УС Опен: Циципас сензационално елиминиран, Ѓоковиќ без проблеми со Миралес


Њујорк- Новак Ѓоковиќ, синоќа, без многу мака се пласираше во третото коло од УС Опен и со 3-0 славеше над Шпанецот Запата Миралес, по сетови 6-4, 6-1, 6-1. Српскиот ас важеше за огромен фаворит и комплетно ја оправда улогата, убедливо надигрувајќи го својот противник. Миралес прикажа нешто подобра игра во првиот сет, но потоа сѐ […]

Нигер и Украина главни теми на неформалниот состанок на ЕУ во Толедо


Брисел – Ситуацијата во регионот на Сахел, пред се во Нигер, како и руската агресија врз Украина и мировната иницијатива предложена од Киев, ќе бидат главни теми на денешниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Толедо. Домаќин на состанокот, со кој ќе претседава […]

Пратениците се враќаат на работа


Пратениците денеска продолжуваат со работа. Нивниот одмор кој официјално почна после Илинден беше ставен „на пауза“ само еден ден и тоа на 18 август за седницата за потребите за уставни измени. Претседателот на Собранието Талат Џафери по оваа седница која заврши за неколку часа, продолжи да оди во својата кацеларија и да ги извршува обврските.  […]

Без струја делови од Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради технички зафати денеска без електрична енергија ќе останат објектите во околината на Фабриката Комуна во Општина Гази Баба, корисниците од дел од ТЦ Лептокарија, поточно локалите во околината на продажниот салон на Македонски Телеком во Општина Карпош и […]

Сончево со умерена облачност, со услови за слаб дожд


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Во крајните западни и источни делови од земјава ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 31 август 2023 година, 243-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 122 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 58 минути, а ќе зајде во 19 часот и 10 минути. Денов трае 13 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее […]

Македонските одбојкари победнички го отворија Европското првенство во Скопје


Македонската одбојкарска репрезентација со победа стартуваше на Европското првенство, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Данска со 3-1 (22-25, 25-22, 25-19, 25-22) во рамки на 1. коло од групата Ц која се игра во Скопје. До својата стартна победа на третиот настап на европските првенства македонските одбојкари дојдоа со пресврт во исцрпувачки и […]

Четири негативни ефекти од секојдневното консумирање брза храна


Се чини дека брзата храна е на секој агол, а многу луѓе ги сакаат брзите, лесни и често евтинит и достапни избори. Сепак, редовното консумирање висококалорична брза храна сепак не изгледа како најздравиот избор. Подолу се дадени некои несакани ефекти од редовното консумирање брза храна. Ова не значи дека изборот на брза храна повремено и […]

Гореше мотоцикл во Скопје – оштетен и дел од зграда


Денеска (30.08.2023) во 05.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Мице Козар“ во Скопје бил опожарен мотоцикл, сопственост на В.К. од Скопје. – Од пожарот биле оштетени фасадата и надворешни ролетни од неколку стана во зградата пред која бил паркиран мотоциклот, информира МВР. Пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат […]

Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги прими учениците кои на 55. Меѓународна олимпијада по хемија освоија бронзени медали. -Браво Филип Бојаџиновски, Марио Ванчоски и Петар Мирчевски што ги донесовте освоените  бронзени медали во нашата земја. Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја […]

Битиќи со дипломатски гроздобер го означи почетокот на овогодишната берба на грозје


На еден од најпознатите вински тероари Лепово, Кавадарци, винарската визба Тиквеш со дипломатски гроздобер го означи почетокот на овогодишната берба на грозје, објави Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, на неговиот Фејсбук профил. – Ги исековме првите гроздови кои се плод на напорна и посветена работа, на квалитетниот […]

Маричиќ: ЕУ е економско чудо кое ни отвора можности и ги задржува младите во државата


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „ЕУ за македонската економија“, направи споредба на економиите на дравите пред нивното пристапување во ЕУ и откако станале држави членки, велејќи дека Европската Унија покрај тоа што е мировен и политички проект, таа е и економско чудо. – Економските показатели на Хрватска покажаа дека изминатата година по […]

Претседателот на Чиле покренува прва национална потрага по исчезнатите жртви на диктатурата на Пиноче


Претседателот на Чиле, Габриел Бориќ, во пресрет на педесетгодишнината од воениот удар во таа јужноамериканска земја, почнува национален план за потрага по повеќе од 1.100 лица исчезнати за време на диктатурата на генералот Аугусто Пиноче, пишува Њујорк Тајмс. Според податоците што ги објави американскиот весник, во текот на 17-годишното владеење на Пиноче (1973-1990) исчезнале 1.469 […]

Политичари што ја блокираат државата давале концесии преку кои добиле акции во странски компании


Министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање вечерва на трибината со која од Скопје почна кампањата „Ние сме Европа“, изјави дека има „политичари кои сакаат да ја блокираат државата“ кои, како што рече, „давале концесии преку кои добиле акции во странски компании“. -А тие компании каде што тие се акционери денес се сведоци против […]

Интерпол со децении се обидува да дознае кои се овие 22 убиени жени – стигнуваат нови информации


Која е жената чие што тело го пронајде мотоциклист во шума во близина на Хаген во јуни 1997 година – силувана, задавена, а потоа полиена со бензин и запалена? Која е жената чии останки беа пронајдени во мочуриште во близина на Келн во октомври 2001 година и која лежеше мртва толку долго што беше пронајден […]

СП во кошарка: Најубедлива победа на Американците


Манила– Американските кошаркари попладнево во рамки на 3. коло во групата Ц го совладаа Јордан со 110-62 и со тоа ја забележаа својата досега најубедлива победа на Светското првенство кое се одржува на азискиот континент. Избраниците на Стив Кер до триумфот од 48 поени разлика ги предводеше Ентони Едвардс со 22 кошеви и осум скокови. […]

Ковачевски: Земјите што ќе бидат побрзи со реформите, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вечерва изјави дека претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на два пати повторил дека има кокретна одредница за проширувањето на ЕУ – 2030 година, како и дека оние кои се побрзи во своите реформи, први ќе влезат во 2030 година во Европската унија.  -Сакам на почетокот да расчистиме три дилеми: […]

Истражување: Поради ниската финансиска писменост, домаќинствата губат од 1.750 до 4.740 евра


Ниското ниво на финансиска писменост може годишно да чини едно просечно домаќинство помеѓу 1.750 евра во Шпанија и 4.740 евра во САД, според Алијанц, чие истражување спроведено во седум земји покажа дека повеќе од четвртина од испитаниците имаат ниско ниво на писменост. Како дел од истражувањето за финансиска писменост, на повеќе од 1.000 луѓе од […]

ЕУ ќе воведе санкции за пучистите во Нигер


Мадрид– Европска Унија работи на подготовките за воведување санкции против членовите на хунтата, која минатиот месец ја презеде власта во Нигер, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел. – Кога ќе се одлучува за санкциите, ЕУ ќе се обиде да ги преслика мерките преземени од Економска организација на западноафриканските […]

Во петок голем хепенинг во Гази Баба по повод стартот на учебната година


Под мотото „Среќно ученици” за прв пат оваа година, општина Гази Баба организира голем забавен хепенинг за сите дечиња по повод почетокот на учебната година. Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски за детската забава ќе се погрижат: Светот на Биби, учесниците на Детскиот фестивал Поточиња, пантомимичари и забавни ликови од омилените детски цртани филмови. Забавата […]