Бектеши ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет во општина Илинден


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе го посети логистичкиот центар на Кам Маркет кој се наоѓа во општина Илинден.

Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, заедно со менаџментот на Кам Маркет ќе направат обиколка на логистичкиот центар и ќе го посетат новоотворениот маркет на Кам кој се наоѓа во општина Петровец.