ЕК му изрече нова казна на „Интел“ за моноплски практики на пазарот за компјутерски процесори


Европската Комисија денеска и изрече нова казна од 376,36 милиони евра на американска мултинационална технолошка корпорација „Интел“ за претходно утврдена злоупотреба на доминантната позиција на пазарот за компјутерски чипови, соопшти денеска ЕК. Според Еврокомисијата, „Интел“ применувал низа антиконкурентски практики насочени кон исклучување на конкурентите од релевантниот пазар на централни процесорски единици, со што ги прекршил […]

Мостот „Беласица“ ја крои цената на парното во Скопје


  ОХРИД – Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска од Охрид упати сериозно предупредување дека што поскоро треба да се надмине проблемот со цевководот за топлинска енергија под мостот „Беласица“, кој неодмна беше опожарен и кој е витален за снабдување на поголем дел од градот. Тој предупреди дека без овој цевковод […]

Украински ракети го уништија штабот на руската Црноморска флота на Крим (Видео)


  Украина изврши огнен ракетен напад во петокот врз главниот штаб на руската Црноморска флота, при што загина еден војник, соопшти руското Министерство за одбрана. Фотографиите и видеото покажаа големи облаци чад над зградата во Севастопол во анектираниот Крим. Гувернерот на Севастопол поставен од Русија, Михаил Развозаев, рече дека никој не е повреден надвор од […]

Македонска премиера на филмот „Ескорт“ на Лукас Нола на „Браќа Манаки“


Долгометражниот игран филм „Ескорт” на хрватскиот режисер Лукас Нола, направен во копродукциска соработка со Скопје Филм Студио ќе има македонска премира во рамките на годинешното 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, што почнува утре и ќе се одржува до 29 септември во Битола. Филмот ќе биде прикажан како дел од програмата […]

МОН: Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15%


Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта продолжуваат да се зголемуваат. Како резултат на заложбата за создавање квалитетно образование кое се темели на мотивирани наставници,  министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на […]

Украински оклопни возила ја пробија руската линија во Запорожје


   Украинската војска успеа да направи дупка во руската одбранбена линија во областа Работино во областа Запорожје, доволна за да се пробијат оклопни возила низ неа. За ова пишуваат „Волстрит џорнал“ и Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ). Во извештајот на ИСВ се наведува дека геолокацираното видео објавено на 21 септември сугерира дека украинските […]

Регионалната театарска елита во Скопје: Драмски домаќин на фестивалот „РУТА“


Второто издание на регионалниот театарски фестивал РУТА на почетокот на октомври ќе ги донесе ансамблите на водечките театарски куќи од регионот во Скопје.  Со свои претстави пред македонската публика ќе настапат членките на Регионалната унија на театри:Београдско драмско позориште, Камерни театар 55 од Сараево, театар Улисис од Загреб, Месно гледалишче Љубљана и Градско позориште Подгорица. […]

„Срцата ни се скршени“: Шок во Ереван по загубата на Нагорно Карабах


  Илјадници вознемирени Ерменци излегоа на улиците на главниот град во четвртокот (21 септември) повикувајќи ја владата да се повлече по молскавична победа на Азербејџан во Нагорно Карабах. Демонстрантите во Ереван беа шокирани, лути и загрижени откако Азербејџан тврдеше дека ја вратил контролата врз отцепениот регион по 24-часовната воена офанзива. Демонстрантите ја покажаа својата поддршка […]

На гостиварката која го оставила бебето ќе и биде одземено родителското право


Гостиварката која остави седумесечно бебе само и без грижа, ќе биде лишена од родителското право. Постапката е поведена во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Гостивар, каде од синоќа се работи на сместување на уште две деца од истото семејство. Случајот излезе во јавноста вчера попладне кога по пријава во полиција, тим од социјални работници дошол […]

Ленче Ристоска како навреда ги доживува измените на Кривичниот законик


За дел од случаите кои се во тек, а се засегнати од измените на Кривичниот законик, со кои се намалија казните за дел од коруптивните кривични дела, ќе мора да се направат измени за да се извлече максимум, смета обвинителката Ленче Ристоска. – Измените на кривичниот законик, би рекла дека и те како влијаат на […]

Грковска: Степенот на независност на судскиот ситем зависи од индивидуалните карактеристики


Политичари стануваа дел од правосудниот систем, но само личниот интегритет стои помеѓу влијанието и професионлното завршување на работата на вработените во правосудниот систем. – Во минатото имаше прилично голема политичка инвазија на политичари кои потоа станаа дел од правосудниот систем. Се разбира дека има влијание и денеска на тоа што се случува во правосудниот систем. […]

Индонезија: Две години затвор за жена која кажа муслиманска молитва пред да проба свинско на Тик Ток


  Муслиманка е осудена на две години затвор според законот за богохулење во Индонезија поради видео што го сподели на Тик Ток на кое се гледа како рецитира исламска молитва пред да проба свинско месо додека го посетува туристичкиот остров Бали. На Лина Лутфијавати (33), позната како Лина Мукерџи на социјалните мрежи, и беше судено […]

Бешт: Во ЕУ ќе нема држави од прв или втор ред


Ставот на Франција и на францускиот претседател Емануел Макрон е дека сакаме да го прошириме европското семејство и сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ, вели вториот човек во француското Министерство за надворешни работи, Оливие Бешт, во интервју за „360 степени“. Прашан за тоа каква е позицијата на Франција и на претседателот Макрон за […]

Загина 35-годишен маж во пожар во стан во Хром


Едно лице загина во пожар, кој денеска избувна  во стан на улица „Исаија Мажовски“ во скопската населба Хром.  Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека утрово, во 9:35 часот имале пријава за пожар.  – Интервениравме со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата. Затекнавме целосно опожарен стан, со […]

Иванчо Ивановски 30 години увезува и дистрибуира македонски производи во САД


Компанијата „Фаст Пак Трејдинг“, во сопственост на Иванчо Ивановски, основана пред 30 години, врши дистрибуција на над 1.000 различни македонски производи во сите сојузни држави на САД. Деновиве, дистрибутивниот центар на Ивановски го посетија вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со претседателот Стево Пендаровски, во рамки на […]

Борел: Азербејџан да обезбеди целосно почитување на правата на Ерменците од Карабах


Европската Унија со внимание ги следи случувањата во Нагорно-Карабах и изразува целосна солидарност со Ерменците од Карабах, кои се соочија со големи тешкотии, поради повеќемесечната блокадата на Лачинскиот коридор што доведе до недостиг од храна и лекови и поради повеќекратни пречки во испораката на гас и струја, изјави високиот претстаник на ЕУ за наворешни работи, […]

Апаратите ви се расипуваат таман кога ќе истече гаранцијата? ЕУ воведува нов закон за вградени дефекти


Билјана Борзан, автор и преговарач на Европскиот парламент за Законот за зајакнување на потрошувачите, на прес-конференцијата презентираше што е постигнато во текот на преговорите меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата, пренесува ХРТ. Со новиот закон, најави таа, „ги казнуваме вградените дефекти, воведуваме ознака за времетраењето на уредот и забрануваме голем број лажни тврдења на пазарот“. […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна и директорот на Македонски телеком


  Главната опоцизициска партија денеса го посочи прстот кон Никола Љушев, главниот извршен директор на Македонски телеком, обвинувајќи го дека неговата сопруга направила кариера во истата компанија. Објавувајќи наводна „афера“ на директорот на телекомуникациската компанија каде мнозинството од акциите од 51 ги има Дојче телеком (и го носи заштитниот бренд) ВМРО-ДПМНЕ како да сака малку […]

Нагло поевтинија становите и куќите во Германија


Цените на станбените недвижности во Германија нагло паднаа во вториот квартал, покажаа денеска податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижностите потонаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најсилно откако Дестатис почна да […]

Регионалниот пазар може дополнително да ја испразни Македонија од работници


На македонскиот пазар на труд постои вишок на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на работниците од информатичко-телекомуникациски дејности. Се достигнува максимум во образовните (педагошките) занимања, каде на едно слободно работно место има до 71 невработено лице. Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници, што е особено […]