Царинска управа: Не станува збор за обврзници со истечен рок, туку за обврзници со доспеан рок


 

Станува збор за обврзници со доспеан, а не со истечен рок, реагираа попладнево од Царинската управа откако дел од медиумите јавија дека обврниците кои беа најдени деновиве кај турски државјанин при контрола на скопскиот аеродром, биле со „изминат рок“.

„Обврзниците имаат датум на доспевање, што значи дека истите може да се ефектуираат по истекот на тој датум“, појаснуваат од Царината.

„Дополнително сакаме да ја информираме јавноста дека патникот кај кого се пронајдени обврзниците пред судот ја призна вината, по што е донесена пресуда од страна на судот со која обврзниците се одземени. Во исказот пред судот патникот изјавил дека имал намера да ги ефектуира обврзниците во странска земја“, се вели во ракцијата.

Од Царинската управа апелираат до медиумите и до јавноста да се држат до точни и проверени информации, затоа што сите шпекулации може да и наштетат на понатамошната истрага.

„Финансиската истрага продолжува во соработка со сите релевантни тела и институции на национално и меѓународно ниво, со цел докажување на евентуален обид за измама или спречување на перење на пари. Истрагата ќе покаже која е реалната вредност на обврзниците и која е крајната намена на истите“, се вели во реакцијата, впо која се додава дека  согласно Законот за Царинска управа една од надлежностите на Царинската управа е и вршење на контрола на физички преносливи средства за плаќање – обврзници преку царинската линија на Република Северна Македонија.

 

 

 

Со почит,

 

Катерина Донеска | Katerina Doneska