Без вода делови од општина Гази Баба и болницата „Жан Митрев“ во Карпош


Корисниците од улиците „Зеничка“, „Тајмишка“, „Душан Тасковиќ“ и дел од улицата „Коце Металец“ во општина Гази Баба денеска од 9 часот ќе немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција во шахта на улица „Зеничка“ бр.13 и ќе трае до нејзино завршување.  Од 9 часот без вода ќе […]

Сончево со умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степена. UV=7 Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 11 август 2023 година, 223-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 142 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 19 часот и 40 минути. Денов трае 14 часа и 3 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее 35 […]

Овие три хороскопски знаци гледаат само на личниот интерес


Овие знаци се подготвени на сите трикови и лесно да ве искористат само за да ги реализираат своите замисли. Скорпија Овој знак е способен да чува тајни, особено ако тоа е во нивен интерес. А сопствените мисли ги чуваат во сенка, се додека тоа им е корисно. Скорпиите се сметаат за најмистериозен знак, тие прават […]

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер ја погоди источна Турција


Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди источна Турција, јавија светските агенции повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Земјотресот се случил на длабочина од 11 километри, соопшти центарот.

Научниците на Меркур забележале поларна светлина. Меркур нема атмосфера, како е тоа можно?


Сондата BepiColombo, која беше испратена од вселенските агенции ESA и JAXA до најжешките делови на Сончевиот систем, односно кон Меркур, откри дека на планетата најблиску до Сонцето се случуваат необични аурорални процеси и покрај тоа што практично нема атмосфера. Имено, сондата ги измерила брзините на електроните и јоните на Меркур во октомври 2021 година и […]

Тројца од Студеничани побегнале од „Идризово“, па биле фатени – полицијата ги враќа назад в затвор


Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска околу 16.45 часот ги лишиле од слобода И.Ј.(36), Е.Д.(36) и М.Р.(37), сите од скопското село Студеничани. Министерството за внатрешни работи информира дека околу 9 часот денеска тие побегнале од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ каде што биле […]

Скопјанец ја претепал сопругата и нејзиниот син, а потоа бил агресивен и кон полицајците


Денеска во 00.15 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот А.Р. од скопско, затоа што во домот физички ги нападнал неговата брачна партнерка и нејзиниот 18-годишен син, извести МВР. – Потоа тој агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале […]

Царинска управа: Не станува збор за обврзници со истечен рок, туку за обврзници со доспеан рок


  Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок, реагираа попладнево од Царинската управа откако дел од медиумите јавија дека обврниците кои беа најдени деновиве кај турски државјанин при контрола на скопскиот аеродром, биле со „изминат рок“. „Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот […]

По короната Кина ги укина ограничувањата за патување во уште 70 земји


Кина го укина пандемиското ограничување за групни патувања за повеќе земји, вклучително и клучните пазари како САД, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија, што потенцијално ќе биде од полза нивната туристичка индустрија. Таквата одлука ја објави во четвртокот Министерството за култура и туризам, а стапува на сила веднаш. Пред пандемијата кинеските туристи трошеле во странство повеќе […]

Принцот Хари не е повеќе Неговото Кралско Височество


Лондон – На принцот Хари, војводата од Сасекс, му е одземена титулата Неговото Кралско Височество на веб-страницата на британското кралско семејство, три години откако тој се повлече од функцијата член на кралското семејство. Royal.uk сега ги наведува принцот Хари и Меган како војводата од Сасекс и војвотката од Сасекс на нивните страници за биографија, додека […]

Жештините во Ирак покажуваат дека „ерата на глобално затоплување“ започна


Багдад – Екстремните летни жештини и загадувањето на воздухот во јужен Ирак јасно покажуваат дека започна „ерата на глобално затоплување“, изјави шефот на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации, Волкер Турк. Тој ги даде своите коментари на крајот од четиридневната посета на Ирак за време на која се сретна со локалните лидери и […]

Слики од „Виножито од Тиквешко” на Владимир Темков на изложба во Белград


Кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков вечерва ќе го претстави своето ликовно творештво преку изложба на слики во „Продажна галерија” во Белград.   – Се работи за 30 дела од последниот циклус „Тиквешко виножито”, на кои се претставени виното и житото што се раѓаат под тиквешкото сонце, појаснува Темков.  Минатиот август овие дела беа пред љубителите на […]

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово


Како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово, на 12 август сретсело, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид. Истиот ден, со почеток од 18:00 часот […]

Запален танкер со 40.000 тони нафта (видео)


Танкер што плови под знамето на Панама се запали недалеку од брегот на Иран, а членовите на екипажот се спасени. „Иранските власти спасија 22 членови на екипажот откако капетанот на бродот повикал помош“, објави државната телевизија, пренесува Ројтерс. Директорот на пристаништето Асалује, во близина на кое се запали танкерот, објави дека бродот превезувал околу 40.000 […]

Во Хрватска исчезнаа десет ракометари на Бурунди


 Во Риека исчезнаа десет 17-годишни ракометари од Бурунди.  Како што соопштија од ПУ Приморје-Горска, исчезнати се учесниците на светското кадетско првенство во ракомет што ќе се одржи од 2 до 13 август во повеќе градови на Хтвар, меѓу кои и Риека, пренесува Јутарњи лист.  „Според досегашните информации, станува збор за десет млади момчиња родени 2006 […]

Цариниците на пристаништето во Ротердам заплениле рекордни над осум тони кокаин


Граничните службеници на пристаништето во Ротердам заплениле повеќе од осум тони кокаин скриени во контејнер со банани, соопшти денеска холандското обвинителство.  Британските медиуми наведуваат дека ова е најголемата пратка кокаин досега откриена на ова пристаниште. Портпаролот на обвинителството изјави дека дрогата патувала од Еквадор, преку Панамскиот канал, до Ротердам. Пратката била откриена од полициски кучиња […]

Пронајдено машко тело во десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“


Тело на машко лице е пронајдено денеска доцна попладне во десниот магистрален канал од хидросистемот „Брегалница“, на потегот меѓу селата Истибања и Оризари. По добиеното известување, вработените во водостопанската подружница од Кочани го запрea дотокот на вода од браната Калиманци, за да може телото на удавениот да се извлече од каналот. Според сè уште непотврдени […]

И да биле пријавени обврзниците, Царината ќе го проверувала потеклото, намената …


  Царинските службеници секако ќе го проверувала потеклото, намената и веродостојноста на обврзниците кои беа најдени кај турски државјанин, и доколку тој ги пријавел при влезот во земјава на скопскиот аеродром. Од Царинската управа за „Независен“ велат дека и хартиите од вредност подлежат на задолжително пријавување. Тоа се однесува и на македонски граѓани доколку сакаат […]

Харадинај ја обвини Владата на Курти за зачестените убиства во Косово


Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи. […]