Остра реакција на Пендаровски: Иконографијата во Тетово разгорува етничка омраза


  Претседателот Стево пендаровски се надоврза на редицата осуди што стигнаа по собирот во тетово во чест на косовскиот премиер Албин Курти, каде што беше истакнато знаме на Голема Албанија. Пендаровски вели дека со „националистичката иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост“ и тоа во деновите кога се одбележува […]

Пред една година смртта на една жена во Иран предизвика протести против шамиите. Ново бојно поле сега е бизнисот


  ТЕХЕРАН – Со месеци, иранските власти прават малку за да го спроведат законот за жените да ја покриваат косата, но сега теократијата на земјата се залага да ги направи бизнисите ново бојно поле за задолжителната шамија. Обидот доаѓа пред првата годишнина од националните протести што избија по смртта на Махса Амини на 16 септември […]

Уште 40 лица обвинети за хулиганскиот поход на навивачите на Динамо


  Грчките обвинители обвинија уште 40 лица во врска со фаталното прободување со нож на фудбалски навивач во Атина пред натпреварот во Лигата на шампионите, соопштија официјални лица. На сите 40 им беше одреден притвор во саботата, со што досегашниот број се искачи на 70. Овие нови обвиненија се надополнуваат на 30-те поднесени во петокот, […]

Пред 22 години беше потпишан Охридскиот договор, тој ја промени Македонија


  Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по втор пат ја организира Школата за млади лидери […]

Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 34 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повремено во јужните делови ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне […]

Астрономски календар


Денеска е недела, 13 август 2023 година, 225-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 140 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 19 часот и 38 минути. Денов трае 13 часа и 58 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина ќе изгрее во […]

Петковиќ: Пораките на Курти, Скопје да се приближи на Косово се безобразлук


Србија денес преку директорот на Кацеларијата за Косово и Метохија реагираше на изјавите на косовскиот премиер Албин Курти дадени во Тетово, „Скопје да се приближи кон Косово, Албанија и Бугарија, и да се оддалечи од Србија“, оценувајќи ги како „безобразлук и повеќекратен нонсенс“, бидејќи таквите изјави ги дал кога „отворено се ангажира на дестабилизација на […]

Три навики кои ќе ве направат богати


Заработете, штедете, инвестирајте. Ако сакате да се збогатите, мора секогаш да ги имате на ум овие три работи. И по тој редослед. Во неодамнешниот разговор со клиентите на JPMorgan (JPMorgan), извршниот директор Џејми Димон зборуваше за успешно стекнување богатство. „Инвестициите треба да бидат трајна работа. Заштедете – инвестирајте. Заштедете – инвестирајте. Да се ​​погоди кој […]

Во Хрватска уапсен 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани


Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска. Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од […]

СВР Тетово ќе бара кој го вееше знамето на „Голема Албанија“


Тетовската полиција најави дека ќе бара кој го вееше знамето со картата на тн. Голема Албанија вчера на концертот во Тетово организиран за пречек на косовскиот премиер Албин Курти. Оваа фотографија е поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук. На настанот беа и Иџет Меџити и Африм Гаши. […]

Пропаѓа уште еден гигант за недвижности?


Акциите на „Кантри гарден“ (Country Garden), последниот голем кинески гигант за недвижности што го избегне банкрот, паднаа, предизвикувајќи паника на пазарот и лути коментари на социјалните мрежи, пишува Њујорк Тајмс. „Кантри гарден“ се сметаше за златен стандард на се понестабилниот кинески пазар на недвижности, а сега инвеститорите го сметаат за темпирана бомба. Таа компанија со […]

Се урна зграда во Истанбул, едно лице затрупано под урнатините


Историска зграда денеска се урна во истанбулскиот кварт Бешикташ. Под урнатините на зградата има затрупано лице, објавија очевидци цитирани од турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Трикатницата се урна при реставрација. Инцидентот се случил околу 15 часот и 30 минути. При уривањето биле затрупани две лица. Едно лице е извлечено од под урнатините од луѓето од околината, […]

Нови жртви од поплави и лизгање на земјиштето во Кина, десетици илјади луѓе евакуирани


Најмалку две лица загинаа, а десетици илјади луѓе се евакуирани од своите домови во југозападна Кина по обилните врнежи од дожд и лизгање на земјиштето, јавија денеска кинеските медиуми. Најмалку 16 лица исчезнаа во лизгање на земјиштето во западниот дел на земјата. Секоја година делови од Кина се погодени од поројни дождови и поплави, но […]

Кабинетот на Ковачевски го осуди веењето знамиња на Голема Албанија


Кабинетот на премиерот Ковачевски посочува дека посетата на премиерот на Косово, Албин Курти е приватна посета, и за деталите од поканата, протоколот и организација на посочениот настан упати кај организаторот. Ова го изјавија од кабинетот на Ковачевски на барање за коментар за веењето знамиња од Голема Албанија во Тетово во текот на посетата на косовскиот […]

Во Велестово откриена скулптура „Раката на поетот“ од Никола Пијанманов


Во питоресткното, надезерско, село Велестово, денеска, во пресрет на триесет и петтото издание на „Поетска ноќ во Велестово“, на сретселото кај кладенецот, беше откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов. Пред присутните на настанот, мештани на селото, поети, ликовни уметници и бројни љубители на поетската реч, говореше заменик градоначалникот на општина Охрид, Перчо […]

Заканата за бомба на Ајфеловата кула била лажна


Околу два часа откако властите ја евакуираа Ајфеловата кула поради закана за бомба, на посетителите им беше дозволено да се вратат, објавија странските агенции, повикувајќи се на извор од француската полиција. „Тоа беше лажна тревога, луѓето можат да се вратат внатре“, посочија од полицијата. Кулата покрај реката Сена ја посетуваат околу 7 милиони луѓе секоја […]

Илон Маск вели дека борбата против Цукерберг ќе се одржи во Италија


Сопственикот на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека потврдил „епска локација“ за меч во кафез со мешани боречки вештини со основачот на „Мета“, Марк Цукерберг. Сите приходи ќе бидат донирани во добротворни цели. Илон Маск во петокот рече дека разговарал со италијанскиот министер за култура Џенаро Санџулијано за борбата во кафез со конкурентскиот технолошки милијардер Марк […]

Познати двојките за полуфиналето на женскиот Мундијал


Женската фудбалска репрезентација на Англија им се приклучи на кодомаќинот Австралија, како и на Шпанија и Шведска во полуфиналето на Светското првенство, откако попладнево во четвртфиналето во Сиднеј ја совлада Колумбија со 2-1. На Олимпискиот стадион пред речиси 76.000 гледачи, Колумбија поведе во 44 минута преку Лејси Сантос, а актуелниот европски првак го израмни резултатот […]

Полската граница со Белорусија ќе ја обезбедуваат вкупно 15.000 лица


Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска во градот Јариловка на истокот на Полска изјави дека на границата со Белорусија започнува формирање на специјална воена група РЕНГАВ, во која војниците префрлени од западните и централните региони на земјата ќе поминат обука и ќе служат како резерва во случај на ескалација на кризата. „Нема сомнеж дека […]

Ајфеловата кула евакуирана по закана за бомба


Ајфеловата кула и околните области на француската престолнина денеска се евакуирани по закана за бомба, објави весникот „Паризиен“, повикувајќи се на полициски извор. На местото на настанот се испратени експерти за деактивирање бомби, додава „Паризиен“.