„Само добрини му правев во животот“: Уште едно писмо од Груевски до Мицкоски


  Продолжува епистоларната „војна“ меѓу поранешниот и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ  без вистински да се знае дали е тоа наместена игра или навистина дошол моментот за разидување меѓу нив двајца. По денешниот опдговор на Христијан Мицкоски на барањата што вчера му ги испорача Никола Груевски од Будимпешта пак се јави бегалецот. И меѓу другото напиша: […]

Пет македонски градови ќе се справуваат со аерозагадувањето со помош на Шведска и УНДП


Во пет општини –  Кавадарци, Струмица, Гостивар, Струга и Куманово, изворите на загадување на амбиентниот воздух ќе се идентификуваат со најсовремена опрема и методологија, при што за првпат во земјава ќе се спроведе и мерење на загадувањето на воздухот во затворен простор. Истражувањата ќе ги вршат Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип (УГД) и лабораторијата „Амбикон“, […]

ДПИ: Трговците ја почитуваат гарантираната цена – производите се со ознака


Директорот на ДПИ, Горан Трајковски направи контрола да види дали се почитуваат гарантираните цени. Трајковски вели дека големите ланци на трговци ги намалиле цените. И во наредните денови и додека трае одлуката, ДПИ ќе прави контроли. „Мерката се почитува, а на производите стои „гарантирана цена“, изјави директорот на ДПИ, Горан Трајковски. „Апелирам до сите граѓани […]

Што се случува во Нагорно Карабах?


  Што се случува во Карабах: како е тоа поврзано со Украина и какви ризици претставува за Европската унија. На 20 септември, за време на ручек, страните објавија договор за капитулација и разоружување на сепаратистичките вооружени групи, со што се означува почетокот на процесот на интеграција на ерменското население на Карабах како граѓани на Азербејџан. […]

Зеленски на Генералното собрание на ОН: На руското зло не може да му се верува


Њујорк– „На злото не може да му се верува“, рече во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го светот да се обедини за да стави крај на руската агресија врз неговата земја. Во страсниот говор во Њујорк, Зеленски порача дека Москва, која е вооружена со нуклеарно оружје, […]

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот суд во Хаг


Меѓународниот кривичен суд соопшти дека во текот на минатата недела бил извршен напад врз компјутерскиот систем на институцијата, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес (АП).  Портпаролот на судот, Фади Ел Абдалах, во писмена изјава изјавил дека нападот се истражува во соработка со холандските власти, а се испитува и дали зад нападот евентуално стои странска влада. „Во иднина, Судот […]

Костадиновска-Стојчевска од Брисел: Скопје е точка на средба на култури и нации, на историја и иднина


Скопје ја доби титулата „Европска престолнина за културата за 2028 година“. Одлуката  ја соопшти Европската комисија денеска во Брисел, по вчерашната презентација на апликациите на земјите кои беа во потесен избор за оваа престижна титула, каде што свое обраќање имаше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Скопје ја доби довербата за организација на годината во која ќе се слават македонската и […]

Префрли ја платата во Комерцијална банка и добиј бонус до 3.000 денари


Пријатно изненадување за добредојде на секој нов член во семејството клиенти што примаат плата преку Комерцијална банка. Со префрлање плата во Комерцијална банка добиваш бонус до 3.000 денари. Оваа нова и атрактивна понуда вклучува значајни привилегии:     Бонус за добредојде – 1.000 денари по прием на прва плата до Нова година, Бонус после 3 примени плати […]

Филмот „Нешто слатко“ во повеќе градови низ Македонија


„Нешто слатко“ –  романтичната и питката комедија со актерските ѕвезди: Сашко Коцев како Аце Мајсторовски и Јелена Јованова-Периќ во ликот на Каја, од премиерната проекција во мај 2023 год. до сега, во кино салите и на отворено (летни кина), ширум нашата земја се прикажа пред повеќе од 7000 задоволни гледачи.  Главниот дистрибутер во РСМ, ПРОЦЕС […]

Рикверцот на Макрон


Наспроти гласноста за тоа кој со кого преговара за уставните измени, на политичката сцена владее громогласен молк околу француско-германскиот официјален предлог за реформа на ЕУ, кој ја зацрта 2030 година како рок кога треба да добиеме членство. Иако сите многу се возбудија и вознемирија кога францускиот претседател Емануел Макрон пред повеќе недели порача дека ЕУ […]

Визијата на Скопје победи денеска, 365 дена културни настани


Град Скопје е избран за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година. Богатата програма под слоганот  „Култура над поделба“ со која Скопје се претстави пред ЕУ го освои срцето на Европа. Одлуката беше соопштена денеска во Куќата на европската историја во Брисел, по вчерашното претставување на програмите на двата финалисти Скопје и Будва, […]

Интернет порталите формираа здружение за унапредување на својот статус во општеството


Претставници на група професионални онлајн медиуми оформија Здружение за заштита и унапредување на интернет медиумите Onlinemedia.mk.  Здружението, како што информираат, ќе се залага за целосно рамноправен третман на професионалните интернет портали со традиционалните медиуми, особено и поради фактот што истражувањата покажуваат дека интернет медиумите веќе се доминантен сегмент на медиумската индустрија, како во светот, така […]

КЗБ препорачува задолжително носење маски во здравствените установи


Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ќе му препорача задолжително да се користат маски во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, а сè уште се работи на утврдување дали е присутна  новата варијанта на вирусот ерин. Препораката, што е усвоена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, е само за […]

Студентите да ги подигнат картичките – без нив нема бесплатен оброк


Без подигнување на наменска студентска Visa картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на Шпаркасе банка и потоа да […]

(Видео) Скопје прогласен за Европски град на културата за 2028


Скопје е прогласен за Европски град на културата за 2028, победувајќи ја црногорска Будва во натпреварот. На церемонија во Домот на европската историја во Брисел, присуствуваа градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и други учесници кои ја подготвуваа апликацијата. Скопје и Будва влегоа во потесниот избор за да станат […]

Жичницата до Водно нема да работи во петок


ЈСП „Скопје“ извести дека во петок (22.09.2023 год), жичницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед. Од сабота (23.09.2023 год) објектот ќе продолжи да работи вообичаено за овој период од годината, односно од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 […]

Гардијан: Околу 98 отсто од Европејците дишат загаден воздух, најтешка е ситуацијата во Северна Македонија


Околу 98 отсто од европските граѓани дишат отровен, многу штетен загаден воздух, кој е поврзан со околу 400.000 смртни случаи годишно, а Северна Македонија е најтешко погодена, покажа истражувањето на британскиот дневен весник Гардијан. Европа се соочува со „тешка криза во јавното здравје“, при што речиси сите на континентот живеат во области со опасни нивоа […]

Комеморација за Kатина Иванова: Ти, матица и кралица за сѐ


Суперлативи за Катина Иванова како голема актерка и човек, на денешната комеморација, по повод нејзината смрт на 72 годишна возраст, минатиот месец. На комеморацијата што ја организира матичната куќа на Иванова- Македонскиот народен театар, режисерката Зоја Бузалковска рече дека една од особеностите со кои Катина Иванова ќе остане врежана во нашата театарска меморија е интонацијата […]

ОКТА донираше фотоволтаична централа и за средното економско училиште во Охрид


Во рамки на одбележувањето на својот 45-ти роденден, ОКТА донираше уште една фотоволтаична централа, овој пат на средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Донацијата е во согласност со стратегијата на компанијата за поддршка на иницијативи поврзани со обновливите извори на енергија, што се одразува и на нејзините општествено одговорни активности и […]

„Реплек“ уште еднаш се здоби со сертификатот за највисоки производни стандарди на Европската Унија


Европската агенција за лекови (ЕМА) по четврти пат го потврди високиот квалитет на производите на „Реплек“, доделувајќи го сертификатот – EUGMP (Good manufacturing practice). Овој сертификат е потврда за добрата производна пракса согласно највисоките стандарди на Европската Унија. Покрај тоа EUGMP сертификатот е услов за влез на пазарот на ЕУ, но истовремено исклучително е важен […]