Набилдан и подмладен – го препознавате ли новиот Владо Јаневски?


Каде исчезна поп-ѕвездата Владо Јаневски, се прашува македонската јавност?

Неговите настапи можат да се избројат на прсти, исто така и концерти.

Во 2021 година се врати на поп-сцената со спотот за неговата нова песна „Без тебе не ме бива“.

Ова беше прво видео на Владо, со кое го прекина десет месечниот музички пост, откако во 2020 година, во јуни ја промовираше песната „Час те волим, час те мрзим“.

Песната „Без тебе не ме бива“ беше најавена како трет сингл што ќе се најде на новиот албум на Јаневски, а кој ќе излезе како издание на „Кроација рекордс“.

Лани, Јаневски го откажа својот настап на Мировниот фестивал на плоштадот „Скендербег“, посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

 

 

Поп-ѕвездата која внимаваше на својот изглед и на витата става и на 62 години е во топ-форма и не старее. Како и неговите песни кои со текот на годините прераснаа во евергрини. Зар има некој што не ги знае „Црно тиквешко“, „Чаирска романтика“ или пак не се пронашол во оние добропознати стихови „Некогаш и негде…“

Во интервјуто за Независен од 2018 година Владо откри дека  „ и по 25 години кариера, не се чувствува како ѕвезда, не е многу дружељубив, не верува секому, љубовта го интересира само како емотивна категорија. Задоволен е од сопствениот изглед, доволна му е Македонија за самодокажување, сè уште сам си ги пишува песните, прескапо му е времето да го троши во водење евиденција на туѓи кариери. На крајот на денот го интересира колку публика му дошла на концерт и дали си отишла дома задоволна. Вели, музиката му дала убав живот.

„Имам онолку колку што ми треба и неважно е дали тоа некој ќе го нарече малку или многу. Сега ми изгледа дека најбитно е на човека да му е удобно во сопствената кожа, тоа е големо богатство за кое треба да се биде благодарен“, изјави, во интервјуто, Јаневски.  

Неговиот најнов ангажман како бренд амбасадор на автомобил, го откри пејачот со поинаков имиџ- набилдан, со мускули, со освежено лице, и во спортска облека. Ни трага од витиот Јаневски, со елегантен изглед, во костум скроен по мерка. 

Очигледно, Јаневски, врти нова животна страница. Се надеваме, и со нов музички материјал, на која македонската јавност чека подолго време. (Л.С.)