На Германија ѝ се заканува бран отпуштања


Германските компании не само што ја губат волјата да отворат нови работни места, туку најверојатно ќе почнат и да отпуштаат работници, изјави Клаус Волрабе од економскиот институт Ифо. Барометарот за вработување на Ифо падна во јануари на 95,5 поени, нешто пониско од декември. Индексот на 100 поени укажува на статус кво, над плановите за вработување, […]

Пет лица, турски државјани, се изгубиле на Водно откако се стемнило – евакуирани се


Петмина турски државјани останале на Водно откако се стемнило, па се изгубиле. Се јавиле на бројот на итни случаи 112, по што биле безбедно симнати од планината. – По добиениот повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК дека на паркингот кај Милениумски Крст на Водно се наоѓаат пет лица, турски државјани, […]

Чешка: Тврдењето дека војната беснее само на истокот на Украина ја доведува во заблуда јавноста


Погрешно претставување на ситуацијата во Украина со тврдење дека војната беснее само на истокот на земјата е сериозна измама на јавноста. Ова денеска го изјави претседателот на Чешката Република Петр Павел, во интервју за Чешкото радио, одговарајќи на изјавите на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој рече дека луѓето водат нормален живот во Киев, пренесе ТАСР. […]

Валиева суспендирана, Русија без олимпиското злато во уметничко лизгање


Руската натпреварувачка во уметничко лизгање Камила Валиева доби четиригодишна суспензија поради допинг, објави денеска Спортскиот арбитражен суд, со што на Олимпискиот комитет на Русија му е одземен златниот медал во екипното натпреварување на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг. „Утврдено е дека Камила Валиева ги прекршила антидопинг правилата и е санкционирана со четиригодишна забрана за […]

Парискиот Мастерс се сели на нова локација


Престижниот тениски турнир во Париз од серијата Мастерс 1000 од идната година ќе се игра на нова локација, објави денеска Тениската федерација на Франција (ФФТ). По 38 години минати во Берси Арена, која во моментов има капацитет од 16.800 седишта, парискиот Мастерс од 2025 година ќе се игра во Ла Дефанс Арена која може да […]

Суспендирани 19 пратеници поради недолично однесување во албанскиот Парламент


Советот за етика во албанскиот Парламент суспендираше 19 пратеници од опозициската Демократска партија, приврзаници на Сали Бериша и Газменд Барди, поради попречување на нормалното одвивање на работата на законодавниот дом. Според одлуката пратеникот Ервин Салијањи има забрана за учество во работата на парламентот во период од 20 дена, додека останатите 18 по 10 дена. Одлуката […]

Галант најави дека израелските трупи наскоро „ќе тргнат во акција“ на границата со Либан


Израелските трупи „многу брзо ќе тргнат во акција“ во близина на северната граница на земјата со Либан, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант. Тој им соопшти на војниците во близина на границата со опколениот Појас Газа дека други се распоредени на северот на Израел. – Тие многу брзо ќе тргнат во акција… така што […]

Во УНРВА очајни поради прекинот на финансирањето


Од Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) изјавија дека се очајни бидејќи се повеќе земји го прекинуваат финансирањето, по обвинувањето на Израел дека некои вработени биле вмешани во нападот што го изврши палестинското движење Хамас на 7 октомври минатата година врз израелска територија. Досега прекин на финансирањето најавија Јапонија, Австрија, САД, Велика Британија, […]

За утре напладне закажана првата седница на техничката Влада


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за утре (30 јануари), со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав. Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.

Влезниците за фудбалски натпревари во Грција ќе се купуваат само преку мобилни телефони


Фудбалските навивачи во Грција во иднина ќе мораат да ја користат владината апликација за дигитална идентификација на своите мобилни телефони за да купат влезници за натпреварите. Станува збор за една од мерките за сузбивање на насилството во грчкиот спорт поради кое фудбалските клубови мораа да ги затворат своите стадиони за навивачите во период од два […]

Британскиот крал Чарлс Трети е отпуштен од болница по операција на простата


Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА. Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома. На […]

Од 20-те кумановски училишта се испишале 131 ученик


Во вкупно 20 основни и средни училишта од Куманово, второто полугодие од учебната година не го продолжиле 131 ученик бидејќи се отпишале, покажуваат податоците на секторот за образование Куманово. – Според податоците, во четирите средни училишта во учебната 2023/24 година се запишале 3596, а испишани се вкупно 29 ученици, додека во основните училишта бројката е […]

Рекет на Надал продаден за 118.000 долари


 Рекетот со кој играше Рафаел Надал во неговата победа во финалето на Ролан Гарос во 2007 година над Роџер Федерер е продаден за 118.026 долари на аукција денеска, со што доби статус на еден од најскапите тениски реквизити во историјата. Надал во финалето во Париз во 2007 го совлада Федерер со 6-3, 4-6, 6-3, 6-4, […]

Карго бродовите во пристаништето во Барселона доцнат до 15 дена


„Товарните бродови во пристаништето Барселона доцнат 10 до 15 дена додека пловат околу Африка за да избегнат потенцијални напади во Црвеното Море“, изјави директорот на пристаништето Луис Салвадо. Доцнат различни видови на производи, вклучувајќи течен природен гас. Барселона е меѓу најголемите терминали за течен природен гас во Шпанија. „Ситуацијата влијае на пристаништата во источниот Медитеран […]

Ковачевски се сретна со Азески, ги најавил главните точки од економската програма


  Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија. На средбата се разговараше за економскиот амбиент во државата, за заштита на интересите на бизнис заедницата како и поддршка на приватниот сектор. Ковачевски на средбата истакнал дека изминатите години, Владата и бизнис заедницата во земјата интензивно […]

Рекорден број фалсификувани евра во Германија


Во Германија минатата година од оптек се повлечени поголем број лажни евро банкноти отколку во 2022 година, објави германската централна банка (Бундесбанк) во Франкфурт на Мајна. „Бројот на лажни банкноти повлечени од оптек во 2023 година се зголеми за 28,2 отсто во споредба со 2022 година и изнесуваше 56.000“, се вели во соопштението на Германската […]

Собранието вели дека немало привилегиран однос кон странските новинари


  Откако Здружението на новинарите реагираше дека некои од странските новинари за време на изборот на техничката влада имале повластен статус на посебното место во галеријата, Собранието на Македонија одговори дека не станувало збор за такво нешто. „Во врска со загриженоста што Здружението на новинарите ја изрази и во допис до Кабинетот на претседателот на […]

Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември. Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во декември пораснаа за 0,3 отсто на годишно ниво, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на […]

Чешката влада потпиша договор со САД за купување на 24 борбени авиони Ф-35


Чешката влада постигна договор со САД за набавка на 24 американски борбени авиони Ф-35 како дел од договорот вреден околу 150 милијарди чешки круни (6,6 милијарди долари). Тоа е најголемата нарачка за набавка на воена опрема во историјата на чешката армија. Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова и американскиот амбасадор Бијан Сабет потпишаа меморандум за […]

Од грип почина 20-годишна девојка – седма жртва


На Инфективната Клиника во Скопје почина 20-годишна девојка како последица на грип.  Како што пренесуваат медиумите, девојката имала коморбитети и не била вакцинирана против „инфлуенца“.  Од ИЈЗ се очекуваат официјалните бројки на заразени со грип во текот на јануари, додека надлежните алармираат дека пикот на сезонскиот грип се очекува кој кон крајот на февруари и […]