„Знаците на гранатирање и пукање се очигледни. Тимот видел масовна гробница на влезот во болницата и кажано им е дека таму се закопани повеќе од 80 луѓе“, соопшти СЗО.Ходниците и болничкиот круг биле полни со медицински и кабаст отпад, а пациентите и здравствениот персонал изразиле страв за своите здравје и безбедност, се наведува. Во Ал Шифа останале 25 здравствени работници и 291 пациент, вклучувајќи 32 бебиња во критична состојба.

„Светската здравствена организација и партнерите итно развиваат планови за евакуација на преостанатите пациенти, персонал и нивните семејства“, се соопштува. „Во текот на следните 24 до 72 часа, чекајќи гаранции за безбеден премин од страните во конфликтот, се договараат дополнителни мисии за итен транспорт на пациентите“ во други болници на југот на Газа.

Израелската војска не ја коментираше изјавата на СЗО ни посетата.

Израелските сили ја заземаа Ал Шифа во својата офанзива на северот на Газа минатата недела, тврдејќи дека во болницата се крие команден центар на Хамас, без да приложат докази. Војската тврди дека има докази за постоење на база на Хамас, но персоналот на Ал Шифа истакнува дека Израел не докажал ништо слично. Посетата на СЗО била усогласена со израелската војска за да се намалат ризиците, но се случила во зона на активни конфликти, со тешки борби во близина на болницата.

СЗО го повтори својот повик за моментален прекин на огнот и постојана хуманитарна помош, истакнувајќи дека можноста за медицинска нега во енклавата е сè помала. Тимот предводен од СЗО вклучувал експерти за јавно здравство, логистичари и безбедносен персонал од различни оддели од Обединетите нации, можел вчера да помине само еден час во болницата поради безбедносни причини, се наведува во соопштението.