Осомничениот за масовното пукање во Мејн пронајден мртов


Роберт Кард, осомничениот за убиството на 18 лица и ранувањето на 13 во американската сојузна држава Мејн, е пронајден мртов, 48 часа откако отворил оган во бар и куглана во градот Левистон. Гувернерката на Мејн Џенет Милс потврди дека телото на Роберт Кард е пронајдено во близина на градот Лисабон. „Долгата потрага е завршена, полицијата […]

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години


Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече тригодишна суспензија на сменетиот претседател на шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, поради бакнување на репрезентативката на оваа земја Џени Хермосо без нејзина согласност по финалето на Светското првенство. ФИФА не објави детали за пресудата на нејзината дисциплинска комисија. Ова тело ги истражуваше наводите поврзани со „прекршување на основните правила […]

Австрија влезе во рецесија


  Австриската економија влезе во рецесија во третиот квартал главно поради намалената потрошувачка на домаќинствата и државата, се вели во проценката на економскиот институт WIFO. Бруто домашниот производ е намален за 0,6 отсто во периодот од јули до септември во однос на претходните три месеци кога падна за 0,8 отсто, пресмета Институтот. Падот на БДП […]

Нафтените гиганти забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари


Најголемите светски нафтени и гасни компании забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари во однос на претходната година, што е последица на остриот пад на побарувачката за гас и пониските цени на нафтата, пишува магазинот на Националниот нафтен комитет на Србија, повикувајќи се на Алтиндекс. Според германската онлајн платформа Статиста, шест нафтени и гасни […]

Зголемен бројот на македонски кандидати за студии на универзитетите во Франција


За над 40 проценти има зголемување на бројот на кандидати од земјава кои сакаат да запишат прва година студии во Франција и за 20 отсто повеќе корисници на стипендиите за извонредност на почетокот на оваа академска 2023/2024, соопшти францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, на отворањето на 16. Саем на студии во Франција, што […]

АХВ повлече небезбеден производ


Од Агенцијата за храна и ветеринарство ги информираат потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – VIVAFLORE DARMTRANSIT 150 TAB B (додаток во исхрана), со наод на емодин и алое емодин. Станува збор за додаток во исхраната со сериски број/лот: 79667, а производителе SUPERDIET BD France. Увозник: Мимех Фарм ДОО Скопје и дистрибутер Мимех Фарм […]

„Мета“ предлага месечна претплата за Фејсбук и Инстаграм, ако не сакате реклами


„Мета“ денеска објави дека од ноември ќе понуди платени претплати за Европејците за да можат да користат Фејсбук и Инстаграм без реклами, јавија француските медиуми.  На овој начин,сметаат од оваа американска компанија, социјалните мрежи ќе ги исполнат барањата на европското законодавство за лични податоци и насочено рекламирање. Корисниците во ЕУ, Швајцарија и остатокот од Европската […]

Битиќи: Во Северно-источниот регион исплативме над 152 милиони денари финансиска помош


Само во Северно-источниот регион, најмалиот во земјава, Владата има потпишано вкупно 41 договори за финансиска помош за инвестиции во износ од над 600 милиони и 500 илјади денари, за што има исплатени над 152 милиони денари поддршка, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „БЕНТОН-НИ“ во Куманово. Вицепремиерот Битиќи, соопштија од прес-службата на Владата, […]

Промовирана иницијатива за организирање Тренинг академија за новинари и медиумски работници


Иницијатива за организирање Тренинг академија за новинари и медиумски работници – „Т-АЈМ“ денеска беше промовирана во рамки на настанот „Многу лица, една мисија – прогрес и безбедност“, кој е дел од Деновите на медиумска писменост што од  24 до 31 октомври се одржуваат во организација на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Концептот за организирање […]

Ќе се гребе асфалтот на „Никола Карев“ до мостот „Беласица“


утре, од 7 часот екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје почнуваат со градежни активности за реконструкција на ул. „Никола Карев“ на потег од мост „Беласица“ до крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“.   Во текот на наредните три дена ќе се одвиваат активностите за машинско гребење на коловозната површина.   Реконструкцијата ќе се одвива […]

