Цените на нафтата растат на почетокот на 2024 година


Цените на нафтата благо пораснаа на азиското тргување денеска. Цените беа најмногу погодени од тензиите во Црвеното Море, пренесува германската новинска агенција Дпа.

Барел нафта од 159 литри за испорака во февруари беше 72,91 долар до попладне време по Сингапур, што е за 1,26 долари повеќе од петокот. Северноморската нафта „брент“ за испорака во март поскапе за 1,51 долари на 78,55 долари.