ТРИ донира 1000 книги на македонските библиотеки


По повод своето 1 000 издание, одбележувајќи го овој јубилеј, Издавачкиот центар ТРИ, донираше 1 000 наслови на три библиотеки: Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Григор Прличев“ во Охрид и „Гоце Делчев“ во Гевгелија. Оваа донација, информираат од Издавачкиот Центар ТРИ,  ќе ги збогати бибилиотеките со наслови што заслужуваат да бидат […]

Инџиковец си запалил стрниште, инспекторите го повикаа на разговор


Дежурните инспекциски служби на општина Гази Баба влера попладнето продолжија со вонредните еколошки патроли. Вчеравечер е утврдено намерно палење на стрниште во Инџиково кое значително го загадуваше амбиенталниот воздух на овој дел од општината. Утврден е сопственикот на земјиштето и истиот е повикан на разговор во Секторот за инспекциски работи на општина Гази Баба. Апелирам […]

На Деве Баир запленети 300 парчиња филери во вредност од 9.000 евра


На граничниот премин Деве Баир царинските службеници спречија обид за криумчарење на 300 парчиња филери REVOLAX, во вредност од 9.000 евра. -Лицето, инаку косовски државјанин со иницијали А.Г., се обидело да влезе во државата без да ја пријави стоката. На прашањето од царинскиот службеник дали има нешто да пријави истиот одговорил дека нема што да […]

Спасовски: Корупцијата во првите шест месеци од годинава намалена за 22 отсто


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во објава на Фејсбук наведе дека корупцијата во првите шест месеци од годинава е намалена за 22 отсто, во споредба со 2022. Спасовски наведува дека досега имало 47 кривични дела, кривично пријавени 80 сторители и материјална штета над 92,7 милиони денари. -Злоупотребите на службена положба со коруптивни елементи–26, несовесно […]

Најголемиот глечер во Шпанија може да се стопи за десет години


Научниците предупредија дека најголемиот глечер Ането, на Пиринеите во Шпанија, би можел целосно да се стопи во следните десет години поради високите температури. Весникот „Ел Паис“ пишува дека група истражувачи од Пиринејскиот институт за екологија пронашле формации кои содржат саѓи, бактерии и честички од карпите на дното на најголемиот глечер во земјата, Ането. Утврдено е […]

„Кајмак“ на црвениот килим во Сараево, па американска премиера и уште 4 фестивали до септември


Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски продолжува со успешниот фестивалски живот и на 17 август ќе биде прикажан на Сараево филм фестивал, најважниот фестивал во регионот, во програмата „Open Air“. Дел од филмската екипа на „Кајмак“ ќе продефилира на црвениот килим на 29-то издание на фестивалот.   Со првокласна филмска понуда, дури и за најпребирливите […]

,,Љубовната соба“ во официјална селекција на 30. издание на романскиот филмски фестивал Астра


 Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, „Сузи Кју“ продукција и „Аворд филм и видео“ е избран во официјалната селекција на 30-тото издание на филмскиот фестивал Астра, кој ќе се одржи во Романија, во трансилванскиот град Сибиу од 15 до 22 октомври. Филмскиот […]

Бугарски камионџија се обидел да поткупи полицајци во Скопје


Во четвртокот, околу 14 часот во Скопје полициски службеници од ПС Кисела Вода го привеле Б.Е.Г. (60) од Петрич, Република Бугарија поради сторено кривично дело „давање поткуп“ по чл.358 од КЗ. Имено, Б.Е.Г. бил сопрен од полициските службеници откако сторил сообраќаен прекршок односно со товарно моторно возило „ивеко“ поминал на црвено светло на семафор, а […]

ЕУ: Србија би можела да се најде под санкции поради тензиите во Косово


По Косово, Србија би можела да се најде под санкции од Брисел доколку членките на Европската унија оценат дека Белград не прави доволно за да придонесе за деескалација на кризата на северот на Косово, изјавипортпаролот на Европската комисија Петер Стано. На крајот на јуни, Европската унија усвои мерки против Косово затоа што не презема никакви […]

Започнува сослушувањето на уапсените за инцидентите и убиството на навивачот на АЕК


