Кучето Бен – „контролорот“ на македонската граница


 

Бен не е обично куче. Тој е куче во „униформа“ и со „посебни овластувања“ на граничниот премин „Табановце“.

Цариниците за него и за другите кучиња од одделението царински песови ни рекоа дека тие се исклучително драгоцени асистенти за поголема ефикасност во нивната работа. Горан Ѓоргиевски, главен инспектор во Службата мобилни тимови, во сторијата за порталот  „Рацин“ опишува во што се состои една нивна вообичаена контрола.

Бен е член на службата за царински песови, а Царинската управа има уште три вакви царински песови од расата „шпригнер шпаниел“ и уште еден царински пес од расата „ред фокс лабрадор“.

„Овие кучиња се пасивни царински песови. Што значи тоа? Тоа значи дека кога ќе имаат некоја индикација за нешто, не гребат по возилото, туку едноставно само седнуваат на местото (каде што почувствувале нешто). Што е карактеристично за овие песови? Овие песови можат да детектираат повеќе супстанци. Да детектираат криумчарење на оружје, на муниција, на различни видови дроги, екстази, како и на пари“, објаснува Ѓоргиевски.

Тој вели дека царинските тимови не работат само по дојава, туку и по случајна селекција, по интуиција на самиот цариник и по неговото искуство.

Цедлата сторија на „Рацин“ за мобилните царински тимови на следниов линк.