Проект за нов цевковод за вода во високата зона во Аеродром


Град Скопје соопшти дека е изработена инвестициско-техничката документација за проектот за нов цевковод за високата зона во Аеродром. Определена е оптимална и изводлива траса за реализација и во проектната документација е предвидена нова магистрална водоводна мрежа со профил од 300 мм, заради обезбедување втор довод на вода за високата зона во Општина Аеродром. Со проектот […]

Емануел и Брижит Макрон летуваат на луксузна јахта, еве што мислат Французите


Французите не можат да се помират со пензиската реформа што ќе ги натера да работат две години подолго, во Нигер, која е француска област на интерес, имаше воен удар и антифранцуското расположение расте, но францускиот претседател Емануел Макрон најде време за активен одмор на сонце со сопругата Брижит, пишува Daily Mail. Тие се фотографирани како […]

Како „Експо 2027“ ќе ја промени Србија: Српскиот „Њу дил“ предвидува нови мостови, нов саем, национален стадион…


  Во наредните четири – пет години, Србија, а особено главниот град Белград го очекуваат големи промени, според најавите кои деновиве на прес конференција ги соопшти претседателот Александар Вучиќ. „Во 2027 година го организираме ЕКСПО, сѐ мора да биде готово до 1 декември 2026 година. Нѐ очекува огромна работа за сѐ да биде во ред. […]

Во Унгарија запленети наркотици во вредност од 1,2 милијарди евра


Будимпешта – Унгарското национално истражно биро (ННИ) во заедничка операција со Даночните и царинските служби (НАВ), заплени дрога вредна 480 милијарди форинти, односно 1,2 милијарди евра, објави денеска унгарската полиција на својата веб-страница. Полицијата заплени 13 тони супстанца за изработка на дрогата МДМА, т.е. екстази, во април во областа Џер-Мошон-Сопрон по дојава од НАВ и уште […]

Алијансата за Албанците уште денеска ќе излезе од Владата ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени


  Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку ВМРО-ДПМНЕ тоа го бара за да гласаат за уставните измени. „Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и гласаат за уставни измени, Алијанса не утре, […]

Апокалипса на Хаваи, пожарот го претвори рајот во Пацификот во пекол


  Неколку илјади жители на Хаваи бегаат од домовите на Мауи додека пожарот во Лахаина го зафати островот, при што загинаа најмалку 36 луѓе и изгореа делови од град стар со векови. Пожарот го изненади островот Мауи, оставајќи зад себе изгорени автомобили на некогаш прометните улици и купишта урнатини во чад каде што стоеја историски […]

Набилдан и подмладен – го препознавате ли новиот Владо Јаневски?


Каде исчезна поп-ѕвездата Владо Јаневски, се прашува македонската јавност? Неговите настапи можат да се избројат на прсти, исто така и концерти. Во 2021 година се врати на поп-сцената со спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“. Ова беше прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако во […]

Автомобил се преврте на Плетвар


Автомобил денес се преврте на планинскиот превој Плетвар, на патот кон Прилеп. Според информациите од МВР, автомобилот го управувала 61-годишна жена која што била пренесена во прилепската болница, а тежината на повредите засега не е официјално потврдена. Несреќата се случила околу 9.30 часот, кај селото Тројаци.

Сценаристите 100 дена штрајкуваат – Холивуд губи секој ден по милион долари


Лос Анџелес – Холивудските сценаристи го одбележуваат 100-от ден од штрајкот којшто „ја уништува индустријата“ како „срам“ за филмските студија, како што наведуваат штрајкувачите, додека двете страни остануваат во ќорсокак. Штрајкот на Здружението на сценаристите во Америка (ВГА) бргу затвори безброј филмски снимања и продукции, чинејќи ја филмската и ТВ-индустријата милиони долари секој ден, но […]

Бразил има 1,7 милиони домородни луѓе, двојно повеќе од претходниот попис


  БЕЛЕМ, Бразил – Малечка жена со бел пердув на главата застана на сцената на величествениот колонијален театар во Бразил во Амазон во понеделникот и се обрати на толпата. Жената, министерката за домородните луѓе Соња Гуажажара, го прогласи денот за „пресвртница на учеството на домородците“, а потоа ги наведе свежо објавените податоци од пописот на […]

Во земјава 27 компании имаат меѓународна ознака за овластен економски оператор


  Во Северна Македонија вкупно 27 компани имаат меѓународна ознака „ОЕО“ (овластен економски оператор) за доверливост и усогласеност со законодавството. Ознаката ја доделуваат царинските органи на бизнис субјекти кои исполнуваат голем број пропишани критериуми и кои, потоа, имајќи го „ОЕО“, на меѓународниот пазар се препознаени како доверливи. Според Секретаријатот на ЦЕФТА, во Србија ознака „ОЕО“ […]

Во пожарите на Хаваи досега загинаа најмалку 36 лица


Најмалку 36 лица загинаа во огромните шумски пожари што ја зафатија областа Мауи на Хаваите, соопштија денеска локалните власти. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем бидејќи некои луѓе одбиле да се евакуираат. „Борбите продолжуваат, а денеска 36 лица загинаа како последица на пожарот во Лахаина. Засега нема други детали“, се […]

„Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори со академик Влада Урошевиќ


„Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог. Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува […]

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година?


Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за […]

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно!


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за […]

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од […]

Нови снимки од хоророт во Атина: Хрватските хулигани како одред на смртта


  Грчките медиуми објавија ново видео од дивеењето на навивачите на загрепски Динамо, кои со помош на малкумина свои „колеги“ од Панатинаикос направија хаос пред стадионот на АЕК, каде беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис. Телевизиската станица Стар објави видео снимка од неколку надзорни камери на кои се гледаат хрватските хулигани непосредно пред нападот. На видеото […]

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување


  Бројот на младите меѓу двата пописи, оној од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест отсто покажаа анализите од  „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои денеска беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за […]

Ким Кардашијан е новото лице на Марк Џејкобс


Ким Кардашијан (42) е новото заштитно лице на новата светска рекламна кампања на Марк Џејкобс за есен 2023 година. Сликите, снимени од фотографот Тајрон Лебон, ги ставаат во центарот на вниманието колекциите на реди – ту- веар облеки и додатоци на брендот за есен 2023 година. Во триото фотографии објавени од Марк Џејкобс, основачката на […]

Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата


„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да […]