Поевтинуваат горивата


Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поевтинуваат за 0,50 денари по литар, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 81,50, […]

Ако нема програма за седмо одделение до крајот на ноември, Шаќири ќе бара одговорност


 Откако пред неколку дена соопшти дека крајот на ноември е рокот до кога Бирото за развој на образованието (БРО) треба да ги подготви наставните програми за седмо одделение согласно новата Концепција, за да нема доцнење со изработката на учебници за седмоодделенците во наредната учебна година, министерот Јетон Шаќири денеска изјави дека ако не се почитува […]

Пародија во битолскиот суд на судењето за претседателот на бугарскиот клуб 


  БИТОЛА – Дали песната „Оган да го бие“, во изведба на Ламбе Алабаковски е намената за Ванчо Михајло? Во пародија се претвора судењето на првиот човек на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, битолчанецот Љупчо Георгиевски, кого јавното обвинителство од Битола го обвини за две дела предизвикување национална и расна омраза и нетрпеливост, како […]

Фатен крадец на велосипеди во Скопје


Во неделата.  во Скопје полициски службеници од ЕВР Кисела Вода го лишиле од слобода Л.Д.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека на подрачје на општина Аеродром на 02.10. и 25.10.2023 одзел велосипеди. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна […]

Психолог открива зошто сакаме да чувствуваме страв: Од луда железница до хорор филмови и опседнати куќи


Од тобогани, луда железница и екстремни спортови до страшни филмови и опседнети куќи, многумина од нас сакаат да се почувствуваат страв. Срцето ни чука, дланките ни се потат, мускулите ни се напнати, стомакот ни е во грч и кожата ни боцка, а сепак поради некоја причина уживаме во тоа. Некои од најдолгите ТВ емисии се […]

Разголената девојка на џипот на Хамас прогласена мртва


Девојката со германско и израелско потекло, Шани Лук, која беше заробена на музичкиот фестивал во јужен Израел на 7 октомври од Хамас,  е мртва, потврди израелското Министерство за надворешни работи. Во Германија, „Зидојче Цајтунг“ ја цитираше нејзината мајка дека телото на нејзината ќерка сè уште не е пронајдено, но дека е пронајден дел од коска […]

Свет на војни


Кога германскиот канцелар Олаф Шолц, во говорот пред парламентот на 27 февруари 2022 година, ја опиша руската инвазија на Украина како „Zeitenwende“ (пресвртница), ризикот од ширење на војната беше веќе очигледен. Но, дали тој предвиде дека ќе бидеме сведоци на синџир на регионални војни или дека тензиите меѓу големите сили ќе почнат да се зголемуваат […]

Иднината на војувањето: Дрон од 400 долари „убива“ тенк од 2 милиони долари


КИВ – Наредникот Јегор Фирсов, заменик командант на единицата за ударни беспилотни летала на украинската армија, звучи исцрпено во гласовната порака што ја испрати до ПОЛИТИКО од Авдиивка, индустриски град во центарот на интензивните борби на источниот фронт.Руските трупи немилосрдно напаѓаат во Авдиевка повеќе од две недели во сеопфатен обид да ги опколат украинските сили […]

Равна Река се уредува по терк на Црнодолскиот водопад


Финишираат градежните работи за реализација на проектот „Уредување на рекреативен центар во пехчевската туристичка населба Равна Река – I и II фаза“. Проектот се реализира преку Центарот за развој на Источно-плански регион со финансиска поддршка од страна на Бирото за регионален развој.  -Во рамки на реализација на овој проект предвидено е уредување на рекреативниот центар […]

Зошто и како најбогатите не плаќаат данок


Давачка од само два отсто ќе донесат 250 милијарди долари годишно. Како што покажува извештајот на истражувачката група за следење на даноците на Европската унија (ЕУ даночна опсерваторија), на Вишата економска школа во Париз, доколку се соберат овие 250 милијарди долари даноци, таа сума би била еднаква на само два отсто од речиси 13 билиони долари […]

