Серхио Рамос го престигна Меси по одиграни натпревари во Ла Лига


Натпреварот од 22. коло на шпанското првенство одигран вчера против Осасуна (1:1) беше 521. за фудбалерот на Севилја, Серхио Рамос во Примера. Триесет и седумгодишниот Шпанец се искачи на осмото место по бројот на одиграни натпревари во шпанското првенство, престигнувајќи го поранешниот напаѓач на Барселона, Лионел Меси (520). Рамос потекнува од фудбалската школа на Севилја. […]

29 јануари во историјата – Германскиот поручник Ервин Ромел предводи смела мисија во Франција


  На 29 јануари 1915 година, во областа Аргон во Франција, германскиот поручник Ервин Ромел ја предводи својата чета во смело заземање на четири француски блок-куќи, структури кои се користат на фронтот за сместување на артилериските позиции. Ромел прво се протна низ француската жица, а потоа ги повика останатите од неговата група да го следат. […]

Малолетник прегазен кај Арачиново, пренесен е во болница


Малолетник прегазен во скопско.  На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во село Арачиново, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти полицијата во дневниот билтен.  Во несреќата пешакот се здобил со тешки […]

Почна судењето за родителите на момчето-убиец од Белград, мајката и таткото во солзи


Во Вишиот суд во Белград почна судењето на таткото и мајката на момчето кое на 3 мај лани уби девет деца и член на обезбедувањето на училиштето „Владислав Рибникар“. Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, пред почетокот на судењето изјави дека очекува законско и правично судење. – Очекувам законско и […]

Царината спречи обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари


Спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на изминатата недела. Воедно, спречен е и шверц на 100 шишиња […]

Партиципацијата за студирање останува иста


Министерството за образование и наука реагира на натписите во дел од медиумите во кои се посочува дека на иницијатива на министерството и Владата, двојно ќе се зголемува партиципацијата за студирање на државните високообразовни установи на сите три циклуси на студии. Се работи за невистинита информација и затоа апелираме студентите да бидат спокојни, бидејќи и натаму […]

Штипските ученици ќе се здобијат со знаења за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“


Основните училишта во Штип, „Ванчо Прќе“,„Тошо Арсов“, „Гоце Делчев“ и „Димитар Влахов“ се приклучуваат на „Крени глас против врсничкото насилство“, општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Учениците од овие образовни установи ќе имаат можност, преку работилници организирани од компанијата, подобро да се запознаат со причините за ваквото однесување, како и со последиците од булингот. Со цел […]

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година


Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. – Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста […]

Ќе се бара решение за албанската паралелка во Чашка


Техничкиот премиер кој сега стапи на должност Талат Џафери денеска во однос на протестите поради одлуката за формирање на паралелка на албански јазик во училиште во Чашка, посочи дека во овој момент не може да каже што конкретно ќе преземе, но дека секој има право на она што му е пропишано во законот. Како што […]

Партијата на Ердоган преку Германија сака да влезе во Европскиот парламент


  Турската партија АКП на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе учествува на европските избори во Германија, според пишувањата на медиумите, а високи германски политичари истакнуваат дека тоа ќе го прошири турското влијание во ЕУ. Огранокот на АКП во Германија, Демократската алијанса за различност и будење (Дава), се состои од четворица кандидати кои сите претходно воделе […]

Џафери за повикот на Алиу да се одблокираат законите за МИОА: Јас не работам под ултиматуми


Не сум човек, кој работи под ултиматуми, ако некој каже ќе го направам ова, ако постапите вака или онака, изјави на прес-конференција техничкиот премиер Талат Џафери при денешното преземање на функцијата од досегашниот премиер Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања во однос на неодамнешната изјава на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, дека […]

„Зидојче цајтунг“:Владата на Александар Вучиќ со помош на ЕУ ќе опстои уште долго, граѓаните залудно протестираат


Александар Вучиќ е силен човек кој треба да го спречи геополитичкиот хаос на Балканот и да обезбеди пријатна инвестициска клима. За возврат, мора да ја уништи демократијата за да остане само фасада, оценува угледниот германски „Зидојче цајтунг“. „Според она што владетелите на Србија го зборуваат во последно време, може да се добие впечаток дека земјата […]

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба


Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон. Забраната е дел од поширокиот план за борба против пушењето кој минатата есен го објави британскиот премиер Риши Сунак. – Еден од најзагрижувачките трендови во […]

Тесла го стопира производството во Германија поради прекини во транспортот на Црвеното Море


Производителот на автомобили Тесла во голема мера го запре производството во својата фабрика кај Берлин на околу две недели поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од нападите на бродовите во Црвеното Море, потврди денеска компанијата. Нападите на милитантите Хути од Јемен на главната поморска рута што води до Суецкиот канал ги натераа големите бродски […]

„Евергранде“, симболот на кинеската криза со недвижности, оди во ликвидација


На „Евергранде“ (Evergrande Group), најзадолжената градежна компанија во светот, судот во Хонгконг и наложи да се ликвидира, што претставува огромен неуспех за болниот кинески сектор на недвижности што може да се бранува низ втората по големина економија во светот, пишува Си-Ен-Ен. Налогот за затворање, донесен од страна на Вишиот суд на градот во понеделникот, доаѓа […]

Од сите дрвја во Скопје речиси 28 отсто се во Карпош


На барање на Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, тимот професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, изработи Студија за урбаната дендрофлора во рамки на оваа локална самоуправа. – Истражувањето кое го спроведоа професорите Бојан Симовски, Иван Минчев и асистентот Владимир Стојановски е изведено како нераскинлив дел од зеленилото […]

Панче Тошковски ја презеде министерската функција во МВР


Во Министерството за внатрешни работи досегашниот министер Оливер Спасовски ја предаде должноста министер за внатрешни работи на новоименуваниот прв човек на овој ресор Панче Тошковски. На чинот на примопредавањето, министерот Тошковски му се заблагодари на Спасовски за неговиот досегашен анганжман во министерството – се вели во соопштението од МВР. До формирање на нова влада до […]

Според албанската опозиција Џафери не е прв туку трет Албанец премиер


Европскиот сојуз за промени (ЕСП), во кој се обединети опозициските партии на Албанците, кој вчера не присуствуваше на изборот на техничката влада, денес излезе со став дека Талат Џафери не е прв, туку трет премиер Албанец  од Македонија.Оваа коалиција смета дека нема ништо историско во вчерашната „церемонија на самофалење“. Имено, Европскиот сојуз изборот на Талат […]

Киев пријави „многу прекршувања“ при ненајавени проверки на воените резерви


По поплаките од украинската војска за недостатоци во опремата и залихите, министерот за одбрана Рустем Умеров призна дека има некои пропусти, пренесе ДПА. Регистрирани се „многу прекршоци“ при ненајавени контроли, напиша министерот на Фејсбук. Проверени се и залихите на храна. Според извештајот, недостасуваат резерви вредни повеќе од 1,2 милиони евра (1,3 милиони долари) и не […]

Голем интерес за концертите на „Фрајле“ – Закажан и втор во Скопје


После неверојатно брзо распродадениот прв концерт на женското трио ,,Фрајле’’ во Скопје, во склоп на нивната балканска турнеја „Moje duše duša“, закажан е и втор концерт во ,,Македонска Филхармонија’’, објавија организаторите. Сите оние кои останаа без влезница за првиот концерт, а сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, ќе имаат можност тоа да […]