Нови снимки од хоророт во Атина: Хрватските хулигани како одред на смртта
Шефовите на полицијата донесле сосем погрешна одлука, пишува „Та неа“. Тие ги пуштиле хулиганите мислејќи дека по долгиот пат ќе одат да спијат во хотел
Грчките медиуми објавија ново видео од дивеењето на навивачите на загрепски Динамо, кои со помош на малкумина свои „колеги“ од Панатинаикос направија хаос пред стадионот на АЕК, каде беше убиен 29-годишниот Михалис Кацурис.
Телевизиската станица Стар објави видео снимка од неколку надзорни камери на кои се гледаат хрватските хулигани непосредно пред нападот. На видеото се гледаат повеќе од 100 напаѓачи вооружени со палки, синџири и метални шипки.
„Повеќе од 100 луѓе, како обучени ‘стормтрупери“, се движат напред за да шират смрт. Сите се облечени во црно. Двајца од нив носат кацига, некои имаат качулки на маиците или носат капи, половина од лицата им се покриени со хируршка маска. Многумина, сепак, имаат целосно непокриени лица и тивко чекорат за да не бидат забележани, додека не стигнат до точка на напад и убивање“, пишува Стар во текстот кој го опишува видеото.
На второто видео се гледа како поминуваат покрај киоск, во третото дел од нив молчат и чекаат сигнал за напад, а ТВ Стар има и видео на кое се гледаат седум полицајци кои само една минута по хулиганите ја минуваат истата рута, имаат камери и снимаат сѐ што се случува.
Последните моменти на Михалис за телевизијата АНТ1 ги опиша неговиот пријател Христос. Своето сведочење го започна со трогателна порака до својот починат пријател:
„Извини брат, не успеав. Тоа сакам да ти кажам“.
Христос бил во друштво на Михалис кога започна нападот на хрватските хулигани.
„Трчавме да се обидеме да избегаме и во еден момент го слушнав гласот на Михалис. ‘Брат ме прободеа, крвавам’“, ми рече.
Двајцата заедно успеале да истрчаат уште 100 метри пред да најдат засолниште пред црква.
„Цело време обилно крвареше, а со нас беше една девојка со која заедно седевме во сепарето. Михалис во еден момент сакаше да легне, но не му дозволивме. Таа девојка цело време се грижеше за него, ја играше улогата на медицинска сестра и правеше сѐ што можеше“.
Во еден момент Христос отишол да бара помош со својот мотор.
„Брза помош немаше иако многу луѓе ја повикаа. Од она што го слушнав полицијата 20-тина минути не дозволуваше ниту брзата помош, ниту пожарникарите да дојдат. Случајно успеав да најдам приватна амбуланта и го молев човекот да дојде на стадионот, дека има многу повредени и дека мојот пријател умира. Така на местото на злосторството пристигнала брзата помош.
Михалис бил жив кога пристигнала брзата помош и му била укажана прва помош, но набрзо им подлегнал на раните.

„Пушти ги… Ќе одат на спиење!“ Ова наводно било наредба до полициските сили за хрватските хулигани кои како јуришен баталјон дојдоа до стадионот на АЕК. Според текст на весникот „Та неа“, високи функционери на полицијата верувале дека хрватските хулигани од екстремната десница ќе одат да спијат кога ќе пристигнат во Атина. Тие беа на пат долг 1.400 километри од Загреб до грчкиот главен град прфеку Црна Гора и Албанија.
Како што пишува весникот, на наплатната рампа кај Атина, централната наредба на полициските сили кои ги имале хулиганите под дискретно набљудување била да ги пуштат да… спијат. Но, како што се покажа во ретроспектива, самата полициска структура позната како ЕЛ.АС била фатена на спиење бидејќи имаше погрешен впечаток хрватските навивачи по долгиот пат ќе отишле во хотел за да преноќат и нема да предизвикуваат инцидент.
Настаните во Атина имаат голем импакт и на политиката, а особено на должноста на полицијата да ги заштити граѓаните од хулигани што доаѓаат од странство. Опозициската Сириза го пренесе трагичниот случај во парламентот. Таа веќе постави прашање во парламентот и продолжува да бара оставка од надлежниот министер за заштита на граѓаните Јанис Оикономос. Во исто време, Сириза става значајна одговорност на самиот премиер, посочувајќи дека тој се обидува да остане „надвор од рамката“ и покрај огромното значење и повеќеслојните прашања што ги покрена влезот на 150 вооружени хрватски неонацисти во земјата, како што пишува онлајн медиумот „Њуз247“.
