Шпајзот на Клои Кардашијан ја покажа разликата меѓу богатите и просечните граѓани


Ако апокалипсата се случи утре, Клои Кардашијан би можела да не издржи сите нас. Фотографија од целосно снабдениот и уредно организираниот шпајз и чајна кујна на славниот член на кланот Крадашијан-Џенер ја истакна разликата во безбедноста на храната помеѓу богатите и просечните луѓе. Шпајзот беше уреден како во апотека, по кутии, а едно лице коментираше: […]

Русија случајно бомбардираше сопствено село во близина на Украина


  Русија соопшти дека во вторникот случајно бомбардирала село во нејзиниот јужен регион Воронеж во близина на Украина, пренесе агенцијата Франс прес. Несреќата се случи истиот ден кога Русија ја погоди Украина со ракетен напад од големи размери. Во соопштението цитирано од руските новински агенции, руската армија вели: „На 2 јануари 2024 година, околу 9 […]

Бензините поевтинуваат половина денар, дизелот се намалува за еден денар


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто. Новата малопродажна […]

Од 1 јануари задолжително назначување на даночен застапник, еве за кого


Од почетокот на годинава, странските лица кои немаат седиште или подружница на територија на државава, а вршат промет на добра и услуги кои подлежат на данокот на додадена вредност, ќе мора да назначат даночен застапник за ДДВ.  Оваа обврска, како што стои во информацијата објавена на веб страницата на Управата за јавни приходи, произлегува од […]

(Видео) Во сударот на два авиона во Токио загинаа пет лица


  Пет лица во авион на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио загинаа како последица на судир со патнички авион, потврди полицијата, јавува телевизијата NHK. Во авионот Bombardier Dash-8 на крајбрежната стража, кој требало да донесе помош за жртвите од земјотресот, имало шест лица. Авион на Japan Airlines се судри со авионот на крајбрежната […]

Хајдн им беше ментор и на Моцарт и на Бетовен


Хумористичен, искрен, плоден и секогаш длабоко хуман, австрискиот композитор е заслужен за измислувањето на симфонијата и гудачкиот квартет. Дури и ако тоа не е строго точно, неговата креативност ја обликуваше западната класична музика Најславниот европски композитор кон крајот на 18. век, Јозеф Хајдн (1732-1809) беше познат по неговата брилијантна синтеза на новите стилови, што помогна […]

Околу 1.200 луѓе евакуирани во источна Индонезија по ерупција на вулкан


Властите на островот Флорес во Индонезија евакуираа речиси 1.2000 луѓе од селата во близина на вулканот Левотоби, откако исфрли пепел и чад до висина од 1.500 метри во воздухот, изјави денеска официјален претставник. Вулканот, кој се наоѓа во областа Источен Флорес во источната провинција Источна Нуса Тенгара, еруптираше вчера, што ги натера властите да го […]

Цените на нафтата растат на почетокот на 2024 година


Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Цените беа најмногу погодени од тензиите во Црвеното Море, пренесува германската новинска агенција Дпа. Барел нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 72,91 долар до попладне време по Сингапур, што е за 1,26 долари повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март […]

Скопје во Топ 10 европски градови со незадоволни жители од условите за живот


Скопје уште еднаш влезе во категоријата на градови каде жителите на главниот град се незадоволни од условите за живот. Како главни критериурми во извештајот на SchengenVisaInfo.com се вклучени повеќе аспекти како безбедноста, пристапот до јавни добра, здравствената заштита, киријата и јавната администрација. Она што е интересното во овој извештај е што помалите градови се сметаат […]

Бил Клинтон се споменува повеќе од 50 пати во документите за педофилскиот синџир на Џефри Епштајн


Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон е наведен под кодното име Џон До 36 во судските документи поврзани со починатиот сексуален престапник и милионер Епштајн кој се самоуби во затвор. Клинтон беше спомнат повеќе од 50 пати во текот на истрагата за цензурираните документи, што треба да бидат објавени деновиве. Главниот судија на американскиот Окружен […]