До сега собрани 70 отсто од солидарниот данок


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е задоволен од одѕивот на компаниите по однос на Законот за солидарен данок. Собраните средства по овој основ, како што изјави денеска, ќе бидат наменети за антикризни мерки и ќе одат кај најранливите категории на граѓани. – Одѕивот е соодветен. Мислам дека според последните информации околу 70 проценти е […]

Испрале пари и затаиле данок во висина од 8 милиони евра: Голема акција „Синџир“


  Во акцијата „Синџир“ која се спроведува од раните утрински часови на повеќе локации во Неготино, Кавадарци, Битола и Охрид, опфатени се 26 физички и 28 правни лица кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување и за перење пари. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека при извршените […]

Конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до скок на цените на суровините, предупредува Светска банка


Ризикот од ширење на војната меѓу Израел и Хамас во регионот на Блискиот Исток може да доведе до уште поголем пораст на цената на нафтата, која за три недели од таа војна се зголеми за шест отсто, и до поскапување на другите суровини, како и на земјоделските производи, соопшти денеска Светската банка. „Конфликтот на Блискиот […]

Вучиќ и ММФ со задничка оценка за одличните резултати на Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), со која разговараше за фискалната, монетарната и енергетската стабилност, јави дописникот на МИА од Белград. „Шефот на Мисијата на ММФ, Донал Мекгетиган, истакна дека Србија постигнала одлични резултати, строго следејќи ги препораките на ММФ и имплементирање на целите дефинирани со […]

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт


Обвинителството истражува дали пронајденото запалено возило во скопски Сарај е поврзано со човекот кој минатата недела во трговскиот центар Ист Гејт пукаше кон Раде Трајковски – Штекли и неговиот пријател, 23 годишниот Колумбо и им нанесе тешки повреди. Од МВР за повеќе информации упатуваат во ОЈО, од каде пак за А1он велат дека се уште […]

Г7 усогласи принципи и Кодекс на однесување за вештачката интелигенција


Лидерите на Г7 се договорија за водечките меѓународни принципи за вештачка интелигенција и за доброволниот Кодекс на однесување за креаторите на вештачката интелигенција. – Ми претставува задоволство што можам да го поздравувам денешниот договор на лидерите на Г7 за водечките меѓународни принципи за вештачка интелигенција и за доброволниот Кодекс на однесување за креаторите на вештачката […]

Судењето против медицинската сестра од Онкологија одложено за 4 декември


Судењето против медицинската сестра од Клиниката за онкологија која е обвинета за проневера во службата со сомнение дека крадела цитостатици е одложено за 4 декември, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. – Главната расправа за предметот со К.бр. 1990/23 против А.О. за кривичното дело Проневера во службата од чл. 354 ст.1 од КЗ, а поврзано […]

Васев: Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови за пациенти што веќе биле на терапија


Поранешниот директор на Клиниката за радиотерпија и онкологија Никола Васев пред пратениците призна дека се користеле лекови земени на реверс, за што вели дека е правно недозволиво, но го практикувале оти хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови. Васев објасни дека на реверс се земале лекови само во случаите кога не […]

Медиумите во Израел станаа главни носители на пораката на државата


  Кога 85-годишната Израелка Јошевед Лифшиц беше ослободена од заробеништво на Хамас минатата недела, таа беше топло пречекана дома. Потоа таа почна да зборува. Обраќајќи им се на новинарите од инвалидска количка во болница, Лифшиц го опиша ужасното искуство во заробеништво на Хамас, но исто така рече дека таа била праведно третирана. Израелските медиуми веднаш […]

Осуденици од „Идризово“ најавуваат штрајк со глад


Осуденици од Казнено-поправната установа „Идризово“ бараат средба со Народниот правобранител и со Хелсиншкиот комитет, а во спротивно од утре најавуваат штрајк со глад.  Од управата на „К.П.У. „Идризово“ потврдуваат дека до нив е стигнато писмо со најава за штрајк со глад. Во писмото се наведува дека штрајкот е поради осудениците кои беа повредени викендов при […]