Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства


Предлог закон за дополнување на Законот за јавното обвинителство ќе се објави на Електронски национален регистар на прописи на ЕНЕР, најави денеска Министерството за правда.  Носењето на законското дополнување, според Министерството, произлегува од потребата за зајакнувањето на механизмите за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства и со него се прецизира надлежноста на органите и […]

Тетовскиот мед од костен носи шампионски награди од целиот Балкан


За најдобар мед од костен два шампионски пехари од Србија донесе тетовецот Владимир Петровски. Овие две награди, според Владимир, не се само негови личен успех, туку показател на квалитетот на овој вид мед во Полошкиот регион, особено во потшарпланинското подрачје. Тој чува пчели во селото Непроштено, кое е опкружено токму со костенови дрвја. Костенот е […]

Возобновен Клубот на одговорни бизниси


Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски  е возобновен Клубот на одговорни бизниси на Здружението „Конект“, во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. Целта е обединување на бизнисите заеднички да практикуваат општествена одговорност во соработка со граѓанските организации.  -Корпоративната одговорност е специфика на секоја сериозна компанија. Во развиените земји во светот традицијата на корпоративна […]

Без вода дел од Центар


Поради уличен водоводен дефект од ф-80мм на ул. „Аминта Трети“ бр.3 во населба Центар, изутрина од девет часот без вода  се дел од корисниците од бул. „Илинден“, на потегот од Градски парк до Влада.  Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со работните активности, најави ЈП „Водовод и канализација“.

Индустриската зона во близина на Куманово атрактивна и за домашните и за странските инвеститори


Индустриската зона „Речица и Новини“ во близина на Куманово сè повеќе е атрактивна за домашните и за странски инвеститори. Општина Куманово во изминатиот период спроведе постапка за оттуѓување на земјиште во зоната во сопственост, по пат на електронско јавно наддавање, со намена Г4, стоваришта и складови на локација. – На јавното наддавање по пат на […]

УНЕСКО предупреди дека украинските знаменитости се изложени на ризик од уништување


Лондон – Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) предупреди дека главните историски локалитети во два украински града се изложени на ризик од уништување поради војната со Русија, објави Би-Би-Си. Тие ја вклучуваат катедралата Света Софија во главниот град Киев и средновековните градби на градскиот манастир Киевско-печерски лаври. Историскиот центар на градот […]

Есен е време на вируси, носите маски низ гужви во затворени простории, предупредуваат епидемиолозите


После познатите подваријанти Кракен и Ерис, кои се сѐ уште присутни, Омикрон доби уште една подваријанта Пирола, која што значајно се разликува од своите претходници и поради тоа Светска здравствена организација (СЗО) оваа подваријанта ја означи како „варијанта под надзор” а тоа значи дека во сите земји треба да се следи. Независно од симптомите на […]

Живко Мукаетов: Да сме членка на ЕУ, за квалитетните компании, само небото ќе биде лимит


Европската унија е како машина за конвергенција на економии во развој – во развиени економии и тоа за кус период од деценија или две. Ова се должи главно на инјектирањето на средства преку структурните фондови, но исто така и новите можности коишто се отвараат преку инвестициите, структурните промени и пристапот до единствениот пазар. За побрза […]

НОБ ја отвора новата сезона со обновената опера „Лидија од Македонија“


Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе ја отвори новата сезона со изведба на обновената македонска опера  „Лидија од Македонија“ на композиторот Ристо Аврамовски. Режисер е Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Сценограф е Панче Минов, а костимограф Елена Дончева. Во насловната […]

Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународна вселенска станица


Москва – Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур. О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година. Тројцата требаше […]

Аеромитинг кај Стенковец по повод 100 години македонска авијација


На спортскиот аеродром во скопски Стенковец, денеска ќе се одржи голем аеромитинг по повод одбележување на јубилејот „100 години македонска авијација“, за чиј почеток се смета основањето на Аероклубот Скопје во далечната 1923 година.  Свои обраќања на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Димитар Ковачевски,  министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица […]

Пад од шест места на македонските кошаркари на ФИБА рангирањето


Минхен – Македонската машка кошаркарска репрезентација се спушти шест места на најновата ранг-листа која денеска ја објави Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Со 187.4 поени, македонските кошаркари на најновиот ФИБА ранкинг се на 59. место во светски и на 30 место во европски рамки. Ранг-листата која ФИБА ја објави пет денови по завршувањето на Светското првенство […]

Монако ги прекина преговорите за асоцијација со ЕУ


Ница – Владата на Монако денеска објави прекин на преговорите со Европската унија, што почнаа во 2015 година, за потпишување договор за асоцијација. На вчерашната средба во Брисел меѓу претставниците на ЕУ и Монако, „учесниците постигнаа взаемно разбирање за неможноста да се усогласат барањата на ЕУ со црвените линии што ги истакна“ принцот Алберт Втори во […]

Зеленски в четврток на средба со Бајден во Вашингтон


Вашингтон – Украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела ќе ја оствари својата втора посета на Вашингтон, објави денеска Белата куќа, во обид да ја зацврсти поддршката на клучниот поддржувач на неговата земја, која испрати милијарди долари помош за борбата против руските сили. Зеленски ќе отпатува во Белата куќа в четврток на разговори со претседателот Џо […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови. Претежно во источните делови процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 16  септември 2023 година, 259-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 106 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 18 часот и 42 минута. Денов трае 12 часа и 27 минута. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во […]

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината


Случајот со нападнато 3-годишно дете во Дебар Маало од пијан педофил, ја поттикнаа општината да побара поголемо присуство на полицијата, па така денеска најавија засилено полициско присуство особено во делот околу Градскиот парк. – Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е […]

Не е завршен ниту еден од најкрупните случаи на СЈО, осум години од неговото формирање


Ниту еден од најкрупните случаи на СЈО, осум години од неговото формирање до денес, не се завршени, а сега велат, ќе застарат бидејќи се намалуваат и роковите за застареност кои се врзани со најголемата запретена казна. Па, што правевте досега осум години, зошто не се осудени, вели претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“, […]

Пендаровски за средба со Радев: Не гледам амбиент за исчекор во односите и за испраќање позитивна порака


 Волјата да се среќаваш со некого зависи од тоа дали постои амбиент да се направи позитивен исчекор во односите, не само да одиш и да се сликаш. Тоа сум му го кажал и на колегата Радев – не гледам дека има амбиент, пред се, поради нивните постапувања во минатите две-три години кон нас, за да […]

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор


Властите на Северна Македонија, На 12 септември, без објаснување на причините, прогласија три дипломати на Руската Амбасада во Скопје за „персона нон грата“, објави денеска на социјалните мрежи, портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Таа овој потег го оцени како неодговорен и непријателски чекор на властите на Северна Македонија и рече […]