Таравари: Бараме широк консензус за одржување на претседателски и парламентарни избори заедно


Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред почетокот на денешната лидерска средба изјави дека имаат синхронизирани позиции со партиите од Владата, а на средбата ќе бараат широк консензус за одржување на претседателските и парламентарните избори заедно.  -Нашите позиции се синхронизирани со партиите од Владата. Значи, сега бараме широк консензус за одржување на […]

Мицкоски: Уставни измени нема да има додека немаме јасен европски пат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска пред почетокот на лидерската средба во Собранието изјави дека уставни измени нема да има се додека немаме јасен европски пат. Според него, ниту техничката влада ниту уставните измени не се предмет на оваа средба, туку датумот на одржување на парламентарните и претседателски избори. -На денешниот состанок очекувам да разговараме […]

Цел Холивуд на гала вечерта на Филмскиот музеј во Лос Анџелес (галерија)


Лос Анџелес- Не беа Оскари, ама беше гламурозно како оскаровската ноќ на црвениот и розевиот ќилим. Вечерта беше со изразен гламур и луксуз, па такви беа и креациите  – видовме многу елегантни, убави фустани, со потпис на врвни дизајнери и куќи. Вечерта – третото гала издание на Филмскиот музеј , им оддаде почит на четворица […]

Ердоган: На Нетанјаху ќе му се суди како на воен злосторник за офанзивата во Газа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на крајот ќе му се суди како воен злосторник за израелската офанзива во Појасот Газа. Британските медиуми пренесуваат дека турскиот претседател во говор на состанокот на комитетот на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) во Истанбул, кажа дека Газа е палестинска земја и […]

Обилни снежни врнежи во Велика Британија, без струја 2.500 потрошувачи, блокирани автопатите


 Обилните снежни врнежи ја зафатија Велика Британија. Повеќе од 2.500 потрошувачи останаа без електрична енергија, а автопатите се блокирани, соопштија властите. Некои возачи рекоа дека биле завејани поради снегот и дека наместо пет часа колку што вообичаено им треба за да стигнат до посакуваната дестинација, поради снегот тие патувале 19 часа. Противпожарната и спасувачката служба […]

Од утре до четврток дожд и снег


 Во вторник и во среда по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Од утре попладне до четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во четврток во попладневните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите […]

Општина Желино блокира сеча на дрва, ја обвини централната власт за уништување на природата


Општина Желино ја обвини централната власт дека придонесува за долгорочно уништување на природата затоа што дозволиле сеча на борови дрва на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, а што се наоѓа на општинско подрачје. Градоначалникот Блерим Сејдиу денес на прес-конференција рече дека поради тоа се одлучиле да го блокираат пристапот до локацијата. – Се […]

Во Собранието почна лидерската средба за датумот за изборите


Во Собранието почна средбата на лидерите на најголемите парламентарни партии во земјата – владејачките СДСМ и коалицијата, ДУИ и Алијанса на Албанците и опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, партиите од Европскиот сојуз за промени… на која треба да се разговара за претседателските и парламентарните избори 2024 година, но и за евроинтеграциите и техничката влада. На средбата […]

Кој е Љупчо Палевски – од прогресивец до радикален десничар и најпосле убиец


Друштво од маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација, возрасни луѓе, неконтролабилни во однесувањето.  Водач на оваа група, која ги грабна и егзекутираше Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска, е познатото јавно лице, особено во Скопје, Љупчо Палевски – Палчо. Во 48-часовен притвор, додека не се обезбедат сите дополнителни докази се и Велибор Манев, Влатко […]

Земјотрес од 5,1 степен го погоди Истанбул, нема информации за жртви


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во реонот на Истанбул. Земјотресот се случил во 10.42 часот по локално време и е силно почувствуван во многу области на градот, главно долж брегот на Мраморното Море, како и во градовите Бурса, Коџаели и Јалова. Опсерваторијата Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот […]

Наградата на Центарот Кенеди за Били Кристал, Дион Ворвик и Бари Гиб


Вашингтон– Пејачката Дион Ворвик, комичарот Били Кристал, членот на Би Џиз, Бари Гиб, раперката и актерка Квин Латифа и оперската ѕвезда Рене Флеминг се меѓу истакнатите личности кои во неделата ја примија наградата на Центарот за изведувачки уметности Џон Ф. Кенеди, најреномираната американската награда во областа на културата, во присуство на американскиот претседател Џо Бајден. […]

Јужна Кореја успешно изведе пробен лет на вселенска ракета со цврсто гориво


Сеул – Јужна Кореја денеска успешно изведе пробен лет на вселенска ракета со цврсто гориво што носеше сателит над морето кај островот Џеџу, соопшти Министерството за одбрана. Тоа беше трет тест од ваков вид по тестовите во декември и март минатата година. „Лансирањето вклучува технологија развиена во Агенцијата за развој на одбраната во земјата и вселенска […]

Бубевски: Tаткото посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома


Главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека тројца од осомничените го признале делото. За убиствата, кои ги оквалификува како грозоморни, рече дека се предвидени максимални затворски казни.  – За тројца од петмината инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот и кој за што бил […]

За една недела отстранети 224 непрописно паркирани возила во општина Центар


За една недела на територија на општина Центар казнети се 224 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Како што информираат ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, од 27 ноември 2023 година до 3 декември 2023 со помош на специјалните возила „пајак“ […]

Недела на полски Филм во Кинотека


Од 06 до 10 декември 2023 во Кинотеката ќе се одржи НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ. Ревијата ќе започне со прикажување на филмот ИО на Јержи Сколимовски! / ИО е последниот филм на Јержи Сколимовски, легендата на полското и Европското кино. Тој со овој филм покажува дека има уште што да каже. ЕО е еден од неговите најоригинални и […]

Силен земјотрес ја погоди Турција


Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди западниот дел на Турција. Земјотресот се случил на 37 километри северозападно од градот Бурса и на 12 километри од Мудања, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Земјотресот бил почувствуван и во Истанбул, јавуваат локалните медиуми.

Ноември топол и екстремно врнежлив месец


Според мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици во земјавам, месев ноември 2023 година се карактеризира како топол и екстремно врнежлив месец, соопшти УХМР. Средномесечната температура се движеше од 4,1 степен во Лазарополе до 11 степени во Гевгелија. Споредено со просечните ноемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната ноемвриска температура […]

Училиштето „Песталоци“ и целата земја потонати во тага за Вања Ѓорчевска


 Во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ во Скопје денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14 годишната Вања Ѓорчевска. На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата […]

Спасовски: Вања е киднапирана во влезот на зградата и ставена во багажникот на возилото


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Јавното обвинителство рече дека според сознанијата и исказите на осомничените, Вања е киднапирана во влезот на зградата и со врзани раце и нозе и во вреќа за спиење е ставена во багажникот на возилото „цитроен“ и однесена надвор од Скопје каде е убиена по што е […]

Вања била киднапирана за да изнудат пари од мајката, со знаење на таткото


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.  -Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија […]