Алфа Ромео 4Ц добива електричен наследник


Еден од најубавите роудстери на овој милениум би можел да добие наследник. Ако Alfa Romeo понуди наследник на 4C, тоа ќе биде првиот познат ривал на претстојниот Porsche Boxster, кој исто така стана електричен во последното издание. Адутот на Alfa веќе е наречен 4E Spider бидејќи шефот на Alfa, Даниел Гузафаме, претходно изјави дека можеби […]

Концерт за оние кои прерано си заминаа – „Легендите живеат вечно“


Под мотото „Легендите живеат вечно“, на 28-ми октомври во „Македонска филхармонија“ ќе се одржи концерт во чест на оние кои прерано си заминаа, со цел да им се одаде почит за се она што го оставија зад себе. Ја испишаа музичката историја, а можеа уште толку многу.   Вечер исполнета со композиции, силни емоции, како времеплов низ […]

„Испејс“ претстави лендер што ќе биде лансиран на Месечината во 2026 година


Јапонската компанија „Испејс“ инвестираше повеќе од 40 милиони евра во својата нова американска подружница бидејќи сака да ги искористи растечките инвестиции на американската вселенска агенција НАСА и Пентагон во технологии наменети за мисии на Месечината. Инвестицијата е јасен показател за посветеноста на ispace на американскиот пазар, изјави директорот на компанијата Такеши Хакамада. „Очекуваме овој број […]

Утре без вода дел од булеварот „8-ми Септември“


 Поради дефект на затворач ф-300 мм на крстосницата бул.„8-ми Септември“/ бул. „Партизански Одреди“, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од бул. „8-ми Септември“, додека намален притисок на водоснабдувањето ќе имаат корисниците ул. „Дрезденска“ и „Анкарска“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат  дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување […]

Русите планираат да воведат квоти за извоз на гориво


Русија може да воведе извозни квоти за гориво доколку целосната забрана за извоз не ги намали упорно високите цени на бензинот и дизелот, изјави вицепремиерот Александар Новак. Министерот Новак на средба со високи менаџери на руски нафтени компании изјави дека забраната за извоз на бензин и дизел првично довела до пад на цените на берзата, соопшти […]

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на Бела ноќ 2023


И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023. Како што соопшти Град Скопје, бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година). Традиционалната манифестација „Бела […]

Жичницата од недела ќе работи до 18 часот


ЈСП информира дека жичницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.   „Посоченото работно време е во согласност со одлуката за работно време на објектот за октомври и април“, велат од ЈСП. Од […]

Продолжува растот на цената на нафтата


На меѓународните берзи денеска цените на нафтата искачија над 96 долари. Растот е поттикнат од индициите за слаба понуда во САД и очекувањата за зголемена побарувачка на гориво во Кина за време на празничната сезона. На берзата во Лондон цената на барел нафта за испорака во ноември се зголеми за 88 центи и изнесуваше 96,26 […]

Тен Хаг: Оптовареноста на фудбалерите со натпревари е неподнослива


Распоредот на фудбалски натпревари е сè погуст и играчите веќе не можат да го поднесат тоа преоптоварување, изјави денеска тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг. – Секој пат кога календарот ќе се продолжи, оптоварувањето на играчите е преголемо. Многу мои колеги тоа веќе го истакнаа, и јас го истакнав, но бројот натпревари и натаму […]

Објавени се резултатите за сместување во студентските домови за бруцошите


Вселувањето во домовите започнува во понеделник, кога впрочем е и стартот на новата академска година. Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти во прва година запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Вселувањето во домовите […]

Прогласена вонредна состојба: „Дејствувајте брзо за да го заштитите вашиот живот“ (Видео)


 Обилните врнежи по една недела со претежно постојани врнежи предизвикаа поројни поплави во Њујорк, прекинувајќи ја работата на метрото во најнаселениот град во САД. Предупредувањето за поплави беше во сила во Њујорк до пладне по локално време, бидејќи на некои локации паднаа повеќе од два инчи дожд, а повеќе се очекуваат за неколку часа, соопшти […]

И Норвешка ја затвора границата за автомобили регистрирани во Русија


Во Норвешка на 3 октомври стапува во сила забраната за влез на автомобили со руски регистарски таблички, соопшти денеска Министерството за надворешни работи. – Важно е санкциите да бидат ефективни за да се спречат колку што е можно повеќе приходите што и се потребни на руската држава за финансирање на војната, изјави шефицата на норвешката […]

НАТО одобри дополнителни сили за решавање на ситуацијата на Косово


НАТО денеска објави дека „одобриле дополнителни сили за решавање на актуелната ситуација“ на Косово, но веднаш не го прецизираше бројот и не кажа од кои земји. Судирите меѓу полицијата и вооружените Срби кои се криеја во манастир минатиот викенд претворија мирно село во северно Косово во воена зона. Косовскиот претседател Вјоса Османи ги обвини Србија […]

Швајцарија со над 100 милиони франци ќе помогне во деминирање на Украина


Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци (околу 103 милиони евра) за отстранување на мините во Украина во периодот од 2024 до 2027 година. Помошта ќе овозможи обезбедување опрема и обука на украинските деминери за хуманитарни цели, се наведува во соопштението на швајцарската федерална Влада. Поради својот неутрален статус, Швајцарија не […]

Евростат: Највисока инфлација во Словачка, Хрватска и Словенија


Индексот на потрошувачките цени (CPI) во еврозоната се зголеми во септември за 4,3 отсто на годишно ниво. Европскиот завод за статистика (Евростат) ги објави податоците за инфлацијата во еврозоната за септември. Според последните податоци, годишната инфлација во еврозоната, која во август изнесуваше 5,2 отсто, во септември изнесува 4,3 отсто. Очекувањата на пазарот беа дека годишната […]

Пет економски институти прогнозираат пад на германската економија


  Според Заедничката економска прогноза на пет реномирани економски институти, растот на бруто домашниот производ на Германија годинава ќе биде негативен и ќе изнесува -0,6 отсто. Во соопштението објавено од ИФО, еден од институтите кои учествуваа во подготовката на извештајот, се нагласува дека има силна надолна ревизија од 0,9 процентни поени во однос на прогнозата […]

Дополнително ќе биде закажано гласањето за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници


Пратениците попладнево во рамки на продолжението на 126. пленарна седница ја завршија расправата за Предлог-одлуката за распределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски соопшти дека за гласањето по оваа точка пратениците дополнително ќе бидат информирани. Министерот за финансии Фатмир Бесими во обраќањето истакна дека главна […]

Собранието ќе добие нов Деловник, Џафери го поднесе предлогот


  По повеќегодишни разговори меѓу пратеничките групи претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го поднесе во редовна собраниска процедура предлог-Деловникот за работа на Собранието. Новиот деловник е резултат на процесот на Дијалогот „Жан Моне“, којшто е заеднички процес на Европскиот парламент со Собранието. Во предложениот Деловник е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од […]

Бектеши oчекува супермаркетите да ја спроведат одлуката за цените на прехранбените производи


Нема да има компромис во делот на одлуките на Владата за цените на прехранбените производи. Очекуваме сите производители, дистрибутери и увозници да ги намалат цените согласно одлуката на Владата, а синџирите на супермаркети да бидат општествено одговорни и да ја спроведат одлуката, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Ние сме тука за да им […]

Издадени првите структурни обврзници, општините Желино, Тетово и Виница ќе може да платат доспеани обврски


Министерството за финансии денеска ги издаде првите структурни обврзници наменети за општините Желино, Тетово и Виница, а со кои се обезбедува средства со кои на општините им се овозможува да ги намират досепаните обврски и да ги зајакнат своите финансиски капацитети. Издавањето на структурните обврзници е дел од предвидената реформа за унапредување на фискалната децентрализација […]