Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја прободен со нож во вратот


  Лидерот на јужнокорејската либерална опозиција, Ли Џае-мјунг, беше избоден со нож во вратот од неидентификуван маж кој се обидел да го убие за време на неговата посета на југоисточниот град Бусан, соопшти полицијата. Ли (59), шеф на главната опозициска Демократска партија, беше пренесен со хеликоптер во болница во Сеул на операција откако доби итна […]

Се отвораат судските документи со имињата на клиентите на Џефри Епштајн


Лос Анџелес – Повеќе стотици страници запечатени судски поднесоци што се однесуваат на починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн и имињата на неговите соработници и клиенти, треба да бидат објавени деновиве. Од поистакнатите имиња, според упатени извори, се очекуваат оние на британскиот принц Ендрју и поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Окружната судијка Лорета Преска претходно […]

Летовите значително побезбедни: Еве колку луѓе ги загубија животите во воздушниот сообраќај во 2023 година


Германската асоцијација за воздушен транспорт (БДЛ) во вторникот објави дека 80 луѓе ги загубиле животите во авионски превоз во 2023 година, вклучително и осум членови на екипажот, што е втор најмал број од 1970 година. Статистиката вклучува авиони со капацитет од најмалку 14 седишта. Бројките се уште поимпресивни ако се земе предвид бројката на Меѓународната […]

Вработените во JYSK со зголемени плати за цели 23,5 отсто, а добија и солиден божиќен бонус


Вработените во JYSK, данскиот малопродажен синџир, се очекува да добијат просечно зголемување на приходите од 23,5 проценти во 2024 година, додека за некои зголемувањето ќе биде дури 36 проценти. Весна Кукиќ Лончариќ, директорка на JYSK Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија, истакна дека е горда на ова значително зголемување на приходите за вработените во […]

Најгледана евровизиска песна за 2023 е „Ча ча ча“ на финскиот претставник


Најгледана евровизиска песна за 2023 година на „Јутјуб“ е „Ча ча ча“. Со неа, финскиот претставник, минатата година, го освои второто место на музичкиот натпревар што се одржа во Ливерпул. Втора најгледана песна е победничката, „Тату“ на Лорин, соопштија организаторите. Годинава домаќин на „Евровизија“ ќе биде Малме, односно Шведска. Двете полуфиналиња ќе бидат на 7 […]

Рекордни 65.000 луѓе учествуваа во новогодишното капење во морето во Холандија


Повеќе од 65.000 луѓе на првиот ден од Новата година учествуваа во традиционалното новогодишно капење во морето во Холандија, а повеќе од 10.000 луѓе скокнаа во морето од плажа во областа Шевенинген во Хаг. #nieuwjaarsduik Hilgelo Winterswijk zorgt voor fris maar bovenal vrolijk en trots begin van 2024. pic.twitter.com/5xF1kc4q83 — WimRuesink (@WimRuesink) January 1, 2024 […]

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната […]

Во САД падна првиот „Пауербол џекпот“ за годинава, добивката е 842 милиони долари


 Во Мичиген (САД) е освоен првиот „Пауербол џекпот“ во новата година. Првичната добивка е 842 милиони долари, а проценетата готовинска вредност е 425,2 милиони долари, според лотаријата. Вчерашниот џекпот е петти најголем во историјата на „Пауербол“ и 10-ти најголем џекпот воопшто на која било лотарија на САД. Добитничките броеви извлечени вчера, на првиот ден од […]

Расте бројот на загинати во Јапонија – тлото поместено за еден метар


  Во силниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на Нова година загинаа најмалку 48 луѓе, а потрагата по преживеани под урнатините продолжува. Најмалку 45 илјади домови се без струја. Сè уште не се познати обемот на штетата и бројот на жртвите ден по земјотресот. Силен земјотрес ја погоди во понеделникот централна Јапонија, уништувајќи згради, […]

Поплави во источна Австралија


Обилните дождови предизвикаа поплави во делови од источна Австралија, поплавувајќи патишта, отсекувајќи градови и оштетувајќи имот, додека властите ги советуваат жителите на ниските места да се евакуираат. Во неколку региони во југоисточниот дел на Квинсленд и северниот дел на Нов Јужен Велс во последните три дена наврнала количина еднаква на најмалку два месеци врнежи. Во […]

Финскиот претседател ја повика Европа да инвестира во производството на оружје


Европа треба да биде силна не за да води војна, туку да гарантира мир, рече финскиот претседател Саули Ниинисто, повикувајќи ја Европа да инвестира во производството на оружје. Според него, инвестициите во производството на оружје се неопходни не само за да се обезбеди потребната помош, туку за силна Европа. -Силен, не да води војна, туку […]

Зошто летовите до Месечината и Марс нема да се случат наскоро?


