Шест заложници од Газа денеска се враќаат во Тајланд


Бангкок- Шест тајландски заложници кои ги држеше палестинското движење Хамас неколку недели во Појасот Газа треба денеска да пристигнат во својата земја, соопштија тамошните власти. Тајланѓаните работеа главно во земјоделскиот сектор во Израел кога започна војната на 7 октомври и тогаш Хамас киднапираше околу 240 луѓе. Меѓу заложниците на Хамас имало и 32 Тајланѓани, за […]

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на Ролан Гарос продаден на аукција за 107 илјади долари


Њујорк – Рекетот на Новак Ѓоковиќ беше продаден на американска аукција за спортски сувенири. Конечната цена на рекетот со кој Србинот го освои Ролан Гарос 2016 година изнесуваше 107.482 долари. Според описот на аукциската куќа, ова е рекетот кој Ѓоковиќ играше во финалето против Енди Мареј. За време на меч-топката Србинот имаше поинаков рекет во […]

Велика Британија планира извидувачки летови над Израел и Газа за да ги лоцира заложниците


Лондон– Обединетото Кралство планира извидувачки летови над Израел и Појасот Газа со цел да ги лоцира луѓето кои се заложници на палестинското исламистичко движење Хамас, соопшти британското Министерство за одбрана. „По терористичките напади на 7 октомври 2023 година против Израел, британската влада работи со партнерите од целиот регион за да обезбеди ослободување на луѓето кои […]

ЦУК: Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно


На  Единствениот број за итни случаи 112, вчера била добиена пријава за залутани деца во пределот на Средно Водно кои преку земјан пат сакале побрзо да стигнат во градот, но се изгубиле, соопшти Центарот за управување со кризи. Веднаш била известена полицијата и по релативно кусо децата се најдени во добра здравствена состојба и се […]

(Видео) Прес на МВР и ОЈО за двете убиства што ја потресоа јавноста


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски во зградата на Јавното обвинителство денес во 9, 30 часот ќе одржат заедничка прес конференција за случајот со грозоморното киднапирање и убиство на малолетничката и пензионерот. Доцна синоќа беа приведени тројца осомничени за двете убиства, меѓу кои и таткото […]

Четиридневен штрајк на таксистите во Грција


Атина – Таксистите во Грција од утрово започнаа два 48-часовни штрајкови, поради новиот предлог-закон за даноци и начин на оданочување, додека пак Атина, без такси ќе биде утре и задутре, јави дописничката на МИА од Атина. Од Федерацијата на такси возила во цела Грција соопштија дека штрајкот е од денеска во пет часот наутро и […]

Температури во Сибир од минус 50 степени Целзиусови, рекордни снежни врнежи во Москва


Москва – Температурите во делови од Сибир се спуштија до минус 50 степени Целзиусови, додека снежните виулици ја зафатија Москва со рекордни снежни врнежи, а многу летови доцнат или се одложени. Најмалку 54 летови се одложени, а уште пет се откажани на трите најголеми аеродроми во главниот град, јави руска новинска агенција Во Република Јакутија […]

Одреден притвор за тројца осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска


Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи притвор од 48 часа на три лица кои беа спроведени во суд, а се осомничени за убуитвото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврдија од судот за МИА.  Притворот им е определен поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и сторување ново кривично дело. […]

Белата куќа го демантира „Њујорк Тајмс“: Не знаевме за планот за напад на Хамас врз Израел


Вашингтон – „Американската влада не беше информирана дека Хамас планира напад врз Израел на 7 октомври“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. -Нашата разузнавачка заедница соопшти дека тоа го прегледала и во моментов ништо не укажува дека имало било какви предупредувања за овој документ или било какво сознанија за него, изјави Кирби […]

Пет избори кои ќе го обликуваат светскиот поредок во 2024 година


Дали Доналд Трамп се враќа? Ќе се осмели ли некој во Русија да го предизвика Владимир Путин? Следната година половина од светот ќе излезе на избори, вклучително и триесет земји кои ќе избираат претседател. Ова се пет избори на кои треба да се посвети внимание: Реприза Трамп-Бајден Десетици милиони Американци во ноември ќе гласаат за […]

Магла во Крушево, на Стража и на Плетвар


Сообраќајот на патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Магла со видливост до 50 до 100 метри има во Крушево, Маврово, крак Маврово-Стража и на Плетвар. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно возење и […]

Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник


Разговор со словенечкиот писател Рок Вилчник – рокгре и промоција на неговото творештво ќе се одржи вечерва во 19 часот во литературно кафе „Метаноја“ во Скопје. Промотор на настанот ќе биде д-р Коста Милков. Стихови во превод на македонски јазик на Теодора Кркачева и Влајко Марјановиќ ќе интерпретира Винсент Вилчник. Истовремено, настанот ќе биде збогатен […]

„Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“ со Дино Имери и Дијана Имери Илкоска


Пијанистот Дино Имери и маестра Дијана Имери Илкоска вечерва во 20 часот  во камерната сала на Филхармонија ќе одржат концерт „Музика и поезија – вечер со музиката на Шопен“. На концертот Дино Имери ќе се претстави како солист на пијано, а под диригентската палка на Дијана Имери Илкоска ќе настапи и камерниот оркестар „ID“. На […]

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен до северозападен правец. Претпладне понекаде вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер. Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -5 до четири, а максималната ќе достигне од пет до 10 степени. Во […]

Еврокомесарката Урпилаинен времено се повлече од ЕК за да се кандидира за претседателка на Финска


Брисел – Еврокомесарката за меѓународни партнерства Јута Урпилаинен побара нејзината функција во Европската комисија да се стави во мирување, со цел да може да учествува на претседателските избори во Финска како кандидат на нејзината Социјалдемократска партија (СДП), јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти ЕК, Урпилаинен ја информирала претседателката на Европската комисија, Урсула […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 4 декември  2023 година, 338-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 27 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее […]

Лога: Одговорност и максимални казни за сторителите


Министерот за правда Кренар Лога вечерва на својата Фејсбук страница изрази сочувство до семејствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени синоќа откако беа пријавени за исчезнати. -Искрено и најдлабоко сочуство до семејствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова е една од најголемите трагедии во нашата држава затоа што […]

Велешанецот Велибор Манев спроведен во Кривичниот суд во Скопје


Велешанецот Велибор Манев, кој е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, вечерва е спроведен во Кривичниот суд во Скопје.  Во изјава за медиумите, прашан дали го извршил убиството на Вања, Манев одговори негативно.  Вања беше пријавена за исчезната во понелденикот на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено денеска во близина на […]

Таткото на Вања Ѓорчевска на распит во полициска станица


 Таткото на убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска е на распит во полициска станица, откако вечерва МВР соопшти дека девојчето по кое се трагаше од понеделникот е пронајдено мртво, потврдија од Обвинителството.  Оттаму велат дека ќе биде задржан до утре и дека се расчистува да се види неговата инволвираност. Вања исчезна на 27 ноември, а денеска во […]

Книга на жалост за Вања ќе биде отворена утре во ООУ ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” 


Со огромно жалење, скршени од болка за прерано згаснатиот живот на Вања, ве информираме дека утре, од 90 часот, на службениот влез на училиштето ,,Јохан Хајнрих – Песталоци” ќе биде отворена книга на жалост. Ги повикуваме блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат. Во моментот менаџментот на училиштето […]