Луксембург ќе ја финансира агенцијата на ОН во Газа и покрај обвинувањата


Луксембург ќе продолжи да ја финансира главната агенција на Обединетите нации во Газа и покрај обвинувањата дека дел од нејзиниот персонал бил вмешан во терористичките напади на Хамас на 7 октомври, изјави денеска министерот за надворешни работи на земјата.

– Нема да ја прекинеме помошта сега затоа што во Газа во моментов им треба поддршка, а цивилните жртви повторно ќе бидат жртви доколку во моментов нема поддршка од УНРВА, рече министерот за надворешни работи на Луксембург Ксавиер Бетел по неговото пристигнување во Советот на ЕУ во Брисел.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) отпушти неколку вработени по обвинувања изнесени од Израел кои не беа јавно објавени.

Според Бетел, шефот на УНРВА Филипе Лазарини донел „правилна одлука директно да ги отпушти“ но и да се распраша што се случило.

– Но, ќе ни треба исходот од истрагата, потоа ќе мора да донесам заклучоци, изјави Бетел.

Неколку земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Италија и други, соопштија дека ќе го замрзнат финансирањето на УНРВА по обвинувањата.