Иако речиси цела деценија се најавува „спектакуларно“ враќање на астронаутите на Месечината, пред се американските, а потоа и оние на другите големи сили кои имаат свои вселенски програми, како што често се случува во историјата на човештвото – овој пат, „земните“ настани ги забавија или ги одложија големите проекти на неодредено време. Помина повеќе од […]

Земји каде што Нова година и Божик се забранети


 За голем дел од светот, деновите околу Нова година и Божик се најочекуваното, најраскошното, најубавото време во годината. Но, овие празници во некои земји се забранети или условно ограничени – поради разни причини и правила. Следат пет држави каде што новогодишната еуфорија не е така добродојдена. Саудиска Арабија Забраната на божиќните и новогодишните забави во оваа […]

Европол: Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години


 Шверцот на кокаин во Европа ќе продолжи да се зголемува во следните две години поради растечкото производство во Јужна Америка, изјави извршната директорка на Европската полициска служба (Европол), Кетрин де Бол, за ДПА. -Не можеме целосно да го спречиме бидејќи побарувачката е превисока, додаде таа. Истовремено, Европол забележува зголемен успех на истрагите во борбата против […]

Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид, пренесува „El Chiringuito“. Ова укажува дека 25-годишниот Французин се подготвува да се пресели во Реал Мадрид. Во шпанските медиуми се пишува за директен контакт на Мбапе со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид доставил […]

Си Џинпинг призна дека Кина има економски проблеми


Кинеските бизниси се мачат, а невработените имаат проблем да најдат работа, призна кинескиот претседател Си Џинпинг за време на своето новогодишно обраќање.  -Некои бизниси претрпеа тешки времиња. Некои луѓе имаа потешкотии да најдат работа и да ги задоволат основните потреби, рече Си во телевизискиот говор, јави Си-Ен-Ен. Изјавата доаѓа во критично време за втората по […]

Зеленски: Обезбедувајќи ни оружје и пари, Европа ги спасува своите деца


Армијата на рускиот претседател Владимир Путин не успеа да освои ниту еден голем град во 2023 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украина успеа да ја пробие руската блокада на Црното Море, овозможувајќи транспорт на милиони тони жито, рече тој во интервју за Економист, истакнувајќи дека тоа е „огромен резултат“. Според украинскиот претседател, Западот го […]

Деспотовски: Нова инвестиција во ТИРЗ, само за плати предвидува над 15 милиони евра годишно


Компанија од атрактивна технолошка дестинација од Југоисточна Азија е новата странска инвестиција со која Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) ќе ја почне 2024 година. Како што открива директорот на Дирекцијата Јован Деспотовски во интервју за МИА, инвестицијата ќе биде објавена утре, локацијата е ТИРЗ Скопје 1, а до крајот на инвестицискиот период само […]

Нобеловецот кој извлече милиони луѓе од сиромаштија осуден на шест месеци затвор


Судот во Бангладеш денеска го осуди нобеловецот Мухамед Јунус на шест месеци затвор за кршење на работните закони, соопштија обвинителите, додека Јунус тврди дека е осуден за кривично дело што не го сторил, пренесуваат британските медиуми.  Јунус (83) и неговата банка Грамин ја добија наградата за мир во 2006 година за нивната работа со која […]

Нови правила на ЕУ против затајувањето ДДВ и за минимална стапка за корпоративно оданочување


 Во Европската Унија стапија во сила нови правила за спречување на измами со данокот на додадена вредност (ДДВ), како и за воведување минимална стапка на ефективно оданочување од 15 отсто за мултинационалните компании активни во земјите членки на ЕУ.  Новите правила за транспарентност при плаќањето на даноци од страна на компаниите треба да им овозможат […]