Седум македонски државјани се во хотел близу местото на конфликтот во Косово

Седум македонски државјани, од кои едно дете, се наоѓаат во хотел во непосредна близина на манастирот каде што беше извршен вооружен напад врз косовските полициски сили, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи на Македонија.
Се наведува дека во текот на денот министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во неколку наврати во текот на денот имал директна комуникација со неговата косовска колешка Доника Гервала-Шварц, а косовската полиција во моментов го обезбедува хотелот во кој престојуваат македонските државјани престојуваат, од каде се очекува да бидат испратени дома.
Се додава дека амбасадата на Македонија во Приштина е во комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи на Косово и во директна комуникација со македонските граѓани.
„Претставниците на амбасадата остануваат во постојана и директна комуникација со нашите граѓани и со косовската полиција до целосно завршување на нивниот трансфер“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија.