Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември.

Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во декември пораснаа за 0,3 отсто на годишно ниво, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ.

Вкупната вредност на кредитите на приватниот сектор во декември е зголемена за 0,5 отсто на годишно ниво.

Монетарниот агрегат М3 на вкупните ликвидни средства на еврозоната во декември се зголеми за 0,1 отсто на годишно ниво, а вредноста на потесниот монетарен агрегат М1, кој ги вклучува парите во оптек и депозитите преку ноќ, падна за 8,5 отсто во споредба со истиот месец минатата година.