Елена Петрова стапи на функцијата дополнителен заменик-министер за финансии


Дополнителниот заменик-министер за финансии во преодната Влада Елена Петрова денеска стапи на функцијата, а добредојде и посакале министерот за финансии Фатмир Бесими и заменикот-министер за финансии Филип Николовски.     Министерството за финансии во објава на својата веб страница информира дека Бесими денеска одржал состанок со Николоски и Петрова на која и посака добредојде и успех […]

Бараката се урна – сега станува паркинг


Бараката, која долго време некористена стоеше покрај ООУ „Коле Неделковски“ во Центар, општината ја урна пред извесно време. Сега, на тоа место се гради паркинг. – Оформуваме мал паркинг простор веднаш до ООУ „Коле Неделковски“ на местото на поранешната барака која беше дивоградба и неодамна се урна. Малиот паркинг ќе помогне во регулирање на сообраќајот […]

Вработените во тетовската печатница Напредок наместо плати добија колективен одмор


Синдикалната организација на вработените во тетовската печатница Напредок информира дека од четвртокот 25 јануари наишле на затворени врати од фирмата, на која биле поставени натписи и одлуки за колективен одмор до 14 февруари 2024 година. Вработените на почетокот на јануари информираа дека побарале од сопственичката структура да им се реши статусот со оглед дека не […]

Циркуларна економија – немаме кој ни брикети да ни направи од тутунска прашина


Земјите од регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија, прават многу комунален отпад, а сѐ уште немаат доволно развиена свест за негово рециклирање и селектирање. Токму отпадот е фокус на циркуларната економија – нов концепт што подразбира штедење на ресурсите, одговорна потрошувачка и одговорно производство. Како што беше речено денеска во Стопанската комора, луѓето треба да […]

Брисел му се заканува со економска „војна“ на Орбан


 Европската унија ќе ја саботира унгарската економија доколку Будимпешта ја блокира новата помош за Украина на самитот оваа недела, според доверливиот план изготвен од Брисел, што го објави во неделата Фајненшел Тајмс. Брисел ја претстави стратегијата какоа експлицитно да ги таргетира економските слабости на Унгарија, да ја загрози нејзината валута и да доведе до колапс […]

На депонијата Визбегово фатени камиони како истураат токсичен смет и градежен отпад


Камиони истураат токсичен отпад и градежен шут на депонија во Визбегово, за која градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска тврди дека била исчистена. Сега ги снимиле со дрон, и бараат во рок од 30 дена да биде вратено во првобитната состојба, а потоа ќе се соочат со казни. – Сакам да ја известам целата македонска јавност […]

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го потпишал указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија. Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, […]

Грејс Џонс со концерт во Скопје на 6 јули


Светската пејачка и актерка Грејс Џонс ќе настапи во рамки на годинашното издание на музичкиот фестивал „Скопје колинг“ на 6 јули на стадионот на АРМ во Градскиот парк во Скопје. -Веројатно не постои светски артист на оваа планета (освен, се разбира, David Bowie) кој може толку аргументирано да изнесе толку многу различни и заслужени епитети […]

Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери


  Со примопредавање на функцијата помеѓу досегашниот премиер Димитар Ковачевски и претседателот на новата преодна Влада, Талат Џафери, од денеска почнува првиот работен ден на техничката влада задолжена за спроведување на парламентарните избори. „Денес го реализиравме примопредавањето на функцијата претседател на Владата на РСМ во согласност со законските обврски за организирање техничка влада, чија основна […]

Еден напад е премногу: Како ќе одговори Бајден


  Така почнуваат војните, дури и кога никој не ги сака. Еден напад е премногу затоа што другата страна нема друг избор. Институтот за проучување на војната пресмета дека проиранските милиции ги нападнале американските бази во Ирак и Сирија повеќе од 170 пати од октомври. Тоа е војната во сенка што иранскиот режим им дозволува […]

Принцезата Кејт ја напушти болницата 14 дена по операцијата на абдоменот


  Принцезата од Велс се врати дома во Виндзор откако беше хоспитализирана на абдоминална операција во приватна лондонска клиника, соопшти во понеделникот нејзината канцеларија во палатата Кенсингтон. Сопругата на принцот Вилијам беше подложена на планирана операција на абдоменот на 16 јануари поради неоткриена состојба. Палатата не даде повеќе детали, но рече дека нејзината состојба не […]

Финансиски хороскоп до 15 февруари:Кој знак ќе добие богатство, а кој мора да внимава кому му верува


Хороскопот до 15 февруари предвидува финансиски успех со хороскопските знаци, но укажува и кој треба да се грижи за трошењето. Венера влезе во поволниот знак на Јарец, па многу луѓе ќе имаат физичка и морална сила да продолжат напред. Овен Во овој поволен период, Овенот може да посвети време на шопинг за да ја врати […]

ЗНМ реагира на привилигираниот третман на странските новинари во Собранието


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска упати реакција и барање за објаснување за непринципиелниот третман кон странски новинари во Собранието на РСМ до новоизбраниот претседател на Собранието, Јован Митрески. По пријава до ЗНМ од страна на новинари и според медиумски објави во текот на вчерашниот ден, четворица новинари биле привилегирани од страна на службите […]

Луксембург ќе ја финансира агенцијата на ОН во Газа и покрај обвинувањата


Луксембург ќе продолжи да ја финансира главната агенција на Обединетите нации во Газа и покрај обвинувањата дека дел од нејзиниот персонал бил вмешан во терористичките напади на Хамас на 7 октомври, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата. – Нема да ја прекинеме помошта сега затоа што во Газа во моментов им треба поддршка, […]

Зеленски предупреди на опасност од трета светска војна


Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на посилна воена поддршка од западните земји, предупредувајќи дека ако Украина не може да ја победи Русија, конфликтот ќе ескалира во трета светска војна. Зеленски за германските медиуми изјави дека канцеларот Олаф Шолц подобро ја разбрал вистинската природа на заканата по нивниот состанок во Берлин минатата година и оти Берлин […]

Вработените од ФЗО се подготвуваат за протест ако им се намалат платите


Денес по шестти пат ќе се одлучува дали платата на вработените во Фондот за здраствено осигурување ќе остане иста или ќе им се намали за 21 отсто. Вработените се собраа пред фондот и упатија јасна порака – доколку се намали платата синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување ќе ја активира одлуката за штрајк донесена […]

Пожарникарите предупредуваат: Што да не се прави со продолжните кабли


Продолжните кабли не се дизајнирани да издржат прекумерни струјни оптоварувања, па постои ризик од прегревање и пожар доколку ги преоптоварите, предупредуваат пожарникарите. Кога телевизорот, компјутерот и светилката се веќе вклучени, дополнителното вклучување на електричниот радијатор може да доведе до пожар во домот. Како правилно да ги користите каблите Повеќето производители на електрични радијатори препорачуваат директно […]

Буџетот за Олимпијадата во Париз ќе се зголеми поради глобалните конфликти


Директорот на организацискиот одбор за Олимпијадата во Париз, Тони Естанге, изјави дека буџетот за претстојните игри може да се зголеми за да се обезбеди безбедност на спортските делегации. – Нивото на закана редовно се ажурира, така што полицијата и безбедносните служби прават се за да ја гарантираат безбедноста на секој учесник на Олимпијадата и секој […]

Од денеска започнува пријавувањето за бесплатните обуки по фитнес и самоодбрана за жени во општина Карпош


Од денеска започнува пријавувањето за бесплатните обуки по фитнес и самоодбрана за жени во општина Карпош.  – Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош. […]

Поскапуваат горивата – од полноќ цената повисока за 1,5 денари


Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.  Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на […]