Нафтените гиганти забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари


Најголемите светски нафтени и гасни компании забележаа пад на профитот за 29,2 милијарди долари во однос на претходната година, што е последица на остриот пад на побарувачката за гас и пониските цени на нафтата, пишува магазинот на Националниот нафтен комитет на Србија, повикувајќи се на Алтиндекс.

Според германската онлајн платформа Статиста, шест нафтени и гасни гиганти – Сауди Арамко, Ексон Мобил, Шеврон, Шел, БП и Тотал Енерџис – оствариле комбинирана нето добивка од 125,7 милијарди долари во првата половина на 2023 година, наспроти 154,9 милијарди долари во истата период минатата година.

Иако нивната нето заработка паднала во просек за 30 отсто во однос на 2022 година, најголем дел од енергетските гиганти годинава забележале пораст на вредноста на акциите, пишува белградски „Данас“.

Според Macrotrends, комбинираната пазарна вредност на Сауди Арамко, Ексон Мобил, Шеврон, Шел, БП и Тотал Енерџис во декември изнесувала 3,14 билиони долари.

Десет месеци подоцна, оваа бројка е 3,43 билиони долари. Статистиката покажува дека Сауди Арамко забележал најголем раст од 16 отсто, а вредноста на компанијата во овој период се зголемила од 1,88 билиони долари на 2,19 билиони долари.

Следат „Шел“ и „БП“, со раст на пазарната капитализација од 10 отсто и два отсто во последните десет месеци.