Бектеши ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет во општина Илинден


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет кој се наоѓа во општина Илинден. Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, заедно со менаџментот на Кам Маркет ќе направат обиколка на логистичкиот центар и ќе го посетат новоотворениот маркет на Кам кој се наоѓа во општина Петровец.

Од денеска автопатот Атина-Солун дозволен и за тешки возила


Од шест часот утрово, се укинува забраната за тешки возила над 3,5 тони на автопатот Атина-Солун, а сообраќајот и во двата правци и понатаму ќе се одвива исклучиво по левата коловозна лента, исто како што важи и за автомобилите, јави дописничката на МИА од Атина. За укинувањето на забраната информираа и од Министерството за транспорт […]

„Блу економи“ самит во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи „BLUE ECONOMY SUMMIT”, на кој се најавени воведни обраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина Каја Шукова и првиот човек на „Prime Blue Institute“, Зоран Мартиновски. За подобра животната средина, водата како ресурс треба да овозможи економски развој преку искористувањето на потенцијалот за создавање зелени работни места. […]

Студија: Работата од дома заштедува енергија и драстично ги намалува емисиите на стакленички гасови


Малку по малку, изминатата година или повеќе, компаниите ги охрабруваат вработените да се вратат во канцелариите по завршувањето на мерките воведени поради Ковид. Но, тоа охрабрување почна повеќе да личи на принуда, особено кај технолошките гиганти каде што беа објавени неколку рунди на отпуштања откако беа олеснети ограничувањата за пандемијата. Претходно во септември, извршниот директор […]

Британија ја одложи забраната за продажба на нови автомобили на бензин и дизел


Конзервативниот британски премиер Риши Сунак денеска ги забави плановите на Велика Британија за справување со климатските промени, најавувајќи одложување на забраната за продажба на нови бензински автомобили за да ја задржи јавната поддршка за транзицијата кон нула емисии. Сунак нагласи дека останува посветен на правно обврзувачката цел за постигнување нула емисии до 2050 година, но […]

За прв пат снимени езера на Исланд, каде не стапнала човечка нога


Прекрасните скриени езера на Исланд на кои таа не стапнала за прв пат се фотографирани. Ги снимил фотографот од Букурешт Аурел Манеа со дрон. За прв пат одредени езера на Исланд, кои досега не се видени, се фотографирани со дрон, а тоа се површини на кои сè уште не стапнала човечка нога. Станува збор за […]

Азербејџан прогласи крај на воената операција во Нагорно-Карабах


 Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во телевизиски говор вечерва го прогласи за завршено распоредувањето на неговите војници против регионот населен со Ерменци Нагорно-Карабах, пренесе ДПА. Азербејџан го врати својот суверенитет над областа, рече тој од Баку. Засега нема коментар од ерменската страна. Околу три години по последната војна меѓу двете поранешни советски републики, Азербејџан вчера почна […]

Стопанската комора ќе го оспори пред Уставен суд Законот за солидарен данок


Стопанската комора ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок, најави вечерва претседателот на Комората Бранко Азески. Азески во интерју за ТВ Телма рече дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд. Бизнис секторот, како што вели првиот човек на […]

Малолетнички банди дивеат во Даблин. Доставувачите живеат во страв


Кога пандемијата од корона вирусот го затвори Даблин, банди млади шетаа по напуштените улици и открија нова, брутална форма на забава: напади врз луѓето што доставуваат храна. Фрлале со камења, шишиња и стапови, а доколку успеале да го соборат возачот, понекогаш ги напаѓале со тупаници и ножеви и ги краделе велосипедите како трофеи. Нападите се движеа […]

Француските супермаркети бараат од големите производители да ги намалат цените


  Француските супермаркети би можеле да побараат од производителите на стоки за широка потрошувачка да ги намалат цените за два до пет отсто во редовните преговори, изјави во средата шефот на синџирот супермаркети Les Mousquetaires, Тиери Котијар. Француските малопродажни синџири ги критикуваа производителите на стоки за широка потрошувачка, како што се Унилевер и Нестле за, […]

