Летото во Грција уште трае – морето топло како во јуни


Иако за еден ден влегуваме во ноември, во Грција сѐ уште трае летото. Судејќи по објавите и коментарите на социјалните мрежи, многу наши туристи решиле да ги спакуваат куферите и да летуваат на брегот на Егејското Море.

Како што е наведено на Фејсбук страницата „Грчка инфо“, циганското лето, како што нашиот народ ги нарекува топлите октомвриски денови, годинава урива рекорди.

„Не се сеќавам  на толку топол и убав октомври. Топлото време ја задржа и топлината на морето. Најтоплото море денеска во Грција беше на островот сонцето на Родос со температура од 25,7 степени“, се вели на горенаведената страница.

Како што се додава, слично е и на Карпатос со 25,5 степени, додека на Крит, во Матала, температурата на морето била 24 степени.

„Очигледно, Родос и Карпатос ќе бидат пријатни за капење уште најмалку 15 дена. Ова е објава за сите оние кои често прашуваат каква е температурата на морето во овој период. Во другите делови на Грција температурата на морето се движи помеѓу 22 и 24 степени.