Сириза вели дека Кирјакос Мицотакис „се покажува инфериорен во однос на околностите. Тој за себе ја избира ‘безбедноста’ на молкот, што му ја сугерираат неговите комуникатори, во време кога цело општество тоне во несигурност. Мицотакис и понатаму е исчезнат. Тој не најде ниту еден збор да каже за шокантните работи тоа се случи“.
Локалниот портал Прототема објави детална приказна за клучните моменти во историјата на навивачите на Динамо.
„Првите корени на навивачкото движење Динамо Загреб можат да се најдат во Југославија по Тито, која во 1990-тите доби силен националистички карактер, земајќи облици на екстремно насилство, што резултираше со забрзан распад на поранешна Југославија. Катализаторот за она што следеше во поранешната социјалистичка федерација беше натпревар на загрепски Максимир, историскиот дом на Динамо. Токму таму, според некои, на 13 мај 1990 година се случила една од првите епизоди на граѓанската војна што следела. Тоа беше местото каде што беше напишан последниот збор од мозаикот на Тито“, започнува авторот кој пишува дека Бојс се основани во 1986 година.
„Шон Пен и неговата изведба во филмот „Bad Boys“ им дадоа идеја за име и идентитет на најконтроверзната навивачка група. Накитени со националистички чувства, членовите на „Bad Blue Boys“ отворено го поддржаа Фрањо Туѓман, тогаш прв претседател на Хрватска, од првите денови на нивната организација“, продолжува да ги опишува настаните од 13 мај 1990 година.
„Во Загреб пристигнаа 3.000 навивачи на Црвена звезда. Мештаните ги пречекаа со националистички песни и пароли, а Србите одговорија со извици „Загреб е српски“ и „Туѓман, ќе те убиеме“. Атмосферата мирисаше на барут, а насилството од стадионот се прелеа на улиците. Играчите излегоа да се загреваат, а потоа останаа шокирани кога видоа што се случува. Дваесетгодишниот капитен Звонимир Бобан нападнал полицаец кој удирал навивач на Динамо и веднаш бил прогласен за народен херој.Триесет и три години по тој натпревар, активностите на БББ го загрижуваат европското фудбалско семејство. Нивната организација е на високо ниво, а членовите не ги кријат своите екстремно десничарски ставови, користејќи ги симболите на усташите, на националистичка армија која беше сојузник на нацистите и фашистите во Втората светска војна“, пишува медиумот.Текстот завршува со зборовите: „Тие беа инспирирани од Анте Павелиќ, главниот нацистички и фашистички соработник и основач на усташите“.
Грчката полиција објави дека на местото на тепачките биле пронајдени крвави делови од облека, празни стаклени шишиња, два ножа со сечила од осум и девет сантиметри, а на еден од нив имало траги од крв. Дополнително, пронајдена е летва низ која биле пробиени шајки за да се користат како оружје. Таа исто така била облеана во крв, како и друго парче дрво кое било пронајдено. Пронајдени се и една железна цевка долга 180 сантиметри и еден камен со траги од крв.
Хрватските медиуми пак објавуваат дека во безредијата биле избодени тројца хрватски хулигани и дека седум од нив имале убодни рани (од кои само еден имал седум), а уште најмалку двајца биле зафатени од оган.Во овој момент, според истиот извор, тие се во станица и не им е укажана соодветна лекарска помош.Ваквите информации, според нив, би укажале на тоа дека грчките навивачи користеле ножеви, но таква информација не може да се најде во ниту еден достапен извештај. Покрај тоа, се тврди дека на притворените им биле ускратени и други основни права – како храна.проблемнемалесамосополицијата туку и со хрватскиот конзулат во Грција бидејќи се обидувале неколку дена да стапат во контакт, а оттаму им ја прекинувале врската. Ниту еден хрватски дипломат наводно не ги посетил изминатите три дена и имаат службен адвокат доделен од Грција, додека на рочиштата биле водени и без адвокат, и без преведувач.
Хулиганите дошле во Грција со 35 автомобили и комбиња поминувајќи низ Црна Гора и Албанија. Пред Атина се разделиле во две групи и побегнале од полицијата. Во 22 часот десет од 35-те возила пристигнале на наплатната рампа и се приклучиле на остатокот од колоната. Потоа ги оставиле возилата и се упатиле кон метро станицата каде ги чекаа неколку навивачи на Панатинаикос. По кратко возење со воз, пеш стигнале до стадионот каде предизвикаа нереди.