„Скриен гитарски бисер“- концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија


На 6 ноември (понеделник), во камерната сала на Филхармонија,во 20 часот, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации. „Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) […]

Нерамномерниот развој и демографските (не)прилики ја дизајнираат фискалната децентрализацијата во Западен Балкан


  Како во земјите од Западен Балкан да се надмине јазот што постои во односите помеѓу централните и локалните власти во процесот на децентрализацијата и кои се клучните предизвици во овој процес е во фокусот на истражување, кое е дел од поширок проект на ниво на Европската унија и во кој се вклучени повеќе истражувачи. […]

Мајката на грабнатата Шани Лук: „Ќерка ми е мртва“


  Мајката на 22-годишната германска државјанка Шани Лук, која беше киднапирана од милитантите на Хамас, рече дека нејзината ќерка најверојатно е мртва, објавија РТЛ и НТВ. „За жал, вчера добивме вест дека мојата ќерка повеќе не е жива“, рече Рикарда Лук. Телевизиските канали забележаа дека сè уште нема официјална потврда за смртта на Шани Лук. […]

По 18 години Бојко Борисов ја загуби Софија


  ГЕР на поранешниот премиер Бојко Борисов доживеа колапс на локалните избори во главниот град Софија. Иако генерално постигна задоволителен резултат на локалните избори ГЕРБ ја загуби Софија по 18 години. Борисов ја почна политичката кариера токму како градоначалник на Софија и ова означува еден специфичен удар за неговото политичко кредо. По првиот круг на […]

Полициска акција „Синџир“ во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид


 Од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид се вршат претреси и се приведуваат лица осомничени за кривични дела против јавните финансии и платниот промет.  -Акцијата е резултат на повеќемесечна предистражна постапка, под кодно име „Синџир“, за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството што Обвинителството ја спроведе […]

Никола Ристановски повторно со награда во Србија – дрско го спојува неспоивото во „Народен непријател“


Наградата за најдобар актер, повторно во рацете на Никола Ристановски Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен […]

Руската полиција ја презеде контролата на аеродромот во Дагестан


  Руската полиција го презеде аеродромот во претежно муслиманскиот регион Дагестан и уапси 60 лица откако стотици демонстранти упаднаа во објектот кога пристигна авион од Израел, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесува Ројтерс. Дваесет лица беа ранети на аеродромот пред безбедносните сили да ги совладаат немирите, соопштија локалните власти. Патниците во авионот се безбедни, изјавија […]

Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово


Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот. Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово.  За судијката Манев неодамна […]

Банките не смеат да наплатуваат за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички


Банка не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци. Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот, или, пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, […]

Несреќа на градилиште во Германија: Има загинати и затрупани работници


Најмалку пет работници загинале утрово на градилиште во германскиот град Хамбург. Како што пренесува „Билд“, несреќата се случила околу 9 часот и 10 минути кога скелиња се срушиле на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници. Од големото градилиште во моментов се евакуираат околу 700 градежни работници. На терен се неколку возила на […]

Комбе полно со мигранти, бегајќи од полицијата, пропадна во ископан канал во Велес


Комбе полно со мигранти вчеравечер околу 20 часот пропадна во ископаниот канал на главната велешка улица, помеѓу судот и Интернационал. Комбето бегало од полиција и тргнало во спротивен правец на улицата „8 Септември“, од кружниот тек кон С`рмаале, но најверојатно, возачот не знаел дека улицата се реконструира, па паднал во шанецот. Од велешката полиција за […]

Во земјава 100 проценти од средношколци учат странски јазик, но тоа не е гаранција дека ќе знаат да го зборуваат


Северна Македонија е меѓу петте земји во Европа каде што 100 проценти од средношколците учат странски јазик во училиштата, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на „Евростат“. Покрај земјава, сите средношколци изучуваат странски јазик и во Лихтенштајн, Малта, Романија и Шведска. Образовниот систем е една од причините поради која многу луѓе во Европа […]

Семејна драма на Пит Сампрас: „Сигурен сум дека мојата Бриџит ќе ја победи болеста“


Пред две децении, еден од најголемите спортисти во историјата, 52-годишниот американски тенисер Пит Сампрас, се повлече од тениските терени. На теренот доживеа неверојатни драми, подеми и падови, па дури мина 286 недели на врвот на АТП рангирањето на најдобрите на крајот од деведесеттите години на минатиот век. Покрај непобитниот талент и посветената работа, важен фактор […]

Кучето Бен – „контролорот“ на македонската граница


  Бен не е обично куче. Тој е куче во „униформа“ и со „посебни овластувања“ на граничниот премин „Табановце“. Цариниците за него и за другите кучиња од одделението царински песови ни рекоа дека тие се исклучително драгоцени асистенти за поголема ефикасност во нивната работа. Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови, во сторијата за […]

Скомрахи 2023 од 1 до 5 ноември: 8 театарски претстави и 25 филмови


Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ги најавува новите Скомрахи 2023, меѓународни средби на студенти од драмските академии. Од 1 до 5 ноември 2023 година, на сцените на факултетот ќе бидат прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови на студенти од Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, БиХ, Турција, Црна Гора, Чешка. Иран и […]

Бил на скијање за време на боледувањето – банката му испрати детектив и го отпушти


Управникот на позната хрватска банка отишол на скијање за време на боледувањето. Банката испратила приватен детектив по него, му врачила вонредно известување за отказ, за судот оваа недела да одлучи дека раскинувањето на договорот за вработување е незаконски. Банката сега мора да му исплати отштета во износ од 14.240 евра и да му ги покрие […]

Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија во Трст


Италијанската премиера на најновиот македонски  филм „М“ на Вардан Тозија ќе биде на 1 ноември, на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival кој се одржува од 27 октомври до 1 ноември во организација на Центарот за кинематографско и аудиовизуелно истражување и експериментирање La Cappella Underground, соопштија од Агенцијата за филм. Ова е италијанска премиера на […]

Каков часовник носи Орце Ѓорѓиевски – од 7.000 евра или од 250


  Омиленото лице на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, деновиве е под притисок да објасни колку чини часовникот што го носи додека тој и неговата партија се залагаат за рамноправна распределба на товарот на скапотијата во државата. Во повеќе згради во Кисела Вода беа расфрлани летоци на кои е поместена фотографија […]

(Видео) Заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката на ЕК, фон дер Лајен


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 30 октомври (понеделник) 2023 година во 9 часот ќе ја пречека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која пристигнува во официјална посета на Република Северна Македонија со официјална церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести. Премиерот Ковачевски и претседателката на ЕК […]

Летото во Грција уште трае – морето топло како во јуни


Иако за еден ден влегуваме во ноември, во Грција сѐ уште трае летото. Судејќи по објавите и коментарите на социјалните мрежи, многу наши туристи решиле да ги спакуваат куферите и да летуваат на брегот на Егејското Море. Како што е наведено на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, циганското лето, како што нашиот народ ги нарекува топлите […]