Оружен грабеж на банка во Аеродром


Филијала на една банка во Аеродром, утрово била ограбена, откако вооружен крадец со закана одзел пари од вработените.

На 15.09.2023 во 09.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.35 часот во филијала на банка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.