Кога граѓаните на БиХ ќе можат да патуваат во САД без виза?


Во 2022 година, САД одбиле 19,91 отсто од барањата за визи од вкупниот број поднесени од граѓаните на Босна и Херцеговина. Според официјалните податоци од Министерството за надворешни работи на САД, станува збор за т.н до приспособената стапка на одбивање за „визи Б“. Прилагодената стапка на одбивање се однесува на процентот на одбиени барања во […]

Османи: Русија со презир ги гази меѓународните правила и обврски кои самата ги потпиша


Во својство на Претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска се обрати пред Советот за безбедност на Обединетите нации, а во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН кое оваа недела се одржува во Њујорк. Османи на почетокот на своето обраќање се заблагодари на албанското претседателство со Советот за безбедност за месец […]

Бајден и Лула најавија ново партнерство за поддршка на работничките права


Претседателите на Соединетите Американски Држави и Бразил, Џозеф Бајден и Луис Инасио Лула да Силва, денеска на состанокот во Њујорк ја изразија својата взаемна наклонетост кон правата на работниците, јасно воздржувајќи се од презентирање на какви било разлики во врска со војната во Украина и други прашања. Бајден и Лула се сретнаа на маргините на […]

Во Струмица изгоре автомобил


На улица „Васил Главинов“ во Струмица утрово во 02:15 часот, изгоре автомобил. Како што информираа од ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно против пожарно возило и четири пожарникари е спречено натамошно ширење. Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета. ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до […]

Сенатот на американскиот конгрес го потврди Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб


Сенатот на американскиот Конгрес го потврди генералот Чарлс Браун за нов претседател на Здружениот Генералштаб, пренесоа светските агенции. Афроамериканскиот генерал беше номиниран од претседателот Џо Бајден во мај и претставен како искусен воен човек кој поседува најголеми американски квалитети, но и мобилизиран против расизмот. Браун ќе стане вториот Афроамериканец на највисоката воена функција по Колин […]

Архитектонска изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“ во МСУ


Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска во 19 часот ќе биде отворена архитектонската изложба „Иднината како проект – Доксијадис во Скопје“. Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година оваа изложба има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието […]

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес – Градско


Поради асфалтирање, во периодот од 08:00 – 18:00 часот до 23 септември ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез […]

Полска повеќе не испорачува оружје на Украина


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување. Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во […]

Најмалку двајца загинаа во руските напади врз Херсон во Украина


Најмалку две лица загинаа, а пет се повредени во руските напади врз градот Херсон во јужна Украина, изјави утринава гувернерот Олександр Прокудин. -Во овој момент имаме информации дека двајца цивили загинале, напиша гувернерот на регионот Херсон на Телеграм. Тој додаде дека четири лица се префрлени во болница, а на еден повреден цивил му била укажана […]

САД ќе издвои 600 милиони долари за производство на тестови за Ковид


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе издвои 600 милиони долари за производство на тестови за Ковид и дека повторно ќе ја отвори веб-страницата на која може да се нарачаат. Преку оваа страница, домаќинствата можат да добијат до четири бесплатни тестови по семејство. Целта на мерката е да се избегне можен недостиг во […]

Шолц и Зеленски добија награди од Атлантскиот совет


Германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на годишното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, ја добија наградата Глобален граѓанин од Атлантскиот совет, јави ДПА. Наградата се доделува на поединци „кои придонеле за позитивни промени во нивните општества и кои ја отелотворуваат посветеноста на меѓународната соработка“. На церемонијата Шолц […]

Штрајк на синдикатите во Грција поради законот за работни односи


Поради владините реформи во законот за работни односи, синдикати на вработените во јавниот сектор (АДЕДИ) и на Комунистичката партија (ПАМЕ), како и работнички здруженија и федерации за денеска закажаа 24-часовен штрајк и протести пред грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Во штрајкот учествува Федерацијата на просветни работници, која повика училиштата да бидат затворени, […]

Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“


Во Големата сала на Филхармонија од 20 часот вечерва ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопшти Сојузот на композитори на Македонија. Како што се појаснува во соопштението, под палката на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска, ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, […]

Во Дојран промоција на алтернативни видови транспорт


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Транспортната заедница, Матеј Закоњшек, по повод „Европската недела на мобилност“, ќе престојуваат во работна посета на Општина Дојран. Бочварски и Закоњшек во Дојран ќе промовираат алтернативни видови на транспорт. 

Указот и „Договорот од Преспа ” на дневен ред на седница на Уставниот суд


Предметот во кој е оспорен Указот и „Договорот од Преспа” ќе се дискутира денеска на седница на Уставен суд. Од Уставниот суд информираат дека предметот е формиран од иницијативите поднесени од Тодор Петров, претседател на Светски Македонски Конгрес, Ивица Ефремов и Стив Ангеловски од Битола, Солза Грчева и Томе Тодоровски. – Со одредени наводи во […]

Традиционална манифестација „Движи се за здравје“ во Скопје


Во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во Градскиот парк – фонтана „Лотосов цвет“ во Скопје ќе се одржи манифестацијата „Движи се за здравје“ со деца од предучилишните установи. Децата ќе имаат можност преку вежбањето и вештото поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и другите спортски активности да го развијат спортскиот дух и […]

Клубот на истражувачите на Народната банка ќе ја одржи 48. сесија


Клубот на истражувачите на Народна банка преку видеоконференциска врска на е-платформата „Вебекс“ денеска ќе ја одржи 48. сесија. Како што информираат од Народна банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот „Поврат на акции, ризик и карактеристики на претпријатијата на пазарите во развој: Емпириски докази од Македонската берза“ од авторката Александра Данева.

Балканскиот рис во Европската Унија


Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи настан насловен „Балканскиот рис во Европската Унија“. Целта на настанот, како што велат од Македонското еколошко друштво (МЕД) е да се подигне нивото на заштита на критично загрозениот балкански рис преку македонската интеграција во Европската Унија. На настанот најавено е обраќање на шефот на Делегацијата на […]

Почеток на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“


Во Скопје денеска официјално ќе биде означен почетокот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, чија цел е зајакнување на владеењето на правото во Република Северна Македонија. На настанот, тимот на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ќе информира за активностите и целите на проектот, за соработката со институциите во земјава, […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи особено во северните и источните делови од земјата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 11 до […]