Швајцарско село нуди 50.000 евра за доселување – има два услова


Швајцарското село Албинен на семејствата им нуди 50.000 евра и повеќе само за да се преселат во ова неверојатно село во планинска долина. Дали се борите со трошоците за живот? Едно швајцарско село може да го има решението за вас. Прекрасната област се наоѓа на планинска падина на 1.300 метри надморска височина. Неговите традиционални планински […]

Макрон: Францускиот амбасадор во Нигер го држат како заложник во амбасадата


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека амбасадорот на неговата земја во Нигер – Силвен Ите – е „буквално земен како заложник“ од воената хунта и дека добива само „воени оброци“. „Во Нигер, додека ви зборувам, имаме амбасадор и дипломатски персонал кои буквално се земени како заложници во француската амбасада“, рече Макрон за време на […]

Светски рекорд: Македонските ракометари ќе играат против Франција пред 50.000 гледачи


Следното Европско ракометно првенство во машка сениорска конкуренција ќе се игра во Германија од 10 до 28 јануари 2024 година. Најдобрите македонски ракометари предводени од селекторот Кирил Лазаров се наоѓаат во групата „А“ со светскиот вицешампион Франција, домаќинот Германија и Швајцарија. Европското првенство ќе го отвори токму Македонија на 10 јануари против Франција, од 18.00 […]

Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени го погоди Чиле


Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска погоди област во близина на северниот брег на Чиле. Епицентарот на земјотресот бил на 121 километар западно од градот Копиапо. Земјотресот се случил на длабочина од 4,9 километри.

ЕУ не ја обнови забраната за премин на храна од Украина низ соседните земји и покрај нивните барања


Европската унија одлучи да не ја обнови забраната за премин на храна од Украина низ соседните земји од ЕУ, кои се жалат дека приливот на земјоделски производи од таа држава зафатена од војна им наштетила на нивните земјоделци. Тој потег води до конфликт меѓу Брисел и Полска, Словачка, Унгарија и Романија. Тие земји велат дека […]

Евертон доби нов сопственик


Англискиот фудбалски прволигаш Евертон има нов сопственик во американската компанија „777 Партнерс“, која за клубот од Ливерпул на досегашниот прв човек Фархад Мошири му плати повеќе од 640 милиони фунти. Компанијата со седиште во Мајами објави денеска дека презела 94.1 отсто од акциите на Евертон. „Навистина сме почестени што можеме да станеме дел од семејството […]

Француски „Карфур“ ги обележува производителите кои ја намалуваат грамажата, но не и цените


  Францускиот синџир супермаркети „Карфур“ смисли впечатлив начин да им укаже на своите потрошувачи на производители кои ја намалуваат тежината, но не и цената на производот. На полиците до предметните производи, клиентите сега можат да најдат налепница „shrinkflation“ (известување за намалување на големината или волуменот на производот). Овој малопродажен синџир го стави ова известување заедно […]

„Фолксваген“ дели откази поради слабата побарувачка за електрични возила


  Автомобилскиот гигант „Фолксваген“ објави дека ќе укине работни места во својата фабрика за електрични автомобили во Цвикау, Германија, поради слабата побарувачка. 269 ​​работници ќе останат без работа по истекот на 12-месечниот договор, објави во четвртокот компанијата. Деталите ќе се утврдат во наредните денови во договор со работничкиот совет. Компанијата наведува дека укинува работни места […]

Цените на нафтата речиси 94 долари


  Цените на нафтата се стабилизираа близу 94 долари во петокот, балансирајќи помеѓу проценките за помала понуда до крајот на годината и неизвесноста создадена од лошата кинеска економија и монетарната политика во САД и во еврозоната. На лондонскиот пазар цената на барел нафта попладне беше речиси непроменета во однос на вчерашното затворање на трговијата и […]

Пациентите од Клиниката за онкологија и вечерва протестираа пред ЈО


Протест за случајот со Клиниката за онкологија се одржа и денеска пред Јавното обвинителство во Скопје. Засегнати пациенти со истите барања, пред зградата на обвинителството порачаа дека сакаат истрагата да биде брза, особено во делот на лекарствата за, како што велат, да знаат тие што се најзасегнати како да го продолжат своето лекување. Пациентите од […]

Од 2 до 13 октомври ќе се собира кабаст отпад во Кисела Вода


Општина Кисела Вода продолжува со активности за заштита на животната средина и го повикува целокупното население да се приклучи на уште една значајна иницијатива. -Во согласност со нашата визија за зачувување на животната средина и грижата за општествената заедница, од 02 октомври 2023 до 13 октомври 2023 година, ќе спроведеме нова акција за бесплатно собирање […]

Лајчак: Белград и Приштина до крајот на годинава да почнат да го спроведуваат договорот за нормализација


Процесот на имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, мора да почне оваа година, бидејќи во спротивно може да се изгубат повеќегодишните напори, изјави специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Тој во интервју за ТАСР вчерашните преговори меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на […]

Ученичка нападната од две врснички во училишен двор во Ѓорче Петров – снимале, а мајката пријавила


На 14.09.2023 во 10.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 31-годишна жена од скопско пријавила дека пред неколку месеци во училишен двор на основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзината малолетна ќерка била физички нападната и малтретирана од две нејзини врснички. Од настанот бил направен видео запис и откако таа го видела, пријавила во […]

Во Косово уапсен Србин осомничен за убиство на 16 цивили во Истог во војната во 1999 година


 Специјалното обвинителство на Република Косово (ПСРК) денеска до Основниот суд во Приштина поднесе обвинителен акт против поранешен припадник на Државната безбедност на Србија, осомничен за воени злосторства над цивилното население во 1998 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во сооштението на Обвинителството се вели дека се обезбедени доволно докази дека лицето Е.К. учествувало во […]

Приведени лицата што му се закануваа на градоначалникот на Гази Баба


Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје денеска (15.09.2023) ги лишија од слобода С.М. , Ф.М. и М.М., во врска со пријавата од градоначалникот на општина Гази Баба, кој на 11.09.2023 во СВР Скопје пријави дека три лица упатувале закани по неговиот живот поради претходно извршено уривање на дивоградба во с. Инџиково. […]

Сообраќајот во прекин за камиони и наизменичен за автомобили на патот Дебар – Маврово


Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Дебар – Маврово кај  Бошков мост, од 15.30 сообраќајот е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.  АМСМ информира и дека од 15.05 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кој претходно беше во прекин поради густ […]

Бризбен се враќа во тенискиот календар


Турнирот во Бризбен ќе се врати од идната година во календарот на АТП, првпат од 2020. и повторно ќе им служи на играчите како подготовка за настап на Австралија Опен. Своето прво издание турнирот во Бризбен го имаше во 2009 година и привлече голем број навивачи, а меѓу освојувачите на трофејот на овој турнир беа […]

Оружен грабеж на банка во Аеродром


Филијала на една банка во Аеродром, утрово била ограбена, откако вооружен крадец со закана одзел пари од вработените. На 15.09.2023 во 09.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените, соопшти МВР. […]

Се тепале две жени во Аеродром, натепани и двајца малолетници


На 14.09.2023 во 20.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(47) и О.П.(45), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Истата вечер, во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ […]

Педофил, пијан нападнал и допирал 3-годишно дете во Дебар Маало


Пред два дена, во 22.20 во Скопје полициски службеници од ПС Центар го лишиле од слобода С.Т. (39) од Скопје, постапувајќи по пријава од жена од Скопје дека во парк на подрачје на Центар С.Т. физички го нападнал и го допирал нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител и по расчистување и документирање на случајот […]