле уапсени на 23 јули 2022 година за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад во Исфахан, голем град во централен Иран, се вели во соопштението на правосудните органи.

Смртната казна во Иран се извршува со бесење.