Брисел му се заканува со економска „војна“ на Орбан


 Европската унија ќе ја саботира унгарската економија доколку Будимпешта ја блокира новата помош за Украина на самитот оваа недела, според доверливиот план изготвен од Брисел, што го објави во неделата Фајненшел Тајмс.

Брисел ја претстави стратегијата какоа експлицитно да ги таргетира економските слабости на Унгарија, да ја загрози нејзината валута и да доведе до колапс на довербата на инвеститорите во обид да им наштети на „работните места и растот“ доколку Будимпешта одбие да го укине своето вето за помошта за Киев, објави весникот, цитирајќи документ составен од претставници на ЕУ.

Озлогласен по многуте жестоки расправии со ЕУ за време на неговите 13 години на власт, унгарскиот премиер Виктор Орбан стана гласен критичар на поддршката на блокот за Украина и се пофали со своите врски со Кремљ откако Русија влезе во војна во Украина во февруари 2022 година.

Документот што го виде Фајненшел Тајмс одредува дека „во случај да нема договор на [самитот] на 1 февруари, другите шефови на држави и влади јавно би изјавиле дека во светлината на неконструктивното однесување на унгарскиот премиер… не можат да замислат дека „фондовите на ЕУ ќе и бидат обезбедени на Будимпешта“.

Унгарскиот министер за ЕУ, Јанош Бока, изјави дека Будимпешта дека не е запозната со  финансиската закана, но дека земјата „не попушта под притисокот“.