Ден на жалост во Косово по убиството на полицаец на северот на државата


Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе […]

Двојно убиство во Гевгелија, си ги убил братот и снаата


Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вечерва ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62). Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол […]

Чиста победа на Стефанос Каселакис на изборите за лидер на Сириза


  Чиста победа на Стефанос Каселакис покажаа резултатите од гласањето со 75 отсто преброени гласови, на внатрепартиските избори за избор на нов претседател на главната опозициска партија во Грција, Сириза. Според резултатите од 471 изборна единица од 537, Каселакис доби 56,69% ​​ од гласовите, додека неговиот конкурент Ефи Ахтисиоглу 43,1 отсто. Во 21 часот по […]

Седум македонски државјани се во хотел близу местото на конфликтот во Косово


  Седум македонски државјани, од кои едно дете, се наоѓаат во хотел во непосредна близина на манастирот каде што беше извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи на Македонија. Се наведува дека во текот на денот министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во неколку наврати во текот на денот […]

Вучиќ го осуди убиството на полицаецот, а бунтот на Србите дошол поради „теророт на Курти“


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека убиството на полицаец во Косово е апсолутно за осуда и дека такво нешто нема оправдување. За време на вонредното обраќање во врска со последните настани во Косово, тој рече дека се случило она за што долго време предупредувал, а тоа е дека Србите се побуниле „не […]

Капсулата со примерок од астероидот Бену се приземји на земјата во Јута, САД


  Првите примероци на астероид на НАСА донесени од длабоката вселена паднаа со падобран во пустината Јута во неделата со што заврши седумгодишно патување. Кон местото на настанот јуреа четири хеликоптери со научници, инженери и воен безбедносен персонал. Нивната мисија: да ја обезбедат капсулата што е можно побрзо за да спречат примероците од астероидот Бену […]

24 септември во историјата – Поразената Бугарија побара примирје во Првата светска војна


  На 24 септември 1918 година, владата на Бугарија издаде официјално соопштение во кое објави дека испратила делегација да бара прекин на огнот со сојузничките сили што ќе стави крај на учеството на Бугарија во Првата светска војна. Откако двете страни тајно ѝ се додворуваа како сојузник во првите месеци од војната, Бугарија одлучи во […]

Малолетник од Црнилиште починал по пад од дрво во Стровија


Во саботата, во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровија, Прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.. Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од […]

Тројца од напаѓачите се убиени, соопшти косовската полиција


  Тројца напаѓачи се убиени во размена на оган во селото Бањска на севереот од Косово, каде тензиите не стивнуваат од доцна синоќа, потврди косовската полиција. Еден од нив е уапсен, додека во исто време се уапсени уште четири лица кои се поврзани со „криминалната група“. „Во атарот на селото Бањска безбедносната состојба и понатаму […]

Mицкоски се пофали дека го урнал СЈО, обвинителите биле „криминалци“


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека тој и раководството на партијата го „испратиле во пензија СЈО“, а неговите обвинители ги нарече „криминалци“. Зборувајќи пред Унијата на млади сили на партијата, Христијан Мицкоски рече: „Во меѓувреме додека ја консолидиравме партијата и обединувавме го пративме во пензија поранешното раководство на СДСМ. Во меѓувреме додека ја консолидиравме […]

Борел: Нападот на вооружената банда во Бањска мора веднаш да престане


  Најостро го осудувам страшниот напад на вооружена банда врз припадниците на косовската полиција во Бањска на северот на Косово, во кој загина еден полицаец, а двајца беа повредени. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните виновници мора да се соочат со правдата, реагира високиот европски претставник Жозеп Бореl. По веста дека синоќа […]

Бујар Османи го осуди убиството на косовскиот полицаец


  Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи се приклучи на осудата на убиството на косовскиот полицаец на северот на Косово што ја ескалира ситуацијата во државата. „Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат […]

Борба „низ пеколот“. За да го врати Бахмут, украинска бригада прво мора да ја преживее шумата


  АНДРИИВКА, Украина – Рускиот куршум го погодил наредникот веднаш над левото уво. Водачот на украинскиот вод падна на земја. Штабот преку радио врска емитуваше промоција на бојното поле на припадникот кој го нарече „брат“ – човек познат како Курир. Курир знаеше дека наредбите на водот беа да се движат напред низ шумата, на патот […]

Напнато во Kосово: 30 вооружени луѓе забaрикадирани во манастирот во Бањска


  Околу 30 вооружени мажи се сокриле во манастир и се опколени од полицијата во северно Косово, во областа каде што рано утринава беше убиен полицаец, како што соопшти косовскиот премиер Албин Курти. „Има најмалку 30 професионални вооружени војници или полицајци кои во моментов се опколени од нашите полициски сили и ги повикувам да се […]

Интервју со Мариане Бигум: Градењето станови е едно од најголемите загадувања


  Мариане Бигум е парламентарка од партијата на Зелените во Данска, која деновиве престојуваше во посета на македонското Собрание како дел од данската Комисија за европски прашања. Освен фрустрираноста со која се соочи за време на разговорите околу уставните промени, таа го пренесе и своето искуство во однос на најновите политики за заштита на животната […]

Пендаровски на донаторска вечера на „Македонија 2025“ во Чикаго


  Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на САД по повод учеството на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин, присуствуваше и се обрати на донаторска вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на „Македонија2025“. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на свеченоста Пендаровски го одликуваше главниот извршен […]

Во нападот на седиштето на руската Црноморска флота има девет загинати, ранети се генерали


  Најмалку девет лица загинаа, а 16 се повредени во ракетниот напад врз седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол на 22 септември, изјави началникот на Главната управа за разузнавање на Украина, Кирил Буданов. Ова го изјави во коментар за украинскиот сервис на Гласот на Америка. Нема потврда за оваа информација. Според Буданов, овој податок […]

Во Новаци никна најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот


  Во Новаци, на само 50 метри од одлагалиштето на јаловината од рудникот  Суводол, изградена е најголемата приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – ФЕЦ „Новаци“ која моментално е и најголема на Балканот.  Новата централа, која со работа ќе почне до крајот на месецов, е со вкупен капацитет од 55 MW и годишно е проектирано да […]

Инцидент на северот на Косово, убиен полицаец во поставена заседа


  Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утрово во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањска во Лепосавиќ, во северно Косово. Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како […]

„Браќа Манаки“ се отвори и со гламур и со револт на филмаџиите


  БИТОЛА – „Политичарите треба нас да нѐ молат, времињата се менуваат“. По оваа порака на актерката Лабина Митевска ќе се памети отворањето на годинешното 44. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Остри стрели и нескриен револт упатија филмаџиите до политичарите на синоќешното свечено отворање на фестивалот што го засени музичко-сценскиот спектакл со битолски […]