Атина – Објаснувања за кривичните и прекршочните дела за кои се товарат, се очекува да дадат уапсените 105 лица за инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска започнува процесот на сослушувањето на уапсените што ќе трае три дена, со оглед […]

Германија ги стопира проектите во Република Српска


Санкциите за политичките претставници во Република Српска во последните неколку месеци се менуваат како на подвижна лента. Сега е време за конкретни мерки: германската влада суспендираше четири инфраструктурни проекти вредни 105 милиони евра, а причината е сецесионистичката политика на Милорад Додик. „Германската федерална влада одлучи да истечат четири инфраструктурни проекти во Република Српска со вкупна вредност од […]

Полета руското месечево летало „Луна-25“


Москва- Русија денеска го лансираше своето вселенско летало коешто ќе се спушти на Месечината. Ова би било прв руски вселенски брод на нашиот природен сателит по 47 години, во обид да биде и прв што ќе изврши меко слетување на јужниот пол на Месечината, подрачје за коешто се верува дека содржи „џебови“ со воден мраз. […]

Разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли е „конечен“ по 7 години борба ?


Лос Анџелес– Во средината на јули, откако ја прекина продукцијата на неговиот филм за Формула 1, Апекс, во Будимпешта, Унгарија, во знак на поддршка на штрајкот на актерите, Бред Пит се качи на приватен авион со својата девојка Инес де Рамон, помлада една година. Дестинација? Неговиот сакан имот од 990 хектари, Шато Миравал на југот […]

Германија ќе ја има втората по големина хеликоптерска флота во НАТО


Берлин – Командантот на германските воздухопловни сили Инго Герхартс денеска изјави дека земјата ќе ја има втората по големина хеликоптерска флота во НАТО, откако најави купување на 60 американски хеликоптери „Чинук“. „Ќе ја имаме втората најголема флота на хеликоптери во НАТО, по САД“, изјави Герхартс. Тој додаде дека речиси 50 хеликоптери Чинук ќе бидат стационирани […]

Хакери со години шпионирале странски дипломати во Белорусија


Минск – Група хакери со години шпионирале вработени во амбасадите на четири земји во Белорусија, вклучително и за време на војната во Украина, објавија истражувачите од словачката компанија за кибер безбедност ESET. Цел на нападот биле околу 15 уреди во сопственост на дипломати од две земји во Европа, една од Јужна Азија и една од Африка, […]

Силен земјотрес регистриран во Јапонија


Токио – Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на северниот дел на Јапонија, а соодветните служби јавија дека нема опасност од цунами. Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан помеѓу островот Хокаидо и северниот дел на островот Хоншу. Регистриран е на длабочина од 46 километри под […]

Кинеските туристи повторно можат организирано да патуваат во Македонија


Кина ја вклучи Северна Македонија во групата земји во кои можат да патуваат организирани кинески туристички групи. Кинеското Министерство за култура и туризам соопшти дека се укинуваат ограничувањата за организирани туристички патувања, воведени за време на пандемијата Ковид-19, за уште 78 земји. Покрај Северна Македонија, туристите од Кина ќе можат организирано да патуваат и во […]

Лани имаше најмногу самоубиства во САД од Втората светска војна


Њујорк –  Околу 49.500 луѓе си го одзеле животот минатата година во САД, што е најголем број самоубиства за една година во таа земја од почетокот на Втората светска војна, соопти американскиот Центар за контрола и превенција на болести. Експертите предупредуваат дека самоубиството е комплициран феномен и дека неодамнешните зголемувања би можеле да бидат поттикнати […]

Американскиот обвинител предложи на Трамп да му се суди во јануари 2024 година


Вашингтон –  Специјалниот обвинител Џек Смит синоќа предложи судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за наводен обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година да почне во јануари 2024 година. Судијката Танја Чуткан, која ќе претседава со сослушувањето во федералниот суд во Вашингтон, рече дека датумот на судење ќе биде одреден на […]

Речиси 1.000 украински маринци го завршуваат курсот за обука во Британија


Лондон – Речиси 1.000 украински маринци наскоро ќе се вратат дома по шестмесечен период на обука со британските сили, јави ДПА. Плановите за обука на маринците беа објавени во февруари за време на посета на Лондон на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Оттогаш, околу 900 украински маринци го завршија курсот, на кој британски командоси тренираат им држеа […]