СЗО влезе во Ал Шифа, најде масовна гробница и 32 деца во критична состојба


Хуманитарен тим  за проценка на СЗО ја посетил болницата Ал Шифа во северна Газа и видел знаци на гранатирање и пукање во она што е опишано како зона на смртта, објави денес Светската здравствена организација (СЗО). Тимот ја опишал ситуацијата како „очајна“, имајќи предвид дека болницата не функционира како медицинска установа поради недостигот од чиста […]

Адетокумбо испиша историја во НБА


 Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо го предводеше изминатата ноќ Милвоки до деветта победа сезонава во НБА лигата, поставувајќи воедно рекорд во триумфот над Далас од 132-125. Адетокумбо придонесе во триумфот со 40 поени и стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата кој постигнал 16.000 поени, 7.000 скокови и 3.000 асистенции. Ѕвездата на Милвоки влезе во […]

Велика Британија ќе го модернизира затворскиот систем во Албанија


Триесет и седум минибуси и електрични возила ќе и бидат доделени на Албанија од страна на британската Влада, во вредност од над 1,5 милиона фунти, како дел од неодамнешниот договор за враќање на осудени Албанци од британските во албанските затвори, пишува британски „Индипендент”, јави агенцијата Балканвеб. Договорот предвидува 200 албански државјани, кои издржуваат затворска казна […]

Катарскиот премиер потврди дека Израел и Хамас се блиску до договор за заложниците


Катарскиот премиер, шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, денеска изјави дека е се поубеден дека ќе се постигне договор за заложниците меѓу Израел и Хамас, додавајќи дека предизвиците кои остануваат( до исполнување на договорот)  ” се многу мали”. -Предизвиците што стојат на патот за постигнување договор се само практични и логистички, рече шеикот Мохамед во Доха, […]

Украинската армија ги потисна руските сили на левиот брег на Дњепар


 Украинската армија денеска објави дека ги истуркала руските сили „на три до осум километри“ во внатрешноста на левиот брег на реката Дњепар. -Првите податоци варираат од три до осум километри во зависност од спецификите, географијата и топографијата на левиот брег, изјави портпаролката на армијата Наталија Гумењук. Доколку се потврди оваа вест, тогаш тоа ќе биде […]

„Отвори очи и со памет! во сообраќајот не си сам“ – Проект на Рудник САСА, Општина Македонска Каменица и МВР за поголема безбедност во сообраќајот


  По повод 19. Ноември, прогласен од Обединетите нации за Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи, рудникот за олово и цинк САСА, во партнерство со Општина Македонска Каменица и Министерството за внатрешни работи, започнува со реализација на Проект за подигнување на јавната свест и зголемување на безбедноста во сообраќајот. Основен мотив за […]

Уставниот суд ги прифати иницијативите на Лога, укинати три правилници и 8 прописи со пречекорен рок


Министерството за правда извести дека Уставниот суд , по  20-те иницијативи да се оцени  уставноста на повеќе прописи објавени во спротивност со членот 52 од Уставот, донел одлука со која се  укинати  три правилници. За нив од страна на судот е “оценето дека при објава на истите недвосмислено произлегува дека е пречекорен уставниот рок за […]

Орбан: Украина е светлосни години далеку од ЕУ


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е „светлосни години“ оддалечена од пристапувањето кон Европската унија. Говорејќи на конгресот на неговата партија Фидес, Орбан кажа дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на разговорите во ЕУ кон средината на декември за тоа дали Киев треба формално да ги почне преговорите за пристапување во европскиот […]

Аргентина без здив: Дали популистичкиот провокатор ќе победи на изборите?


