Се тепале две жени во Аеродром, натепани и двајца малолетници


На 14.09.2023 во 20.21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Аеродром, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(47) и О.П.(45), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истата вечер, во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ биле донесени двајца малолетници од Скопје, при што кај едниот биле констатирани тешки телесни повреди, а кај другиот телесни повреди.

Според пријавеното, тие се здобиле со повредите од физички напад од две лица во угостителски објект во трговски центар на подрачјето на Аеродром.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.