Економско-монетарниот комитет на ЕП го поддржа изборот на Клаудија Бух за нов шеф НО на ЕЦБ


Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент денеска ја поддржа номинацијата на вицегувернерката на германската централна Бундесбанка, Клаудија Бух за нов претседател на Надзорниот одбор со Европската централна банка (ЕЦБ). На тајното гласање на членовите на Комитетот, Бух доби 29 гласа, а нејзината противкандидатка, вицегувернерката на Банката на Шпанија, Маргарита Делгадо – 23. […]

Блинкен ја обвини Русија за злосторства против човештвото во Украина


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за злосторства против човештвото во Украина. – Русија речиси секојдневно врши воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина, рече Блинкен на состанокот на Советот за безбедност на ОН посветен на војната. Состанокот го отвори генералниот секретар на светската организација, Антонио Гутереш кој предупреди дека војната […]

Потпишан нов договор за CEEPUS-програмата за академска мобилност со важност до 2032 година


Министрите за образование од 16 земји во Европа, меѓу кои и Северна Македонија, денеска во Варшава потпишаа нов договор за продолжување на CEEPUS – Централноевропската програма за размена на универзитетски студии IV, која овозможува мобилност на студенти, професори и научници и стипендирање на нивната доедукација и професионална надградба. Како што соопшти Министерството за образование и […]

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот


Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој ова го кажа во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на […]

Сина дијагноза за термин за пациентите со карцином, бараат лекарите


Во реалноста постојат гинеколошки скрининг програми што одамна се етаблирани на хартија, но опфатот на пациентките со нив е многу мал, односно само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните прегледи. Одѕивот е минимален во руралните средини, но и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура, истакнуваат од Македонската асоцијација на гинеколози и […]

Пратениците расправаа за системот за проценка на лица со попреченост и за регистарот на задолжително социјално осигурување


Во попладневниот дел од 125-тата седница Собранието ја исцрпи расправата за предлог-законите за системот за проценка на лица со попреченост, за регистар на задолжително социјално осигурување и за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување – сите по скратена постапка, за кои ќе се гласа дополнително. Со Предлог-законот за систем за проценка на лица […]

Без изненадувања на стартот на македонскиот фудбалски Куп


 Без изненадувања заврши воведното коло во македонскиот фудбалски Куп во кое прволигашките екипи обезбедија попладнево пласман во осминафиналето. Убедливи победи извојуваа Воска, Шкупи и Брегалница, додека Вардар, Тиквеш и Гостивар беа поуспешни по изведувањето пенали. Бранителот на трофејот Македонија ЃП, како и ланските полуфиналисти Силекс, Шкендија и Струга беа слободни во воведното коло. Резултати 1/16 […]

Монтела седна на селекторската клупа на Турција


Истанбул – Поранешниот италијански репрезентативец, а сега тренер, Винченцо Монтела, е назначен денеска за нов селектор на фудбалската репрезентација на Турција. Како што е официјално соопштено попладнево, 49-годишниот Монтела потпиша тригодишен договор и доаѓа на местото на германскиот стратег Штефан Кунц. Турската новинска агенција Демирорерн (ДХА) објави во неделата дека Фудбалската федерација на Турција донела […]

Се разговорува полско-украинскит спор околу забраната за увоз на украинско жито


Полското Министерство за надворешни работи го повика на разговор украинскиот амбасадор поради коментарите на претседателот Володимир Зеленски на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Министерството. Во своето обраќање во Њујорк, Зеленски рече дека Киев „напорно работи на зачувување на копнените патишта за извоз на жито“ и дека „политичкиот театар“ околу увозот на жито и помага […]

Амбасадорот Гир до битолските советници: За велосипедските патеки треба вие да одлучите


  БИТОЛА – Евроамбасадорот Дејвид Гир откако ги собра на заедничка средба битолските советници им порача дека за проектот со велосипедските патеки поддржан со европски пари треба да се одлучува во Советот. Во август на седница на Совет, новото мнозинство од СДСМ, „Поинаку“ и Левица ја тргнаа точката од дневен ред, со образложение дека немаат […]