Како грчката вечер во Скопје се претвори во грчка свадба-  гозба, сиртаки и кршење чинии


Почна со узо со коцки мраз, а заврши со жешко сиртаки и бучно со кршење чинии на Грчката вечер со пет ѕвездички, викендов, во центарот на Скопје- Limak Skopje Luxury Hotel , во серијата специјални настани за претставување на различни национални кујни. Дотераните и весели гости, со насмевка ги пречекуваше Jелена Костадиновиќ, директор за продажба […]

Министерот Меџити прими вакцина за сезонски грип: Граѓаните да се вакцинираат!


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје, соопштија од Министерството за здравство.   Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. […]

Измените на Кривичниот закон подобри за осудените од аболицијата на Иванов


Адвокатот Миле Наумовски  ја повлекол иницијативата до Врховниот суд за правно толкување на помилувањата на поранешни функционери, издадени од поранешниот претседател Ѓорге Иванов, затоа што неодамна донесените измени во Кривичниот законик предвидуваат многу пониски казни за актуелни, но и поранешни функционери. – Веќе не гледам потреба Врховниот суд да одлучува по ова прашање. Ја повлеков […]

Ковачевски: Одлуката за Газа не беше лесна


Македонскиот амбасадор во Обединетите нации се воздржал од поддршка на резолуцијата за Газа бидејќи таа не содржела осуда за Хамас и за правото на Израел за самоодбрана, но не гласал против бидејќи Македонија  го поддржува хуманитарниот аспект на јорданската резолуција. „Ние го почитуваме хуманитарниот аспект на јорданската резолуција, почитувањето на меѓународното хуманитарно право, неопходноста од […]

Во ЕУ во 2022 година произведени 6,1 милион тони тестенини, само Италија произвела 4,2 милиони тони


 Во земјите на ЕУ во 2022 година се произведени 6,1 милиони тони тестенини во вредност од 7,8 милијарди евра, што е за милион тони повеќе или 20 отсто повеќе од пред пет години. Како што објави Евростат, Италија е водечка членка на ЕУ во производството на тестенини со 4,2 милиони тони произведени минатата година, вредни […]

„За Евреите забрането“: Антисемитски инциденти во Северен Кавказ во Русија


  Освен напнатиот инцидент со израелскиот авион во главниот град на Дагестан, Махачкала, во Северен Кавказ во Русија се случија серија други насилни антисемитски акции. Во Хасавјурт, локалните жители одржаа протест во хотелот „Фламинго“ вечерта во саботата, на 28 октомври – ова се случи откако на интернет се проширија информации дека израелски бегалци наводно се […]

Меџик Џонсон е четвртиот спортист кој заработил милијарда долари


Лос Анџелес – Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Меџик Џонсон, стана четвртиот спортист кој заработил милијарда долари, објави Форбс. Изданието го проценува богатството на 64-годишниот Американец на 1,2 милијарди долари. Џонсон го заработи најголемиот дел од своето богатство по завршувањето на неговата играчка кариера. Познато е дека тој поседува акции во три тима од Лос […]

Унгарија се вооружува


Современиот систем за воздушна одбрана со среден дострел NASAMS, од норвешко-американско производство, беше доставен до вооружените сили на Унгарија. Со оваа испорака Будимпешта го продолжува процесот на модернизација и замена на постоечката воена опрема од советско и руско потекло. Според порталот Balkan Security Network, договорот за набавка на тој систем за противвоздушна одбрана и придружните […]

Доаѓаат празници и голем број на неработни денови – еве кои се околу Нова година


8 декември е последниот неработен ден за оваа година за сите граѓани и се слави Свети Климент Охридски. За одредени заедници неработни се и други денови, па така за католиците неработни се 1 ноември (среда), Празникот на сите светци и 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница празник е […]

Промена на времето – од среда дожд


Од утре следува период на променливо облачно време. Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и […]