Несреќа на градилиште во Германија: Има загинати и затрупани работници


Најмалку пет работници загинале утрово на градилиште во германскиот град Хамбург.

Како што пренесува „Билд“, несреќата се случила околу 9 часот и 10 минути кога скелиња се срушиле на неколку ката, при што биле затрупани најмалку осум работници.

Од големото градилиште во моментов се евакуираат околу 700 градежни работници.

На терен се неколку возила на брза помош.