Во изминатите 25 години, еврото покажа издржливост и покрај лошите предвидувања


  Валутата на Европската унија, еврото, и помага на Европа да остане самоопределена на глобално ниво, вели претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во текстот по повод претстојната 25-годишнина на валутата. „Воведувањето на втората најважна валута во светот ни даде поголема независност во турбулентен свет“, напиша Лагард во заедничката статија со Урсула фон дер […]

До крајот на неделава променливо облачно со повремен дожд


Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела, соопшти УХМР.  Минималната утринска […]

Данската принцеза Мери ќе стане првата кралица родена во Австралија


Бајката на австралиската директорка за продажба во повисоките редови на европското кралско семејство ќе кулминира кон крајот на овој месец кога престолонаследничката, принцезата Мери Елизабета од Данска ќе стане кралица на земјата. Последниот дел од патот на Марија од Тасманија до данскиот престол беше расчистен на новогодишната ноќ со изненадувачката абдиција на кралицата Маргрета Втора, […]

МЗ: Уште две пациентки со цистична фиброза примија „трикафта“


Во петокот уште две пациентки со цистична фиброза го примија лекот „трикафта“, потврди за МИА, портпаролката на Министерството за здравство, Берна Шерифовска. Тие во моментот, како што информираат од Министерството за здравство, се наоѓаат на Клиниката за детски болести и нивната здравствена состојба е стабилна. – Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар […]

Венеција ја ограничува посетата на туристички групи на 25 за да го заштити градот


Венеција денеска најави нови ограничувања на големината на туристичките групи за да се намали притисокот на масовниот туризам врз италијанскиот град. Почнувајќи од јуни, групите ќе бидат ограничени на 25 лица, што е приближно половина од капацитетот на туристичкиот автобус, се вели во соопштението за печатот од градските власти во Венеција, пренесе Гласот на Америка. […]

„Вонка“ доминира во трката на бокс офисот за новогодишниот викенд


Приказната за потеклото на Вили Вонка, со Тимоти Шаламе во главната улога, е на пат да заработи 31,8 милиони долари во САД за време на четиридневниот празничен викенд, според Холивуд Репортер. Овие бројки, наводно, ќе му донесат на мјузиклот во режија на Пол Кинг вкупна заработк  од 142 милиони долари до понеделник (1 јануари). Wonka, […]

2 декември во историјата – Наполеон се круниса за император


  Во катедралата Нотр Дам во Париз, Наполеон Бонапарта во 1804 е крунисан како Наполеон I, првиот Французин кој ја има титулата император по илјада години. Папата Пиј VII му ја предаде на Наполеон круната што 35-годишниот освојувач на Европа ја постави на сопствената глава. Наполеон роден на Корзика, еден од најголемите воени стратези во […]

Поштенска марка во чест на Бата Живојиновиќ 


Поштата на Србија промовираше комеморативна марка со ликот на легенрадниот актер Велимир Бата Живојиновиќ (1933-2016). В. д. на Поштата на Србија Зоран Ѓорѓевиќрече дека марката е издадена на крајот од две години по повод двојниот јубилеј – 50 години од воениот филм „Сутјеска“ (1973) и 55 години од акциониот филм „Мостот“. (1969), во која играше […]

Пресудата од Управниот суд за разрешувањето на Дамева пристигна во Судски совет, ќе биде разгледана утре


Во Судскиот совет пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираат од Советот. Оттаму велат дека таа ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба. Весна Дамева […]

(Видео) Гори авион во Токио, се запали при слетување. Евакуирани се 367 патници


При слетување на аеродром во Јапонија се запалил авион, јавуваат светските агенции. Станува збор за авион на Japan Airlines, а несреќата се случила на аеродромот „Ханеда“ во Токио. Во авионот имало околу 400 луѓе, според информациите кои светските медиуми ги пренесоа од јапонската телевизија, сите се евакуирани. Пожарот настанал по судир со авион на крајбрежната […]