  Аргентина викендов се движи на работ на непредвидлива нова политичка ера со непредвидливиот крајнодесничарски популист познат како „Ел Локо“ (Лудиот), благ фаворит да стане претседател на втората по големина економија во Јужна Америка на изборите во недела. Додека 35 милиони аргентински гласачи се подготвуваа да го изберат својот нов лидер во услови на зголемена […]

Украина има проблем како да регрутира нови војници


  На глобалната сцена, украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано испраќа порака: во посетите на Вашингтон и другите западни престолнини, тој се фокусираше на снабдување на Киев со понапредно оружје, муниција и финансирање. Дома, сепак, се соочува со проблем со човечките ресурси. Војната се приближува кон крајот на својата втора година, а војската на Украина има […]

19 ноември во историјата – Абрахам Линколн го одржа најважниот говор


  На 19 ноември 1863 година, на посветувањето на воените гробишта во Гетисбург, Пенсилванија, за време на американската граѓанска војна, претседателот Абрахам Линколн одржa еден од најнезаборавните говори во американската историја. Со помалку од 275 зборови, Линколн брилијантно и трогателно ја потсети јавноста уморна од војна зошто Унијата мораше да се бори и да победи […]

Фестивалот на младо вино во „Тиквеш“ како модна писта


Веќе 14 години е престиж да бидеш поканет и да дегустираш врвни вина од избрани микролокации на фестивалот на младо вино во „Тиквеш“, прв и единствен од ваков вид во земјава фестивал кој има значајна улога во градењето и развојот на винската култура во земјата, но и регионот.  Викендов, првото отворање на бочвите со вино […]

Германските фармери не ја сакаат Украина во ЕУ


  По минатонеделната препорака на Европската комисија за отворање формални пристапни преговори со Украина, Јоаким Руквид, претседателот на Здружението на германските фармери (ДБВ), предупреди на нејзините последици врз земјоделскиот сектор. Пристапувањето „ќе доведе до пропаст на семејното земјоделство во Европа“, рече тој на прес-конференцијата за иднината на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на ЕУ. Ова мора […]

Универзална сала уште не е предадена на Министерството за култура, нешто е закочено


  Иако од одлуката има поминато два месеци Градот Скопје никако да ја предаде Универзалната сала на Министерството за култура за да се заврши нејзината реконструкција. „Универзалната сала  сѐ уште е под надлежност на Град Скопје. Се надевам дека одложувањето на предавањето на правото на реконструкција на Министерството за култура, не е предмет на политички […]

Блиску е договорот за ослободување десетици жени и деца кои се заложници во Газа


  Израел, САД и Хамас се „блиску“ до договор преку катарски посредници со кој ќе се ослободат десетици жени и деца заложници кои ги држат терористите во Газа, во замена за петдневна пауза во борбите, пишува „Вашингтон пост“. Изданието цитира „детален договор на шест страници“, кој вели дека Израел и Хамас ќе ги замрзнат сите […]

Може ли новиот економски план на ЕУ да направи Европа од Западен Балкан?


  Високи преставници на ЕУ во петокот во Скопје го претставија пред министрите од Западен Балкан Планот за раст, како нов инструмент со кој ЕУ сака да го намали јазот меѓу неа и регионот и постепено да нѐ вклучи во политиките на Унијата. Ова не е прв план што вака амбициозно се најавува од Брисел, […]

„Камник“ и „Тиквеш“ меѓу добитниците за најдобри вина на саемот „Винска визија“


Српската премиерка Ана Брнабиќ на третиот ден од Вториот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ вечерва ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии „Камник“ и „Тиквеш“, јави дописникот на МИА од Белград. Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое […]

Израел и по војната ќе спроведува безбедносна контрола во Газа


Шефот на израелската дипломатија и член на политичко-безбедносниот кабинет Ели Коен денеска изјави дека Палестинската управа (ПА) не е решение за прашањето за идното управување со Газа. Во интервју за израелскиот Канал 12, тој кажа дека ќе има „во секое време ќе има израелска безбедносна контрола од реката Јордан до Средоземно Море“, објави весникот „Хаарец“. […]

Костадиновска-Стојчевска: Се уште има време да се затвори прашањето за изборите


 Потпретседателката на СДСМ и министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва изјави дека се уште има време за да се затвори прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат истовремено или ќе бидат одвоени.  Одлуката, како што изјави Костадиновска-Стојчевска, треба да ја донесат сите коалициони партнери. – Има уште време до крајот на годината да […]

ЦУК: Падна дел од фасада на Рекорд, за среќа никој не е повреден


Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел фасада и можна опасност да падне уште дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел фасада, најгоре од зградата, не се знае со сигурност, но секако е потенцијална опасност за нинувачите. За среќа никој не е повреден, информира Центарот за управување со кризи. […]