Француските супермаркети бараат од големите производители да ги намалат цените


 

Француските супермаркети би можеле да побараат од производителите на стоки за широка потрошувачка да ги намалат цените за два до пет отсто во редовните преговори, изјави во средата шефот на синџирот супермаркети Les Mousquetaires, Тиери Котијар.

Француските малопродажни синџири ги критикуваа производителите на стоки за широка потрошувачка, како што се Унилевер и Нестле за, како што велат, неоправданите зголемувања на цените. И владата го зголеми притисокот, барајќи да се намалат.

Пониските трошоци за суровини и енергија значат поевтино производство на храна и други производи за широка потрошувачка, што треба да се одрази на цените утврдени во преговорите, рече Котијар.

„Веројатно ќе можеме да побараме од големите производители (на стока за широка потрошувачка) да ги намалат цените за два до пет проценти“, додаде шефот на Mousquetaires.

Неговата компанија во Португалија успеала да добие пониски цени во преговорите со производителите на стоки за широка потрошувачка бидејќи тие не преговараат само еднаш годишно, тврди Котијар.

„Нам ни се чини дека нашето барање да преговараме во текот на годината, како нашите пријатели во Португалија и Шпанија, е сосема легитимно“, рече тој.

Франција ги одреди годишните преговори за цената со регулатива од 1 декември до 1 март и размислува за закон со кој нивниот почеток би бил поместен за септември и завршување на 15 јануари.

И извршниот директор на Карфур, Александар Бомпар, им рече на пратениците во францускиот парламент дека преговорите треба да им се препуштат на трговците на мало и на производителите.

„Кога станува збор за нашиот однос со производителите на стоки за широка потрошувачка, бараме да ни верувате и да ни дозволите да преговараме“, рече Бомпард.