На игралиште во Германија, полуде жена – удрила дете и извадила секира и нож


На игралиште во Сарбрикен-Бурбах, Германија, во саботата попладне се случи инцидент.

Како што пренесуваат германските медиуми, додека децата си играле, а родителите стоеле, една жена му пришла на едно од децата и го удрила по глава. Кога татко му дотрчал да му помогне на детето, жената извадила секира и нож и почнала вербално да ги напаѓа него и неговата сопруга, а потоа се свртела и почнала да бега.

Била повикана полиција која ја пронашла жената недалеку од игралиштето. Не сакала да ги пушти секирата и ножот додека не и се заканиле со електрошокер. Потоа го фрлила оружјето и била приведена.

Во моментот на злосторството, како што информираат од полицијата, таа била во исклучително тешка психичка состојба и била пренесена во психијатриска болница.

Децата кои во моментот на инцидентот биле на игралиштето се во шок. Детето кое било нападнато од жената не е тешко повредено.