(Видео) Во сударот на два авиона во Токио загинаа пет лица

Сите 379 патници од авинот „Ербас А-350“ кој бил целиот во пламен се безбедно евакуирани. Петтемина загинати се од помалиот авион на Крајбрежната стража


 

Пет лица во авион на крајбрежната стража на аеродромот „Ханеда“ во Токио загинаа како последица на судир со патнички авион, потврди полицијата, јавува телевизијата NHK.

Во авионот Bombardier Dash-8 на крајбрежната стража, кој требало да донесе помош за жртвите од земјотресот, имало шест лица.

Авион на Japan Airlines се судри со авионот на крајбрежната стража при слетување во Токио.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот авион бил на пат кон аеродромот Ниигата за да достави помош за полуостровот Ното погоден од земјотресот, пренесува новинската агенција „Ројтерс“.

Вкупно 379 патници се евакуирани од запалениот авион на пистата. Видео објавено на социјалните мрежи ја покажува ситуацијата во внатрешноста на авионот.

Еден од патниците го снимил слетувањето, по што се гледа како густ чад се шири во авионот, а патниците носат маски.